Сред Село (Могила)
археолошко наоѓалиште | |
Местоположба | 41°6′29″N 21°22′42″E / 41.10806° СГШ; 21.37833° ИГДКоординати: 41°6′29″N 21°22′42″E / 41.10806° СГШ; 21.37833° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Име | Сред Село |
Место | Могила |
Општина | Могила |
Тип | |
Период | неолитско време |
Портал „Археологија“ • Проект „Археомак“ |
Сред Село или Тумба I е археолошки локалитет во битолското село Могила. Локалитетот претставува населба од неолитско време. Се наоѓа во централниот дел на селото, на местото на кое се наоѓаат задружниот дом, амбулантата и старото училиште. Со изградбата на овие објекти тумбата е зарамнета и речиси целосно уништена. Во 1975 година, непосредно пред поставувањето на темелите за амбулантата е извршено сондажно копање при што е констатирано дека во длабо¬чина до 1,50 m културниот слој е нарушен со вкопување на гробови од средновековна некропола, како и со копањето на јами во кои се најдени керамички садoви од времето на Словените. Дебелината на културниот слој, од сегашната површина до здравицата, изнесува 6 m и во него се издвојуваат два културни стратума со множество керамички садови, култни предмети и орудија од кремен, камен и коска, кои временски му припаѓаат на постариот неолит во Пелагонија, односно на велушко-породинската културна група.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Рековчанска Тумба - населба од неолитско време;
- Тумба Трнска - населба од неолитско време;
- Роњевска Тумба - населба од неолитско време;
- Тумба во Ливаѓето - населба од неолитско време;
- Селска Црква - населба од неолитско време;
- Школска Тумба - населба од неолитско време;
- Шемоска Тумба - населба од неолитско и бронзено време;
- Могила;
- Список на археолошки локалитети во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() |
Оваа статија за поврзана со македонската археологија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |