Лавци (Битолско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лавци
Лавци се наоѓа во Republic of Macedonia
Лавци
Местоположба на Лавци во Македонија
Координати 41°00′52″ СГШ 21°18′09″ ИГД / 
Општина Општина Битола
Население 338 жит.
(поп. 2002)


Лавци е село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Име[уреди | уреди извор]

За името на селото Лавци има две толкувања. Според првото толкување, селото се чувале големи стада овци, со овците имало и кучиња. Ноќе кога сите спиеле доаѓале волци, а кучињата лаеле по нив за да ги бркаат, па селото го добило името по нивниот лаеж. Според второто толкување, во селото се доселиле влашки семејства, па името е изведено од Власи, т.е. Ласи.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Лавци се наоѓа на планината Баба, во близина на градот Битола. Во селото се формирани и маала. Имињата на маалата се Сулоска маала, Горна маала, Долна маала, Белкоска маала, Траноска маала и Орџоска маала.

Историja[уреди | уреди извор]

Втора светска војна[1][уреди | уреди извор]

Прв битолски ПО

На 5 април 1942 година била донесена одлука за исфрлање на првиот битолски партизански одред. Воениот комитет при МК КПЈ за Битола покрај другите свои решенија на тој датум донесол конечна одлука за исфрлање на првиот битолски партизански одред. Одлуката гласела Одредот да се формира во месноста над Лавци на Баба Планина. По решението на ВК се пристапило и на 22 април 1942, кога одредот бил формиран.

Формирање на читалиштето

Бугарските просветни органи со цел да го денационализираат населението, насекаде во македонските градови и села формирале читалишта. Така и во село Лавци на 17 февруари 1943 година било отворено читалиште со име „Просвета“. За да ја спречи работата на читалиштето, Тодор Ангелевски - Даскало на прогресивните лица од селото им препорачал да влезат во управата на читалиштето, кои контактирале со членовите на КПЈ и биле гаранција за натомашна соработка со нив. Така и станало. Лицата што биле во управата на чело со Ставре Костадиновски работата на читалиштето онака како што сакала окупационата власт ја саботирале. Резултат на тоа бил книжен фонд од 26 книги. Бројот на членовите изнесувал 39 за да се покачи на 59. Но зголемувањето било фиктивно, т.е. членовите биле само на список, а да тие не знаеле за нивното „членство“. На Ставре Костадиновски во неговата „работа“ во читлиштето му помагал Ѓорги Бошевски - Боше.

Нова партиска келија

Лавци во текот на народната револуција било едно од најактивните. Меѓутоа, во првите месеци од 1943 година од скоро сите членови останала само Лена Ташкова. Таа и натаму одржувала партиски контакти со раководството на партиската организација во Битола и овозможувала во селото престојуваат и работат високи партиски функционери како Кузман Јосифовски - Питу на 26 април, Блаже Талевски - Иван во мај и други. Бидејќи во Лавци постоеле мошне активни симпатизери опфатени во воспитни групи, по дискусијата и разгледувањето на нивната дејност, на Лена Ташкова ѝ било ставена задача да формира нова партиска келија во село Лавци. Таа задача била исполнета на 13 мај 1943 година.

АФЖ во Лавци

Паралелно со општите успеси на НОВЈ и КПЈ во 1944 година во Лавци во текот на септември истата година бил формиран Антифашистички фронт на жените. Покрај другите активности, членките на АФЖ од село Лавци решиле да направат големо црвено знаме и да извезат срп и чекан на него. Целта им била штом ќе биде ослободена Битола да слезат во градот со знамето. Така и направиле. Имено, откако купиле материјал за знамето и коприна за везење на симболите, отпочнале со работа. Освен тоа, како во сите села, така и во Лавци, членките на АФЖ подготвувале храна и облека за борците. Претседател на АФЖ во Лавци била Анча Ристевска.

Формирање на НОО

После долги тормозења и застрашувања од окупаторската власт, селаните од Лавци во почетокот на октомври 1944 година формирале свој орган на власт, т.е. Народноослободителен одбор. Иницијативата за тоа ја дал Димче Милевски - Добри кој на лавчани им дал инструкции, кој можел да биде избран за член на Одборот, функциите на Одборот и сл. На демократски начин со јавно гласање биле избрани следните лица за одборници: Бабамовски Јонче, Дурбаковски Лазо, Констандиновски Ставре, Илковски Богоја, Мајриковски Иљо, Мајриковски Петре и Шапревски Димо. НОО одржаувал врски со Седмата бригада, Битолско-преспанскиот одред, Димче Милевски - Добри. спроведувал мобилизација, ги снабдувал борците со храна и облека и сл.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Лавци живееле 610 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лавци имало 960 Македонци, патријаршисти.[3]

Според пописот од 2002 година, селото има 338 жители, од кои 336 Македонци и 2 останати.[4]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 610[2] 960[3] 700 684 620 574 517 504 339 338

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Цркви[6]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Битола во втората светска војна“. Сојуз на борци од НОАВМ - Битола. http://www.sojuznaborcibitola.org.mk/index.htm. посет. 3 мај 2012 г. 
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 238.
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167. Посочено е и друго село Лахци (Габа) със 112 жители българи екзархисти.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Види исто така[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]