Трент Александер-Арнолд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трент Александер-Арнолд
Trent Alexander-Arnold 2018.jpg
Лични податоци
Полно име Трент Џон Александер-Арнолд[1]
Роден на 7 октомври 1998 (1998-10-07) (24 г.)[2]
Роден во Ливерпул, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001750000001,75 м[3]
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Ливерпул Ливерпул
Број 66
Младинска кариера
2004–2016 Ливерпул Ливерпул
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2016– Ливерпул Ливерпул 144 (10)
Репрезентација
2013-2014 Англија Англија 16 6 (0)
2014-2015 Англија Англија 17 11 (0)
2016-2017 Англија Англија 18 2 (0)
2016-2017 Англија Англија 19 10 (6)
2017-2019 Англија Англија 21 3 (0)
2018- Англија Англија 16 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 20 април 2019.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 20 април 2019

Трент Џон Александер-Арнолд (роден на 7 октомври 1998, во Ливерпул) — англиски фудбалер, играч од одбраната на Ливерпул и на англиската репрезентација.

Познат по својата интелегенција и одличните додавања,[4] се смета за еден од најдобрите десни бекови на својата генерација.[5][6][7][8] Како продукт на академијата на Ливерпул, тој го направил своето деби за првиот тим на црвените во 2016 година и оттогаш е незаменлив на својата позиција во клубот.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Кариерата ја започнал како играч од средниот ред, за потоа да биде преместен на позицијата десен бек од тренерот Јирген Клоп.[9] Поседува силен карактер, а може да се пофали и со голема брзина и моќно забрзување; покрај тоа, тој е вешт во ссвојување на топката и умее одлично да нафрли[9] поради што често е споредуван со неговиот сонародник Ешли Кол.[10]

Поради неговите физички, атлетски и технички квалитети, како и заради изразената тактичка интелигенција, тој моментално важи за еден од најдобрите десни бекови, а заедно со колегата од спротивната страна Ендрју Робертсон формираат еден од најдобрите бековски парови во Европа.[11]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Ливерпул[уреди | уреди извор]

Александер-Арнолд во дресот на Ливерпул во 2019.

Израснат во младинскиот сектор на Ливерпул, тој го направил своето деби за првиот тим на црвените на 25 октомври 2016, во победата со 2-1 над Тотенхем во четвртото коло од Лига купот на Англија.[12][13] На 14 декември истата година, тој го направил своето деби во Премиер лигата во победата со 3-0 против Мидлсбро.[14]

Својот прв гол во дресот на Ливерпул го постигнал на 15 август 2017 во победата со 2-1 на гостувањето против Хофенхајм, во плејофот од квалификациите за Лигата на шампионите, од директен слободен удар.[15] Со тоа, тој станал третиот најмлад играч кој постигнал гол на своето деби во европските натпреварувања за Ливерпул, по Мајкл Овен и Дејвид Ферклаф.[16] Својот прв гол во Премиер лигата, го постигнал истата година, во победата со 5-0 над Свонзи Сити на Анфилд.[17]

На 7 мај 2019 година, во полуфиналето на Лигата на шампионите, во кое Ливерпул ја победил Барселона со 4-0, Александер-Арнолд забележал две асистенции, вклучително и додавањето од брзо изведениот корнер во самата завршница кога го проиграл Дивок Ориги за напаѓачот да го постави конечниот резултат од 4-0, гол со кој го одвел Ливерпул во финалето.[18] На 1 јуни 2019, тој станал европски шампион со Ливерпул, освојувајќи ја титулата во Лигата на шампионите после победата со 2-0 над Тотенхем во финалето; Александер-Арнолд го одиграл целиот натпреваар.[19]

Во сезоната 2019-2020, тој ја освоил Премиер лигата со Ливерпул, придонесувајќи за успехот со максимален број на настапи (38) и четири погодоци.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

На 16 мај 2018, се нашол на списокот од 23 играчи на селекторот на англиската репрезентација, Гарет Саутгејт, кои настапиле на Светското првенство 2018 во Русија.[20]

Своето деби го направил во подготвителен натпревар за Мундијалот, против Костарика во Лидс, што завршил со победа на англичаните од 2-0. На Светското првенство, на кое неговата репрезентација стигнала до полуфиналето а потоа загубила и во натпреварот за бронзен медал, Александер-Арнолд настапил само еднаш - против Белгија (0-1) во последниот натпревар од групата.

