Тумба (Радобор)
„Тумба“
| |
Местоположба | 41°07′05″N 21°26′28″E / 41.11806° СГШ; 21.44111° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Радобор |
Општина | Могила |
Тип |
|
Период | неолитско време |
бакарно време | |
бронзено време | |
Портал „Археологија“ |
Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Радобор. Претставува населба од неолитско, бакарно и бронзено време. Се наоѓа во непосредната близина на утоката на реката Шемница во Црна Река. Има пречник од околу 200 м и височина до 3 м. Со мелиорационите зафати, особено со проширувањето на коритото на Црна, источната половина на тумбата е речиси разнесена. Во 1977 и 1990/91 година се извршени заштитни археолошки ископувања при што е пронајден културен слој од 4 м со неколку хоризонти на живеење. Според многубројните примероци од фрагментирани и цели керамички садови, различни по формата, по начинот на изработувањето и по местото на откривањето, сигурно е дека населбата била формирана на крајот од неолитското време. Животот продолжил и подоцна, во бакарното време, а особено во бронзеното време. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Копилица — населба од неолитско време;
- Радобор;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од неолитско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од бакарно време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од бронзено време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Радобор
- Археолошки наоѓалишта во Општина Могила
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Битолско