Долно Српци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долно Српци
Долно Српци is located in Македонија
Долно Српци
Местоположба на Долно Српци во Македонија
Координати 41°10′27″N 21°21′55″E / 41.17417° СГШ; 21.36528° ИГД / 41.17417; 21.36528Координати: 41°10′27″N 21°21′55″E / 41.17417° СГШ; 21.36528° ИГД / 41.17417; 21.36528
Општина Општина Могила
Население 479 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 593 м
Commons-logo.svg Долно Српци на Ризницата
Црквата „Св. Теодор Тирон“ во Долно Српци

Долно Српци е село во Општина Могила, во околината на градот Битола.


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во котлината Пелагонија, североисточно од Битола.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото под името Српци се споменува во османлиските дефтери од 1468 година, со 88 христијански семејства. Во 1568 година, се споменуваат две села со истите имиња, едното со 50, а другото со 24 христијански семесјтва.[1]

Во XIX век, селото Долно Српци е дел од Битолската каза во Отоманската Империја.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Долно Српци живееле 820 жители, сите Македонци.[2]

По првата светска војна, селото е дел од Ивањечка општина и има вкупно 695 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, селото Долно Српци брои 479 жители, од кои 478 Македонци и 1 останат.[4]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 820[2] 1.180 1.136 1.307 1.338 1.433 785 545 479

Родови[уреди | уреди извор]

Долно Српци е македонско православно село.

Родови во селото се: Јаневци или Кулевци (12 куќи), Грашевци (4 куќи), Љушповци (2 куќи) и Лозановци (1 куќа) за овие родови се вели дека се староседелски, кои некогаш живееле во месноста Селиште; Коњарци (3 куќи) доселени се од селото Коњари кај Прилеп; Газдевци (4 куќи) доселени се од селото Љубојно, Преспа; Ралевци (4 куќи), Мицковци (3 куќи) и Дамевци (2 куќи) доселени се од Новоселани; Магловци (1 куќа) доселени се од Кукуречани, каде имаат истоимени роднини; Кадриовци (9 куќи), Цековчиња (4 куќи) и Водиловци (1 куќа) доселени се од поедини прилепски села; Ристевци (8 куќи), Момировци (5 куќи), Дургутовци (4 куќи), Главевци (2 куќи), Думевци (2 куќи), Ќебаковци (5 куќи), Нешковци (4 куќи), Чалевци (6 куќи) и Чочоровци (4 куќи) доселени се од поедини мариовски села; Зајковци (6 куќи), Миновци (3 куќи) и Вељанчевци (2 куќи) доселени се од Беранци; Грујовци (3 куќи) доселени се од Лознани; Лукаревци (4 куќи) доселени се од Ивањевци; Кумбуловци (1 куќа) доселени се од Долна Чалгија; Глигуровци (2 куќи) доселени се од Лисолај; Мурговци (1 куќа) доселени се од Ново Змирново; Велевци (1 куќа) доселени се од Могила; Недановци (7 куќи), Емишовци (3 куќи), Муратовци (3 куќи), Козаровци (3 куќи), Органџиовци (2 куќи), Шамбевци (2 куќи), Дулевци (2 куќи) и Анѓелковци (2 куќи) доселени се, но не знаат од каде.[6]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[7]
Археолошки локалитети[8]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Фудбалскиот клуб Пелагонија Бел Камен постои од 2009 година и моментално се натпреварува во втората општинска лига на Битола или 5-та македонска лига. Натпреварите ги игра на игралиштето во соседното село Српци.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери от ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, в: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопje. стр. 148. 
  2. 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.238.
  3. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, с. 4.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 
  7. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  8. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]