Самир Насри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Самир Насри
Лични податоци
Полно име Самир Насри[1]
Роден на 26 јуни 1987(1987-06-26)(36 г.)
Роден во Марсеј, Франција
Држава  Франција
Висина 1.75[2]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед
Број 18
Младинска кариера
1995–1997 Пен Марибо
1997–2004 Марсеј Олимпик Марсеј
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004–2008 Марсеј Олимпик Марсеј 121 (11)
2008–2011 Арсенал Арсенал 86 (18)
2011–2017 Манчестер Сити Манчестер Сити 5 (1)
2016–2017Севиља Севиља 23 (2)
2017–2018 Анталијаспор Анталијаспор 8 (2)
2019 Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 5 (0)
2019- Андерлехт Андерлехт 0 (0)
Репрезентација
2002–2003 Франција Франција 16 16 (8)
2003–2004 Франција Франција 17 16 (6)
2004–2005 Франција Франција 18 4 (0)
2005–2006 Франција Франција 19 10 (5)
2006–2007 Франција Франција 21 4 (0)
2007–2013 Франција Франција 41 (5)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 16:12, 1 октомври 2011 (UTC)
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 15:56, 6 септември 2011 (UTC)

Самир Насри (арапски: سمير ناصري; роден на 26 јуни 1987 во Марсеј) — француски фудбалер, играч од средниот ред на Вест Хем Јунајтед.

Животопис[уреди | уреди извор]

Родителите на Насри се преселиле во Франција од Алжир. Неговиот татко е од Константин а неговата мајка е родена во Бискра. Насри е сунит. Израснал во Ла Гавот Пејре, едно од опасните маала во Марсеј. Често играл по улиците, каде што се стекнал со најголемиот дел од неговите вештини. До 8 годишна возраст играл за тимот на локалната банда, но поради насиството неговите родители го запишале во клубот Пен Марибо. Две сезони подоцна бил забележан од скаутите на Олимпик Марсеј.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Марсеј[уреди | уреди извор]

Насри започнал со играње за Марсеј на 9 годишна возраст. Во Првата Француска Лига заигра во сезоната 2004-05 на 17 годишна возраст, кога имаше 13 стартови и 11 настапи од клупа, постигнувајќи само еден гол. Следната сезона му донесе искуство и во Купот на УЕФА (10 настапи, ниеден гол) и Интертото Купот (еден настап; еден гол). Во сезоната 2006-07 својот прв гол во Лига 1 го постигна кон крајот на сезоната на 29 април 2007, во натпреварот против Сошо помагајќи во победата на Марсеј од 4:2. Со таа победа Марсеј се искачи на четвртото место на четири кола пред крај, со што се избори за место во квалификациите за Купот на УЕФА.

На 20 мај 2007, Самир Насри беше именуван за Млад играч на годината од страна на Лига 1,[3][4] на второ и трето место се пласираа Џими Брианд и Карим Бензема. Навивачите на Марсеј го изгласаа за Играч на сезоната со 62% од гласовите.

Во средината на септември 2007 Насри беше хоспитализиран поради вирус, многу сличен на менингитис. Тој е познат по неговите технички способности, подавањето и брзината, поради што најчесто игра на позиција на крило.

Арсенал[уреди | уреди извор]

На 11 јули 2008, потпиша долгрочен договор со Арсенал за 12 милиони фунти. Неговото деби за Арсенал беше на 30 јули на пријателскиот натпревар против Штутгарт, на кој играше околу 60 минути. Постигна гол на своето деби во Премиер Лигата, против Вест Бромвич, од блиску по само четири минути од почетокот на првиот натпревар од сезоната, на 16 август 2008. Иако сè уште не е потврдено од клубот, има претпоставки дека се работи за најбрз дебитантски гол за Арсенал.[5]

Манчестер Сити[уреди | уреди извор]

Во август 2011 година, Насри потпишал за екипата на Манчестер Сити за сума од 24 милиони британски фунти.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Насри долго време е поврзан со Францускта репрезентација. Полека се пробиваше низ младинските состави. Стана член на сениорскиот состав во 2007, за кој досега има три повици. Го постигна својот прв репрезентативен гол во победата од 1:0 против Грузија на 6 јуни 2007 во квалификациите за Европското Првенство 2008.

Првиот настап за Франција му беше на 28 март 2007 против Австрија, на пријателски натпревар кога имаше 19 години. На тој натпревар изведе слободен удар, ниско по земја кој Карим Бензема го претвори во единствениот гол на натпреварот. Беше повикан во составот на Рејмонд Доменех за Европското Првенство; со возраст од 20 години, беше еден од најмладите членови на составот кој отпатува на турнирот. Имаше два настапи како замена и играше 32 минути. Во натпреварот против Италија, го замени Франк Рибери кој се повреди, но по само 15 минути Доменех го замени откако Ерик Абидал заработи црвен.

Претходно, тој беше член на Франција до 21. Беше дел од младинските состави на Франција уште од 14 годишна возраст. Има освоено и титула на Европското Првенство за играчи до 17 години во 2004, и го постигна победничкиот гол во финалето.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Statistics“ (PDF). Premier League. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-11. Посетено на 10 March 2010.
  2. „Manchester City Profile“. Aston VillaFootball Club. 26 August 2011. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 26 August 2011.
  3. Samir Nasri won Young Player of the Year at Sports Illustrated
  4. „Samir Nasri best young player at Sport 24“. Архивирано од изворникот на 2007-10-12. Посетено на 2008-08-20.
  5. Nasri opens Arsenal account Архивирано на 28 август 2008 г., skysports.com, accessed 18 август 2008.
  6. Châteauroux celebrates French win, uefa.com, accessed 15 август 2008.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]