Црква „Св. Петка“ - Трап
Света Петка | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Добрушевско-дедебалска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°07′56.2″N 21°27′44″E / 41.132278°N 21.46222°E |
| Место | Трап |
| Општина | Могила |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Света Петка |
| Завршено | 1830 |
| Архитектонски опис | |
Света Петка — главна селска црква во селото Трап.[1] Црквата се наоѓа пред влезот на селото и е поврзана со исклучување од левата страна на патот кој води од Могила.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена во 1830 година, а била обновена по Првата светска војна, како и во 1990-тите години.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Кон јужниот ѕид е доградена припрата, а на оваа страна има влез на црквата. Од западната страна е дограден објект, а на неговиот западен завршеток е сместена камбанаријата која има квадратна основа. Градбата на црквата со припратата, доградениот објект и камбанаријата се покриени со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени селските гробишта.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Влезната порта од дворот
- Апсидата
- Камбанаријата
- Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Трап Архивирано на 1 јули 2020 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Петка“ - Трап на Ризницата ?


