ОУ „Тодор Ангелевски“ - Битола
Тодор Ангелевски | |
|---|---|
Поглед на училиштето | |
| Место | |
| Општина: | Општина Битола |
| Наречено по: | Тодор Ангелевски |
| Нас. место: | Битола |
| Адреса: | ул. „Илинденска“, бр. 82 |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Директор: | Стевче Петровски |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
| Мреж. место | www.todorangelevski.blogspot.com/ |
| Телефон | 047/622-337 |
Основно училиште „Тодор Ангелевски“ (официјално: Основно општинско училиште „Тодор Ангелевски“ - Битола; скратено: ООУ „Тодор Ангелевски“) — централно основно училиште во градот Битола, Општина Битола.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот комунист, учител, борец против фашистичкиот окупатор и еден од првите учесници во НОВ Тодор Ангелевски.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Училиштето се наоѓа помеѓу населбата Баир и населбата Ушици.
Особености
[уреди | уреди извор]Училиштето Тодор Ангелевски е добро опремена зграда на два ката каде наставата редовно ја посетуваат ученици од прво до осмо одделение. Покрај редовната настава додатните часови и секциите помогнале ова училиште да учествува на општински, регионални и републички натпревари каде има освоено многу награди. Има голем број на кабинети и училници каде наставата редовно и успешно се изведува.
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во склоп на централното основно училиште функционира и подрачното основно училиште во приградската населба Горно Оризари во кое настава посетуваат ученици од населбата Горно Оризари и населбата Стрелиште. Училиштето во Стрелиште е подрачно петгодишно основно училиште.
Познати личности кои учеле во ова училиште
[уреди | уреди извор]- Кире Костов - композитор и диригент
- Марина Коруновска - оперска пејачка, сопран;
- Христијан Спировски - пијанист
- Архимандрит Партениј Фидановски-Игумен на Бигорски Манастир
- Аница Алексова Тасевска - автор на ученици и збирки задачи по математика
Познати личности кои предавале во ова училиште
[уреди | уреди извор]- Соња Атанасовска-Цигарида - првата наставничка на влашки јазик во Република Македонија по 70 години.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-11-23.

