Ќерамидница (Лознани)
Ќерамидница — археолошко наоѓалиште во битолското село Лознани. Наоѓалиштето поради неистраженоста не е датирано и се претпоставува дека е населба. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека источно од селото, сега под ниви, мештаните наоѓале керамички садови и големи грамади од камен. Според кажувањата на некои, некој мештанин направил куќа од мноштвото на градежен материјал што бил забележлив таму.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Мучеинци — црква од непознат период;
- Лознани;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофски проучавања, Београд 1998
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |