Ана Ахматова
Ана Ахматова | |
---|---|
Ана Ахматова во 1922 | |
Роден/а | Ана Андрејевна Горенко 23 јуни [ст. ст. 11 јуни] 1889 Одеса, Руска Империја) |
Починат/а | 5 март 1966 Москва, СССР) | (возр. 76)
Занимање | Поет, преведувач, мемоарист |
Националност | Руска/Советска |
Народност | Украинска, Руска, Татарска |
Книжевно движење | Акмеизм |
Ана Андрејевна Горенко (23 јуни 1889 - 5 март 1966), подобро позната како Ана Ахматова била руски модернистички поет и една од најценетите Руски писатели.[1]
Работата на Ахматова опфаќа се од кратки лирски песни до комплексно структурирани циклуси, како Реквием (1935-1940), нејзиното трагично ремек-дело за сталинистичкиот терор. Нејзиниот стил беше неверојатно оригинален и препознатлив за нејзините современици. Силниот и јасен водечки женски глас погоди нов акорд во руската поезија.[1] Нејзиното пишување се дели на два периоди - раните дела (1912-1925) и нејзината подоцнежна работа (од околу 1936 до нејзината смрт), одделени со една деценија на намален број литератури дела.[1] Нејзината работа била осудена и цензурирана од сталинистичката власт и таа е позната по изборот да не емигрира и да остане во Русија, како сведок на злосторствата околу неа. Нејзините теми вклучуваат медитации за време и меморија, како и тешкотиите во животот и пишувањето во сенка на сталинизмот.
Примарни извори на информации во врска со животот на Ахматова се релативно ретки, бидејќи војните, револуцијата и тоталитарниот режим предизвикале многу од писмената евиденција да биде уништена.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа биографска статија за личност од Русија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |