Црква „Св. Никола“ - Лавци (Битолско)
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Седумнаесетта приградска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°00′54″N 21°18′05″E / 41.01500° СГШ; 21.30139° ИГД |
Место | Лавци |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1939 |
Осветување | 1961 |
Архитектонски опис |
Свети Никола — главна селска црква во битолското село Лавци, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во самото село, во непосредна близина на сретселото.
Историја
[уреди | уреди извор]Според натписот над јужниот влез, денешната црква е подигната во 1939 година, а била осветена дури во 1961 година.[2]
Ова го потврдува и истражувачот Јован Трифуноски, кој забележал дека црквата била подигната во текот на Втората светска војна, на местото на еден трошен храм.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Храмот има триконхална или трилисна форма, со купола поставена на осумстран тамбур и со влезови од јужната и западната страна. Внатрешноста на црквата со два реда на 39 столбови, надолжно е поделена на три кораби. Во западниот дел е издвоен нартекс над кој се наоѓа горната галерија.[2]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Ѕидовите во внатрешноста не се насликани.[2]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Олтарниот простор е издвоен од наосот со висок иконостас во резба, со три реда на икони, сите датирани во периодот после обновата на црквата.[2]
Низ внатрешноста на храмот може да се забележат неколку постари икони, кои им припаѓале на постарата црква во селото Лавци, која била срушена со бомбардирањата во периодот на Првата светска војна. Тие според својот изглед и датирањето во 1855 г., повеќето им припаѓале на стариот амвон или певницата и еден дел на некогашниот иконостас.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Главниот влез
-
Куполата
-
Поглед на црквата
-
Камбанаријата
-
Помошен објект
-
Спореден влез
-
Спореден влез
-
Апсидата
-
Базен за верски обреди
-
Влезната порта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манстирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 30. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-08-13.
- ↑ Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 221. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Никола“ - Лавци (Битолско) на Ризницата ?