Прејди на содржината

Периодизација

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Непознат период)
Петрарка од Баргила

Периодизација е обид да категоризира и подели времето на именувани делови. Резултатот е описна апстракција што овозможува успешно работење со одредени временски периоди со релативно стабилни одлики. Сепак, одредувањето на точниот почеток и крај на еден "период" е само тема за дебата.

Основни одлики

[уреди | уреди извор]

Повеќето дисциплини што се обидуваат да дискутираат со некаков успех за минатото, ја сметаат за полесна поделбата на тоа што се случило и да им даваат имиња на тие делови. Периодизацијата кај науките ги вклучува геолошките периоди Креда и Јура, а пак примери од човечката историја ги вклучуваат династијата Џоу, барокот и Харлемската ренесанса.

До оној степен кога историјата станува континуирана и невозможно да се генерализира, сите системи на периодизација стануваат помалку или повеќе произволни. Сепак, без именување на периодите, колку и да е несмасно и непрецизно, минатото не би било ништо друго освен расштркани настани без некоја рамка што ќе ни помогне да ги разбереме. Нации, култури, фамилии па и индивидуалци, секој со својата историја, постојано се зафатени со наметнување, преклопување и често несистематизирање на шеми за временска периодизација; ознаките за периодизација постојано се оспоруваат и редефинираат. Еден историчар може да напише нова историја на ренесансата во Европа; а друг може да тврди дека воопшто не постои Европска ренесанса.

Употреба

[уреди | уреди извор]

Не само што е неизбежно преклопувањето на периодизираните блокови, туку и често има конфликт и контрадикторност меѓу нив. Некои имаат културолошки употреби ("Позлатената ера"), други пак покажуваат на важни историски настани (,,Периодот меѓу двете Светски војни 1918 – 1939”), други пак се дефинирани со децималните системи на броење ("1960те", "17 век"). Други периоди се именувани влијателни и талисмански индивидуалци ("Викторијанската ера", "Едвардовската ера", "Ерата на Наполеон").

Некои од овие употреби се географски. Ова важи за ознаките добиени од индивидуалци и владеачки класи како Џексоновата ера во Америка, периодот Мејџи во Јапонија, или Периодот на Меровинзите во Франција. Културолошките термини имаат ограничен опсег. Така, концептот "Романтичен период" може да нема никакво значење надвор од Европа или во култури под влијание на Европа. Исто така, "1960те", иако технички важат насекаде во светот според сметањето на Нашата Ера, има специфични културни конотации во различни земји. Поради оваа причина може да се рече дека "Во Шпанија не се случиле 1960те". Ова значи дека сексуалната револуција, контракултурата, бунтот на младите и многу други работи никогаш не се развиле во Шпанија зашто таа деценија поради конзервативната римокатоличка култура и авторитативниот режим на Франциско Франко. Исто така може да се тврди, дека "1960те" започнале во доцните 1950-ти и завршиле во раните 1970-ти, како што тврди Артур Марвик. Неговата причина да го каже ова е дека културните и економските услови што го дефинираат значењето на периодот покриваат повеќе од случајниот факт на 10 годишниот блок што започнува со бројот 6. Продолжената употреба го дала терминот "долгите во 1960-ти". Употребата произлегува од другите историчари што ја користеле ознаката "долгиот 19 век" (1789 – 1914) да ја помират произволната децимална хронологија со значајните културни и социјални фази. Слично на тоа, 18 век може да се може да трае од 1714 – 1789. Ерик Хобсбаум тврдел дека тоа што тој го нарекува "краткиот дваесетти век", го опфаќа периодот од Првата светска војна до крајот на Студената војна.

