Џеси Лингард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Англија Џеси Лингард
Cskamu 31.jpg
Лични податоци
Роден на 15 декември 1992 (1992-12-15) (26 г.)
Роден во Ворингтон, Англија
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Број 14
Младинска кариера
Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012– Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 79 (13)
2012-2013Лестер Сити Лестер Сити 5 (0)
2013-2014Бирмингем Сити Бирмингем Сити 13 (6)
2014Брајтон Брајтон 15 (3)
2015Дерби Каунти Дерби Каунти 14 (2)
Репрезентација
2008 Англија Англија 17 3 (0)
2013-2015 Англија Англија 21 11 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Џеси Елис Лингард (роден на 15 декември 1992) е англиски фудбалер, играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клубови[уреди | уреди извор]

Лингард е роден во Ворингтон, Чешир,[1] и завршил средно школо на Бимонт академијата.[2] Тој напредувал се развивал во младинската школа на Манчестер Јунајтед и бил дел од тимот кој го освоил ФА Купот за млади во сезоната 2010-2011, [3] пред да го потпише првиот професионален договор во текот на летото на 2011 година.[4]

Во следните сезони три сезони Лингард поминал периоди на заем во Лестер Сити, Бирмингем Сити и Брајтон и Хоув Албион.

Во летото 2014 Лингард се вратил во Манчестер Јунајтед и бил дел од пред-сезонската турнеја на клубот. На 16 август 2014, го направил своето деби за првиот тим на Манчестер Јунајтед во првото коло од Премиер лигата 2014-2015 во поразот со 1-2 од Свонзи Сити на Олд Трафорд, во првиот натпревар на Луј ван Гал како менаџер. Лингард го започнал натпреварот како стартер, но бил заменет од Аднан Јанузај после само 24 минути игра поради повреда.[5]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Лингард е поранешен репрезентативец на англиската репрезентација под 21 година. Својот прв повик го добил за пријателскиот натпревар против Шкотска на 13 август 2013 година, и го направил своето деби во второто полувреме како замена за Нејтн Редмонд во победата на Англија со 6-0.[1][6] Лингард ја претставувал својата репрезентација на УЕФА Европско првенство за играчи под 21 година - 2015 година во Чешка. Во вториот натпревар од групната фаза, Лингард влегол од клупата и го постигнал победничкиот гол во победата со 1-0 над Шведска.[7]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Jesse Lingard“. thefa.com. The Football Association. конс. 19 September 2013. 
  2. Flanagan, Chris. „Jesse's England chance“, „This is Cheshire“, Newsquest, 20 јуни 2008 (посет. 19 септември 2013 г).
  3. „Old Trafford youngsters lift Youth Cup“. thefa.com. The Football Association. 23 May 2013. конс. 19 September 2013. 
  4. „List of Players under Written Contract Registered Between 01/07/2011 and 31/07/2011“ (PDF). thefa.com. The Football Association. конс. 19 September 2013. 
  5. Bevan, Chris. „Man Utd 1–2 Swansea“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 16 август 2014 (посет. 16 август 2014 г).
  6. England Under-21s thrash Scotland 6–0 in friendly“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 13 август 2013 (посет. 19 септември 2013 г).
  7. "Sweden U21 0-1 England U21" BBC Sport. 21 June 2015. Retrieved 22 June 2015.