Три години подоцна, тој бил повикан за Европското првенство,[21] но бил принуден да се повлече поради повреда.[22]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Англија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
7-6-2018 Лидс Англија Англија 2 – 0 Костарика Костарика Пријателска - заменет 64'
28-6-2018 Калининград Англија Англија 0 – 1 Белгија Белгија СП 2018 - Прва фаза - заменет 79'
11-9-2018 Лестер Англија Англија 1 – 0 Швајцарија Швајцарија Пријателска - заменет 78'
15-10-2018 Севиља Шпанија Шпанија 2 – 3 Англија Англија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - влегол во игра 85'
15-11-2018 Лондон Англија Англија 3 – 0 САД САД Пријателска 1
9-6-2019 Гимараеш Швајцарија Швајцарија 0 – 0 прод.
(5 – 6 пен.)
Англија Англија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - за 3. место -
10-9-2019 Саутхемптон Англија Англија 5 – 3 Косово Косово Квал. за Евро 2020 -
14-11-2019 Лондон Англија Англија 7 – 0 Црна Гора Црна Гора Квал. за Евро 2020 -
17-11-2019 Приштина Косово Косово 0 – 4 Англија Англија Квал. за Евро 2020 - заменет 84'
5-9-2020 Рејкјавик Исланд Исланд 0 – 1 Англија Англија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - влегол во игра 73'
8-9-2020 Копенхаген Данска Данска 0 – 0 Англија Англија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - заменет 86'
11-10-2020 Лондон Англија Англија 2 – 1 Белгија Белгија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - заменет 79'
2-6-2021 Мидлсбро Англија Англија 1 – 0 Австрија Австрија Пријателска - добил жолт картон во 88-мата минута 88'
5-9-2021 Лондон Англија Англија 4 – 0 Андора Андора Квал. за СП 2022 -
12-11-2021 Лондон Англија Англија 5 – 0 Албанија Албанија Квал. за СП 2022 - влегол во игра 77'
15-11-2021 Серавале Сан Марино Сан Марино 0 – 10 Англија Англија Квал. за СП 2022 -
Вкупно Настапи 16 Голови 1

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентални купови Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Куп Наст Гол Куп Наст Гол Куп Наст Гол Наст Гол
2016-2017 Англија Ливерпул ПЛ 7 0 ФАКуп+ЛК 2+3 0 ЛШ 0 0 - - - 12 0
2017-2018 ПЛ 19 1 ФАКуп+ЛК 2+0 0 ЛШ 12[23] 2[24] - - - 33 3
2018-2019 ПЛ 29 1 ФАКуп+ЛК 0 0 ЛШ 11 0 - - - 40 1
2019-2020 ПЛ 38 4 ФАКуп+ЛК 0 0 ЛШ 7 0 КШ+СУ+Скп 1+1+2 0 49 4
2020-2021 ПЛ 36 2 ФАКуп+ЛК 1+0 0 ЛШ 8 0 - - - 45 2
2021-2022 ПЛ 24 2 ФАКуп+ЛК 1 0 ЛШ 5 0 - - - 30 2
Вкупно во кариерата 153 10 9 0 43 2 4 0 209 12

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Англија Ливерпул[уреди | уреди извор]

