Фил Џонс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фил Џонс
Phil Jones
Philjonesmlsgametwo.jpg
Лични податоци
Роден на 21 февруари 1992
Роден во Престон, Англија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Положба десен бек,центар бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед
Број 4
Младинска кариера
Блекбурн Роверс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2011 Блекбурн Роверс 35 (0)
2011- Манчестер Јунајтед 29 (1)
Репрезентација
2011- Англија 5 (0)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Филип Ентони Фил Џонс или (англиски: Phil Jones) е англиски фудбалер кој игра за Манчестер Јунајтед и за младинската репрезентација на Англија до 21 година.Џонс игра во одбранбениот ред или како фудбалер за врска со дефанзивни функции.

Кариера[уреди]

Пред почетокот на својата кариера Џонс играл и за своето средно училиште.

Блекбурн Роверс[уреди]

Џонс пристигнал во Академијата на Блекбурн во 2002 година.Тој беше префрлен во првиот тим на Роверс пред почетокот на сезоната 2009-2010 во Премиер лигата,откако потпишал двегодишен професионален договор и го зел дресот со број 28.Тој дебитирал за Блекбурн Роверс во официјален натпревар на 22-ри септември 2009 против Нотингем Форест во Лига Купот.Во фебруари 2010 тој потпишал нов договор,сега на пет години со излезна клаузула од 16 милиони фунти.Џонс својот прв старт во Премиер лигата го имал на 21 март 2010 во ремито на Блекбурн против Челзи на Ивуд Парк.Сезоната 2009-2010 тој ја завршил со 9 настапи во лигата.Наредната сезона почнала доста амбициозно за Фил откако тој се најде во стартниот состав на Роверси на отворањето на сезоната против Евертон.Тој играше и во катастрофата на неговиот тим на Олд Трафорд каде Манчестер Јунајтед го победи Блекбурн со 7:1.Џонс и при тој резултат се однесувал многу пристојно и се борел докрај за секоја топка спречувајќи ги напаѓачите на Манчестер Јунајтед да постигнат уште голови.Со таа своја борбеност тој го имресионира менаџерот на Јунајтед Сер Алекс Фергусон кој сакал да го доведе во Јануари,но трансферот не успеал.Сепак во продолжението од сезоната Џонс неуспева во целост да ги покаже својте квалитети бидејќи во тоа го спречува повреда.Тој ги скинал лигаментите на коленото во декември против Вест Хем Јунајтед поради што го чека пауза.Сепак тој се враќа во тимот кон крајот на март во ремито 2:2 против Блекпул.Со својата одлична игра во одбрана тој му помага на својот тим да опстане во лигата во сезоната 2010-2011.

Манчестер Јунајтед[уреди]

Тоа што не му успеа на Сер Алекс Фергусон во јануари му успеа во јуни кога Џонс сепак стана фудбалер на Манчестер Јунајтед.На 13 јуни Џонс потпиша за 16.5 милиони фунти.Тој патуваше со тимот и на потготовките во Америка.Своето деби во официјален меч за Јунајтед го имаше во Фа Комјунити Шилд мечот против градските ривали Манчестер Сити кога влезе на полувремето како замена за Рио Фердинанд.Своето деби во Премиер лигата го имаше една недела подоцна против Вест Бромвич Албион.