23 јуни
Изглед
Предлошка:Јуни 2026 23 јуни — 174-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (175-ти во престапна година). Останува 191 ден до крајот на годината.
Настани:
| 1633 | Светиот суд во Рим го осуди Галилео Галилеј на доживотна робија (подоцна сменета во куќен притвор), а неговите дела ги забрани како опасни за христијанството. |
| 1868 | Кристофер Латам Шолс добил патент за машината за пишување. |
| 1894 | Во Париз основан Меѓународниот олимписки комитет, по иницијатива на баронот Пјер де Кубертен. |
| 1958 | Холандската протестантска црква ги прифати жените за свештеници. |
Родени:
| 47 п.н.е. | Птоломеј XV Цезарион — последниот крал од Птоломејската династија. |
| 1668 | Џамбатиста Вико — италијански политички филозоф и реторичар. |
| 1889 | Ана Ахматова — руска и советска поетеса. |
| 1899 | Густав Крклец — хрватски писател. |
| 1912 | Алан Тјуринг — англиски математичар и пронаоѓач († 1954). |
| 1915 | Кузман Јосифовски - Питу — народен херој на Македонија. |
| 1937 | Марти Ахтисари — претседател на Финска. |
| 1940 | Вилма Рудолф — американска атлетичарка. |
| 1941 | Роберт Хантер — американски рок-музичар. |
| 1955 | Жан Тигана — француски фудбалер. |
| 1955 | Бранка Парлиќ — српска пијанистка. |
| 1961 | Ентоан Кар — американски кошаркар. |
| 1961 | Митар Суботиќ — југословенски и српски рок-музичар. |
| 1965 | Милош Бурсаќ — српски и југословенски фудбалер. |
| 1972 | Зинедин Зидан — француски фудбалер и тренер. |
| 1981 | Антони Коста — англиски пејач. |
| 1986 | Симон Шпилак — словенечки велосипедист. |
| 1987 | Нандо де Коло — француски кошаркар. |
| 1998 | Јосип Брекало — хрватски фудбалер. |
Починале:
| 1806 | Матирен Жак Брисон — француски природонаучник. |
| 1836 | Џејмс Мил — англиски филозоф, економист и политички теоретичар. |
| 1913 | Георги Мончев — македонски револуционер. |
| 1946 | Вилијам С. Харт — американски глумец. |
| 1995 | Џонас Едвард Салк — американски микробиолог. |
| 1959 | Борис Вијан — француски писател. |
| 2007 | Павле Угринов — српски писател, режисер и академик. |