2019-2020
2021-2022
2018–2019
2019
2019

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FIFA World Cup Russia 2018: List of Players: England“ (PDF). FIFA. 15 July 2018. стр. 10. Архивирано од изворникот (PDF) на 6 December 2019.
  2. „Trent Alexander-Arnold: Overview“. ESPN. Архивирано од изворникот 25 September 2020. Посетено на 5 September 2020.
  3. „T. Alexander-Arnold: Summary“. Soccerway. Perform Group. Архивирано од изворникот 6 October 2020. Посетено на 5 September 2020.
  4. „Trent Alexander-Arnold is "like Beckham and de Bruyne, but at right-back". As. 14 September 2021. Архивирано од изворникот 8 October 2021. Посетено на 8 October 2021.
  5. Cox, Michael. „Cox: Alexander-Arnold's poor England form means omission shouldn't be surprising“. The Athletic (англиски). Архивирано од изворникот 8 October 2021. Посетено на 8 October 2021.
  6. „Is Alexander-Arnold too good to play right-back?“. ESPN.com (англиски). 28 November 2018. Архивирано од изворникот 9 July 2021. Посетено на 8 October 2021.
  7. McCambridge, Ed; White, Mark (23 April 2021). „Ranked! The 10 best right-backs in the world“. FourFourTwo. Архивирано од изворникот 23 August 2021. Посетено на 14 August 2021.
  8. „Top 50 Best (Full) Backs“. FootballCritic. Архивирано од изворникот 14 August 2021. Посетено на 14 August 2021.
  9. 9,0 9,1 „Trent Alexander-Arnold, il miglior terzino al mondo“. L'Ultimo Uomo (италијански). 2019-11-27. Посетено на 2019-11-28.
  10. Un talento al giorno, Trent Alexander-Arnold: scheggia sulla destra tuttomercatoweb.com
  11. „Which teams have the best full-back pairings in Europe's top five leagues?“. 21 мај 2020. Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help)
  12. Price, Glenn (28 September 2016). „Trent Alexander-Arnold hopeful of chance in Liverpool first team“. ESPN. Архивирано од изворникот 11 March 2018. Посетено на 11 March 2018.
  13. Reddy, Luke (25 October 2016). „Liverpool 2–1 Tottenham Hotspur“. BBC Sport. Архивирано од изворникот 11 March 2018. Посетено на 11 March 2018.
  14. Usher, Dave (14 December 2016). „Adam Lallana's man-of-the-match performance leads Liverpool to victory“. ESPN. Архивирано од изворникот 11 March 2018. Посетено на 11 March 2018.
  15. Toby Gannon (15 август 2017). „WHO NEEDS COU? Hoffenheim 1 Liverpool 2: Trent Alexander-Arnold scores his first club goal on dream Champions League debut to help move on from Philippe Coutinho woes“. The Sun (англиски). Посетено на 17 септември 2017.
  16. „Youngest debut goalscorers“. LFCHistory.net. Архивирано од изворникот 16 August 2017. Посетено на 11 March 2018.
  17. Bascombe, Chris; Bull, JJ (26 December 2017). „Liverpool 5 Swansea City 0: Roberto Firmino stars in five-goal rout of Swans“. The Daily Telegraph. London. Архивирано од изворникот 11 March 2018. Посетено на 11 March 2018.
  18. Ouzia, Malik (7 May 2019). „Trent Alexander-Arnold explains match-winning assist for Liverpool vs Barcelona“. Evening Standard. Архивирано од изворникот 7 May 2019. Посетено на 7 May 2019.
  19. Jabbar, Nasir (1 June 2019). „Liverpool's Trent Alexander-Arnold Makes Champions League Final History“. Sport Bible. Архивирано од изворникот 2 June 2019. Посетено на 2 June 2019.
  20. „Inghilterra, Southgate ha scelto: in Russia anche Cahill e Rose“.
  21. „Alexander-Arnold and Henderson in final England Euros squad“ (англиски). Посетено на 2021-06-04.
  22. „Trent Alexander-Arnold withdraws from Euro 2020 squad“ (англиски). Посетено на 2021-06-04.
  23. 2 настапи во квалификациските кола.
  24. Еден гол во квалификациските кола.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]