Горна Горица
Горна Горица Goricë e Madhe | |
---|---|
Село | |
Координати: 40°53′39.12″N 20°54′10.08″E / 40.8942000° СГШ; 20.9028000° ИГД | |
Држава | Албанија |
Област | Горица |
Општина | Пустец |
Население (2000) | |
• Вкупно | 515 |
Час. појас | Средно Европско Време (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Горна Горица — македонско село во Општина Пустец, Албанија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Горна Горица е село во областа Мала Преспа, во непосредна близина на границата со Република Македонија. Атарот на селото Горна Горица, граничи со атарите на следните села: од север со селата Стење и Лескоец (во Македонија), од исток со Туминец, од југ со Долна Горица, на запад се протегаат острите и возвишени камени сртови на Галичица, преку нив граничи со селата Пешкопеја и Аларуп (во Албанија) и со Љубаништа (во Македонија).[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Горна Горица настанало во средината на ХVIII век со уништувањето на единственото село Горица. Како предание кај Горичани за уништувањето на селото Горица се наведува тешкиот живот, со вчествените напади на арнаутските банди.
Во подготовките и во текот на Илинденското востание, населението земало активно учество со своја чета од 20 души заедно со Долна Горица, а во повисока ниво била раководена од Јоше од селото Подмочани. Се пренесува и дека овде повремено престојувала и четата на Митре Влаот од село Кономлади.
Во Првата светска војна селото се најде на македонскиот фронт, при што покрај селото поминале војските на антантата, при што жителите на селото биле мобилизирани во грчката војска. Во некој период од војната во ова село биле евакуирани жители од повеќе горнопреспански села, Стење, Отешево, Лескоец.
На 1 март 1933 година по деветгодишно барање за правда поради насилно приграбената земја горногоричани биле протерани од своите огништа, и по 2 месеци помината под отворено небо и кај пријателите во Туминец, засекогаш ја напуштиле Албанија, и по 1 година помината во Пеќ, Косово, се вратиле во Македонија и за постојано се населиле во Сопот, Кавадаречко. Пепелиште, Војшанци и Прждево, Неготинско, како и во Трап и Породин, Битолско. Во 1935/36 во селото се доселиле неколку македонски семејства од селата Шулин и Глобочани.
Во текот на Втората светска војна селото било под окупација на фашистичка Италија, при што населението било мобилизирано во редовите на албанската војска во грчко-италијанската војна. Во текот на оваа војна 19 горногоричани се бореа во партизаните, при што 3ца ги положија своите животи на боиштата ширум Југославија.[1]
Економија
[уреди | уреди извор]Демографија
[уреди | уреди извор]1900 година според бугаринот Васил К’нчов селото броело 285 Македонци православни (кај него „бугари“).[1] Архивирано на 15 мај 2007 г.
Година | Население |
1900 | 285 |
1926 | 511 (со Долна Горица) |
1945 | 201 |
1960 | 329 |
1969 | 369 |
1979 | 406 |
1989 | 489 |
2000 | 515 [2] Архивирано на 11 февруари 2012 г. |
Родови
[уреди | уреди извор]Горна Горица е македонско православно село, населението е доселено од околните села. Додека постарите Горногоричани се иселени во Македонија на разни места.
Родови во Горна Горица се: Вељовци, Гроздановци, Јанкуловци и Костовци сите доселени од Шулин; Малевци доселени од Туминец; Нечовци и Ристовци.
До 1933 година во селото живееле следните семејства: Бузовци (Стојан), Буџевци (Васил), Буне (немиот), Вељановци (Нечо и Дрија), Гелевци (Стево, Илија, Нуне, Никола, Јонче и Ристо), Димовци (Стево, Ефтим и Бојче), Котевци (Лазар и Тодор), Кировци (Јоне), Котелевци (Цветко), Кралевци (Павле), Мишевци (Бојче), Наумовци (Цветко, Славе, Трифун, Мице, Пандо и Боре), Нечовци (Трајче), Неловци (Марко, Кире и Петре), Пандиловци (Јоше и Трајче), Петковци (Рапо и Крсте), Павлевци (Ефтим, Ставре и Коле), Раповци (Стојан), Ристовци (Коле и Лазар), Спасовци (Ефтим, Насте, Јонче и Ламбе), и Треневци (Ѓорги и Коста).[1]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]
|