Тодор Ангелевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тодор Ангелевски
Todor Angelevski.jpg
Роден 4 јануари 1908
Лавци, Битолско
Починал 23 јуни 1943
Лавци, Битолско
Извршил самоубиство, за да не падне во рацете на бугарските фашисти
Националност Македонец

Тодор Ангеловски (Лавци, Битолско, 4 јануари 1909 - Лавци, Битолско, 23 јуни 1943), меѓу народот познат како Тошо Даскалот (псведоним Строгов), бил македонски комунист, учител, борец против фашистичкиот окупатор и еден од првите учесници во НОВ во Македонија. Загинал, односно се самоубил, во борба против бугарскиот окупатор кај селото Лавци, на 23 јуни 1943 година.[1] Според други извори тој е роден на 16 јули 1908 година.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнува од селско занаетчиско семејство. Основното четиригодишно училиште го завршил во Лавци. Потоа се запишал во Државната мешовита реална гимназија во Битола, а во учебната 1925/26 година, во Учителската школа во Прилеп. Уште како ученик во Учителската школа, веќе се оформил како напреден младинец. По завршувањето на образованието учителствувал во Гњиланска околија (Србија), а потоа во Македонија во селата: Карбинци, Ѓавато (1936/37 година), Ротино и Цапари (1940/41 година). Член на КПЈ бил од 1939 година.[3]

Во Народноослободителната борба се вклучил уште во 1941 година. Бил организатор и активен учесник во сите значајни настани од HOB во Битола и битолско од 1941 до јуни 1943 година. Имал голема заслуга за создавањето на битолските партизански одреди „Пелистер“, „Даме Груев“, „Јане Сандански“ и „Гоце Делчев“.[3][4] Бил командант на здружениот одред „Даме Груев“ во 1943 година, командант на здружените одреди „Даме Груев“ и „Вичо“, член на Окружниот оперативен штаб и командант на Штабот на Втората оперативна зона. За антифашистичката активност, Ангеловски од фашистичкиот окупаторски суд бил осуден на смрт во отсуство. Неговата глава била уценета со тогашни 200.000 лева.

Загинал на 23 јуни 1943 година. Опколен од бугарската војска и полиција, која ја запалила плевната во која се криел, за да не падне жив во рацете на окупаторите, се самоубил.[3][4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Значајни личности од Битола“, Битола, 2007, 22-23 стр.
  2. „АНГЕЛОВСКИ, Тодор Петрев“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-23.
  3. 3,0 3,1 3,2 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 28. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  4. 4,0 4,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 20. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Јован Кочанковски „Тодор Ангелевски - Строгов“, Битола, 1987.
  • Илија Јанкуловски „Светлиот лик на учителот Тодор Ангеловски-Даскалот“
  • Аце Ристевски „Тодор Ангеловски-Строгов“
  • Панде Ташковски „Учителот и револуционер Тодор Ангеловски – Тошо Даскалот-Строгов“