Слични проблеми ги погодуваат другите ознаки. Дали е можно да се употребува терминот "Викторијански" надвор од Британија? Понекогаш се користи кога се смета дека неговите конотации успешно ги опишуваат политиката, културните и економските услови карактеристични за последните две третини од 19 век. Сепак, термините за периодизација често имаат негативни или позитивни конотации кои влијаат на нивната употреба. Ова го вклучува и Викторијански, кој често негативно укажува на сексуалната репресија и конфликтот меѓу класите. Други ознаки како ренесанса имаат силно позитивни одлики. Како резултат на тоа, значењето на овие термини се проширувало. Така, Англиската ренесанса е речиси со идентично значење како и Елизабетанскиот Период. Сепак, каролиншката ренесанса се смета дека се појавила во времето на владеењето на кралот на Франките, Карло Велики. Тоа е период од 700 години меѓу двете ренесанси. Други примери се Американската ренесанса во 1820те – 60те, однесувајќи се главно на литературата, а Харлемската ренесанса од 1920те, однесувајќи се на музиката и визуелните уметности.

Поради овие позитивни и негативни конотации, некои периоди се посреќни од другите во однос на нивните имиња, иако ова може да доведе до проблеми како оние дадени погоре. Концепцијата на преродбата на класичното латинско учење за првпат се припишува на италијанскиот поет Франческо Петрарка, таткото на Хуманизмот, термин кој не бил создаден сè до 19 век, но концептот преродба често се користел од времето на Петрарка. Доминантната употреба на зборот ренесанса се однесува на културните промени што се случиле во Италија и што кулминирале со Развиената ренесанса, околу 1500 година. Концептот главно важи за визуелните уметности, однесувајќи се на делата на Микеланџело, Рафаело и Леонардо да Винчи. Тоа исто така се употребувало и за другите уметности, но спорно е мислењето дека се употребувало за опис на фаза во економската, социјалната и политичката историја. Повеќето историчари (дефинирани како членови кои си го плаќаат членството во организациите посветени на пропагирањето на историјата во повисокото образование како Американската Асоцијација за историја (American History Association)) сега гледаат на историските периоди општо познати како ренесанса и Реформација како "Раниот Нов Век". Има постепена промена во курсевите кои се изучуваат и во книгите кои се објавуваат да се совпаѓаат со промената во периодот на именување, кој пак ги одразува разликите меѓу социјалната историја и културната историја. Новата номенклатура предложува пошироко географско покритие и зголемување на вниманието кон односите меѓу Европа и останатиот свет. Временската рамка исто така е различна, зашто ,, ренесансата” има тенденција да се однесува на настаните од општо поран период отколку на "Раниот Нов Век".

Поважни периоди

[уреди | уреди извор]

Терминот Среден век исто така бил од Петрарка. Тој го споредувал својот период со Антиката и Класиката, гледајќи го неговото време како време на преродба по мрачниот среден период, средниот век. Идејата дека средниот век бил "средната" фаза помеѓу два големи периодизирани концепти, Антика и Нов Век сè уште постои. Тој може да се подели на ран, развиен и доцен среден век. Терминот "Мрачно доба" повеќе не е во употреба, поради неговата потешкотија да се користи неутрално, иако некои писатели се обиделе да го задржат и да го ослободат од негативните конотации. Терминот "Среден век" и придавката средновековен исто така имаат негативно значење во секојдневната употреба ("варварското однесување кон затворениците во тој и тој затвор го прави да изгледа средновековно"), но ова не се пренесува во академската терминологија. Сепак, други термини, како готска архитектура, се користел за еден стил типичен за развиениот среден век и воглавно ги изгубил првичните негативни конотации, добивајќи нови значења со текот на времето (види Готска архитектура и Готска поткултура).

