Пчеларство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сандаци за пчели
Пчелар во Македонија на почетокот на XX век

Пчеларство (или апикултура, од латински apis - пчела) — чување на пчелни колонии, најчесто во сандаци од страна на луѓето. Пчеларот ги одгледува пчелите со цел да добие мед, други производи, како: пчелин восок, прополис, полен и матична млеч, за опрашување на некои култури или за производство на пчели за продажба на други пчелари. Во Македонија во 2018 година биле произведени 561,2 тони мед.[1]

Директна корист од пчеларството пчеларот добива во следните производи: мед, пчелен восок, пчелен отров (убод), матичен млеч, цветен прав (полен), прополис. Покрај тоа добива и роеви и матици за репродукција на пчеларството.

Индиректна корист од пчеларството е опрашување на земјоделските билки, значително е повисока од директната, за околу 100 до 150 пати, бидејќи во природата околу 80% од билките се ентомофилни (билки кои опрашуваат инсекти). Околу 150 културни билки на подручјето на Балканот бара опрашување на помош на пчелата.

Пчеларството може да биде:

  • хоби;
  • дополнителна работа;
  • комерцијална работа.

Историја на пчеларството[уреди | уреди извор]

Во одреден момент, луѓето почнале да ги населуваат пчелите во вештачки кошници, направени од дрвени кутии, керамички садови и ткаени сламени кошови. Во Египет пчелите биле чувани уште од антиката.[2] Во Стара Грција аспекти за животот на пчелите и пчеларството биле дискутирани од Аристотел.

Пчеларството како мотив во уметноста[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://www.radiomof.mk/medot-ischeznuva-pred-klimatskite-promeni/
  2. Пчеларството во Стар Египет
  3. Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 41.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]