Вергилиј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Публиј Вергилиј Марон
Publius Vergilius Maro1.jpg
Биста на Вергилиј, од влезот во неговиот гроб во Непал, Италија.
Занимање Поет
Националност Римјанец
Жанр Епска поезија, дидактичка поезија, пасторална поезија
Книжевно движење Августовско поетирање

Публиј Вергилиј Марон (на латински: Publius Vergilius Maro, 15 октомври 70 п.н.е. - 20 септември 19 п.н.е., Калабрија) - римски поет, најзначајниот претставник на античката римска поезија. Тој творел во времето на Цезаровиот наследник - Октавијан Август. Најпознато негово дело е епотЕнеида“, во кој поетски се прославува родот на Јулиевците. За време на животот, Вергилиј не објавувал, но по неговата смрт, по налог на Октавијан Август биле објавени сите негови дела. По 1300 години од неговата смрт, Вергилиј бил издигнат на пиедесталот од страна на Данте Алигиери.

Биографија[уреди | уреди извор]

Вергилиј е роден на 15 октомври, 70 год. п.н.е. во селото Анди со близина на Мантова, денес во северна Италија. Овој крај бил населен со келтски и илирски племиња, па значењето на неговото име не е сосема познато. Вергилиј не припаѓал на моќно семејство, но бил образован, а за тоа се погрижил неговиот татко. Во младоста одел на училиште во Кремона и во Милано. Подоцна, тој пристигнал и во Рим, каде студирал реторика, медицина и филозофија. Во Рим стекнал голем број пријатели, меѓу кои и императорот Август, а благодарение на неговата поддршка бил материјално обезбеден и можел да му се посвети само на пишувањето. Имал тивок и благ карактер, но бил со слабо здравје. Умрел во Брундизи, а бил погребан во Неапол.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Во Рим, Вергилиј другарувал со елегичарот Корнелије Гал[2] и со историчарот Азиниј Полион како и со Алфен Вар кој, исто така, пишувал песни. На овие пријатели Вергилиј им посветил некои од неговите „Пастирски песни“, и тоа: на Гал десеттата, на Полион четвртата и осмата, а на Вар деветтата. По наговор на Азиниј, Полион испеал збирка на пастирски песни по примерот на Теокрит и ги нарекол „Буколики“.

Најважни дела на Вергилиј се:[3]

  • „Буколски песни“ (Bucolica) - збирка од десет пастирски песни.
  • „Песни за земјоделството“ (Georgica) - дидактички еп во четири пеења, посветен на Мецена, пријател на Август Октавијан и покровител на Вергилиј. Во епот се пее за земјоделството, овоштарството и пчеларството. Ова дело се смета за најдобар дидактички еп во римската и во хеленската книжевност.
  • „Енеида“ - еп во 12 пеења, напишан по угледот на Хомер. Во него се опеани доживувањата на Енеј по поразот на Троја, доаѓањето на Апенинскиот Полуостров и борбите во Латија со домашното население и со рутулскиот крал Турно. Вергилиј не го завршил епот, а последната негова желба била делото да се запали, но на интервенција на императорот Август, тоа не било направено.
  • „Вергилиевиот додаток“ (Appendix Vergiliana) - кратки песни зачувани под името на Вергилиј, чија автентичност не е потврдена.

Значење и влијание[уреди | уреди извор]

Вергилиј бил познат како „римскиот Хомер“.[4] Во првото пеење на „Пеколот“, Данте го нарекува Вергилиј „светлост и глава на поетите“, велејќи дека е поклоник на неговите ремек-дела и дека од него го усвоил убавиот стил,[5] а во второто пеење, за него вели: „ти учител си, водач и мој господар“,[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Publije Vergilije Maron“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 96.
  2. „Objašnjenja“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 105.
  3. „Publije Vergilije Maron“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 96-97.
  4. Jevrosima Drašković, „Razvitak rimske lirike“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 112.
  5. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 5-6.
  6. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 13.