Готиката и барокот ги добиле своите имиња во подоцнежните периоди кога претходниот стил бил непопуларен. Зборот "Готски" бил користен како пејоратив за сите нешта од северна Европа и со тоа, варварски, најпрво од Џорџо Вазари. Васари исто така се смета дека прв го употребил терминот "Ренесанса" (rinascita), период во кој тој бил историчар на уметноста, глумец и архитект. Џорџо Васари го создал терминот "Готски" во обид да ја опише, воглавно архитектурата што ја сметал за непристојна, велејќи дека "изгледа како да ја изградиле Готите". Поимот барок (најверојатно) првпат бил употребен во 18 век за да ја опише неправилната форма на природниот бисер и подоцна за стилот во архитектурата гледан како "неправилен" во споредба со правилната неокласицистичка архитектура од тоа време. Потоа овие термини станале чисто за опишување и воглавно ги изгубиле негативните конотации. Сепак, терминот "Барок" во уметноста (сликање) (на пример Петер Пол Рубенс) се однесува период во историјата кој се случил порано од оној во музиката (Георг Фридрих Хендл, Јохан Себастијан Бах). Ова ја одразува разликата помеѓу стилистичката историја во рамките на уметноста и надворешната хронолошка историја.

Во многу случаи луѓето што живееле во еден период не можеле да се идентификуваат себеси како припадници на период во кој биле сместени подоцна од историчарите. Ова е делумно поради неможноста да се предвиде иднината и така тие не можеле да кажат дали се наоѓаат на почетокот, средината или крајот на еден период. Друга причина може да биде и нивното чувство во историскиот развој што може да се утврди со религиите и идеологиите што се разликуваат од оние користени од подоцнежните историчари.

Важно е да се препознае разликата помеѓу самостојно дефинираните историски периоди и оние кои биле дефинирани подоцна од историчарите. На почетокот на 20 век постоело општо верување дека културата, политиката и историјата влегуваат во нова ера – дека новиот век би бил нова ера на човековото искуство. Ова верување било повторено на почетокот на 21 век, иако тоа било на сосема различен начин. Други културни и историски фази подоцна биле објаснувани со години, па дури и векови.

Потекло на периодизацијата

[уреди | уреди извор]

Потеклото на периодизацијата е многу старо и за првпат станало дел од западната традиција со старогрчките митови и Библијата. Вергилиј раскажувал за едно старо Златно доба и повратните циклуси во историјата. Библијата раскажува за историјата од Создавањето од Крајот на времето. Една библиска шема за периодизација често користена во средниот век била теолошката поделба на историјата на три периоди од страна на Свети Павле: првиот период пред ерата на Мојсеј (природа); втор период Мозаички закон (закон); и третиот во ерата на Христа (благодети). Но можеби најчесто дискутираната шема за периодизација во средниот век била Шесте периоди на светот, каде секој период траел 1000 години броејќи од Адам до сегашноста, а сегашноста (во Среднио век) била шестиот и последен период.

Периодизација на потеклото

[уреди | уреди извор]

Лесно е да дојде до забуна меѓу потеклото на периодизацијата и периодизацијата на потеклото. Периодизацијата на потеклото е обид да се подредат временските периоди во далечното минато за кои нема директна евиденција. Како што е нагласено погоре, секоја периодизација е предмет на квалификации и препирки што не треба да се земат здраво за готово. Периодизацијата на потеклото има свои предизвици освен, на пример тоа што периодизациите можат да се потпрат на текст, кои се суптилни и филозофско сложени.

Една тактика за периодизација која се користела порано, e како и во антропологијата, да се потпри на настани, како измислувањето на некоја алатка или потеклото на јазикот, за кои се знае дека постојат, но се знае многу малку во детали.

Дополнително

[уреди | уреди извор]
  • Lawrence Besserman, ed., The Challenge of Periodization: Old Paradigms and New Perspectives, 1996, ISBN 0-8153-2103-1. See Chapter 1 for an overview of the postmodernist position on Periodization.
  • Bentley, J. H. 1996. Cross-Cultural Interaction and Periodization in World History. American Historical Review (June): 749–770.
  • Grinin, L. 2007. Periodization of History: A theoretic-mathematical analysis. In: History & Mathematics. Moscow: KomKniga/URSS. P.10–38. ISBN 9785484010011.