26 јуни
Изглед
26 јуни — 177-миот ден во годината според грегоријанскиот календар (178-ми во престапна година). Остануваат 188 дена до крајот на годината. Предлошка:Јуни 2025
Настани
[уреди | уреди извор]| 1541 | Во Лима, денес главен град на Перу, е убиен конквистадорот Франсиско Писаро. |
| 1819 | Патентиран е велосипедот. |
| 1941 | Во околината на Разлог, Никола Парапунов ја формирал првата партизанска чета на територијата на фашистичка Бугарија. |
| 1945 | На конференција во Сан Франциско, делегати од 50 земји ја потпишале Повелбата за основање на Обединетите Нации. |
| 1948 | Студена војна: Западните сојузници воспоставиле воздушен мост до Западен Берлин, по блокадата на патишатата од страна на СССР. |
| 1948 | Вилијам Шокли го патентирал транзисторот. |
| 1959 | Отворен е пловниот пат помеѓу реката Сент Лоренс и Големите Езера. |
| 1960 | Мадагаскар, претходно под управа на Франција, стекнал независност. |
| 1963 | Џон Ф. Кенеди го одржал својот најпознат говор - „Ich bin ein Berliner“. |
| 1976 | Во Торонто е отворена телевизиската кула ЦН Тауер, во тоа време највисоката градба во светот. |
| 2000 | Меѓународниот тим на научници го објавил епохалното научно откритие - картата на човечките гени. |
| 2015 | Врховниот суд на САД ги озаконил истополовите бракови на ниво на цела држава. |
Родени
[уреди | уреди извор]Починале
[уреди | уреди извор]| 363 | Јулијан — последниот римски цар со паганска вера. |
| 1541 | Франсиско Писаро — шпански конквистадор. |
| 1810 | Жозеф Мишел Монголфје — француски изумител. |
| 1836 | Клод Жозеф Руж де Лил — француски офицер, автор на „Марселезата“. |
| 1882 | Ернест Теодор Хофман — германски писател, композитор, цртач, судија и професор по музика. |
| 1905 | Јанко Веселиновиќ — српски писател. |
| 1956 | Клифорд Браун — американски џез-музичар. |
| 1984 | Мишел Фуко — француски филозоф на постструктурализмот и постмодернизмот. |
| 1994 | А. ден Долард — холандски писател на македонска тематика. |
| 2005 | Љутви Сејфула — македонски глумец. |
| 2021 | Џони Солингер — американски рок-пејач. |