Бела Црква (Ношпал)
Бела Црква — археолошко наоѓалиште во битолското село Ношпал. Претставува базилика и некропола од старохристијанско време. Се наоѓа на северната периферија на селото, кога во 1984 година врз стари темели е изградена црква („Св. Петка“). Притоа се најдени делови од мермерни столбови и други мермерни парчиња. Според кажувањето на жител од ова село, при обработувањето на земјата, северозападно од црквата, открил два гроба градени од камени плочи - тип циста, во кои имало стаклени сатчиња. Од ова наоѓалиште потекнува дел од сива плоча со старогрчки натпис ставен пред влезот во куќата на семејството Бошевски.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Тумба — населба од неолитско и римско време;
- Гајтаница — населба од неолитско и доцноантичко време;
- Св. Никола — осамен наод од римско време;
- Горни Ливади — населба од доцноантичко време;
- Ношпал;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од старохристијанско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на базилика
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Ношпал
- Археолошки наоѓалишта во Општина Могила
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Битолско