Пчели

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пчела)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пчели
Период: Креда – денес,
Tetragonula carbonaria (14521993792).jpg
Пчела, Tetragonula carbonaria
Научна класификација
Семејства
Синоними

Apiformes (from Latin 'apis')

Пчели (Anthophila) се летачки ципокрилни инсекти коишто се блиско поврзани со оси и мравки. Пчелите се најпознати и важни во нивната улога во опрашувањето на разни растенија, а истовремено и за производство на мед и восок. Пчелите се монофилетска линија од суперсемејството Apoidea и моментално се сметаат за клада, наречена Anthophila. Има повеќе од 16.000 позанти видови на пчели во 7 научно призанти семејства.[1][2] Тие се присутни на секој континент освен Антарктикот, односно на секоја средина каде што се пристуни скриеносеменици опрашувани од инсекти. Во Македонија е позната расата мариовска пчела од видот европска медоносна пчела (Apis mellifera).[3]

Некои видови, вклучувајќи ги медоносните пчели, бумбари и пчели без боцки живеат социјално во колонии. Плечите се адаптирани за да се исхранат со нектар и полен, од коишто го користат нектарот главно како извор на енергија додека поленот го користат за протеини и други хранливи материи. Најголемиот дел од поленот се користи како храна за ларвите. Опрашувањето од пчели е еколошки и комерцијално многу важно, а со намалениот број на диви пчели се зголемила значајноста на сандаци за пчели.

Пчелите по големина се од 2 мм по должина кај работниците на некои миниатурни пчели без боцка, до должина од 39 мм кај женските единки на видот Megachile pluto кој се смета за најголемиот вид од семејството Megachilidae. Најчестиот вид на пчели во северната полутопка се Halictidae, кои се мали пчели и често биле погрешно сметани за муви и оси. Грабливци на пчелите ги вклучуваат пчелојадни птици од инсекти се пчелојадни оси и вилинско коњче.

Плеларство било избедувано со милении, барем од времето на древен Египет и стара Грција. Освен нивната улога во производство на мед и опрашување, медоносните пчели исто произведуваат восок и пчелин млеч.

Пчелите како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Пчелите се тема во делата од областа на уметноста и популарната култура, како:

  • „Риба и пчела“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски.[4]
  • „Пчела“ - расказ на бугарскиот писател Александар Томов.[5]
  • „Кога би била пчела“ (Če bi jaz bila fčelica) – хорска песна на словенечката композиторка Тадеа Вулц.[6]
  • „Боцнат од пчела“ (Beestung) - песна на американската рок-музичарка Кристин Херш (Kristin Hersh) од 1994 година.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Danforth, B. N.; Sipes, S.; Fang, J.; Brady, S. G. (October 2006). „The history of early bee diversification based on five genes plus morphology“. PNAS. 103 (41): 15118–15123. Bibcode:2006PNAS..10315118D. doi:10.1073/pnas.0604033103. PMC 1586180. PMID 17015826.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Michener2000.
  3. Македонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1238. ISBN 978-608-203-023-4.
  4. Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми. Скопје: Темплум, 2014, стр. 14-15.
  5. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 325-331.
  6. Охридски хорски фестивал – Ohrid Choir Festival 2005, стр. 7.
  7. DISCOGS, Kristin Hersh ‎– Hips And Makers (пристапено на 2.9.2020)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Радченко В. Г., Песенко Ю. А. Биология пчел (Hymenoptera, Apoidea). СПб.: Зоол. ин-т РАН. — 1994. — 350 с.
  • Гринфельд Э. К., 1978. Происхождение и развитие антофилии у насекомых. — Л.: Изд-во ЛГУ. — 203 с.
  • Danforth, B.N., J. Fang, S. Sipes, S.G. Brady & E. Almeida (2004). Phylogeny and molecular systematics of bees (Hymenoptera: Apoidea). Cornell University, Ithaca, NY
  • Donovan, B.J. 2007: Apoidea (Insecta: Hymenoptera). Fauna of New Zealand, 57.
  • Engel, M.S. (2005). Family-group names for bees (Hymenoptera: Apoidea). American Museum Novitates 3476: 1-33. pdf
  • Michener, C.D. (2007) The bees of the world, second edition. Johns Hopkins University Press, Baltimore and London, 953 pp.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]