Прејди на содржината

Школска Тумба (Могила)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Школска Тумба“

Карта

Местоположба 41°6′29″N 21°22′42″E / 41.10806°N 21.37833°E / 41.10806; 21.37833
Основни податоци
МестоМогила
ОпштинаМогила
Тип

 населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Школска Тумба или Тумба II — археолошко наоѓалиште во битолското село Могила. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа во селото, на растојание од околу 120 м од наоѓалиштето Тумба I (Сред Село). Има пречник во основата од 180 м и височина од 2 м. На неа се подигнати неколку селски куќи, а и осумгодишното училиште, со што се направени големи оштетувања, особено на горните слоеви кои се наполно уништени. Во 1977 година е извршено сондажно ископување во дворот на месен жител, при што е пронајден културен слој дебел 6,90 м, исполнет со множество керамички садови и друг археолошки материјал од времето на постариот неолит (велушко-породинска група). Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069