Рафаел Варан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Франција Рафаел Варан
Raphael Varane - France v Armenia.jpg
Варан во дресот на Франција во 2014 година
Лични податоци
Роден на 25 април 1993 (1993-04-25) (25 г.)[1]
Роден во Лил, Франција
Висина 1,91 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Реал Мадрид Реал Мадрид
Број 5
Младинска кариера
2000–2002 Елем
2002–2010 Ланс Ланс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010–2011 Ланс Ланс 23 (2)
2011– Реал Мадрид Реал Мадрид 123 (2)
Репрезентација
2010 Франција Франција 18 2 (1)
2012 Франција Франција 20 1 (0)
2011–2012 Франција Франција 21 15 (3)
2013– Франција Франција 40 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 мај 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 15 ноември 2016

Рафаел Варан (француски: Raphaël Varane ), (Лил, 25 април 1993) – француски фудбалер, играч од одбраната на Реал Мадрид и француската репрезентација

Биографија[уреди | уреди извор]

Неговиот татко е од Мартиник, а мајка му е Французинка.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Кариерата ја почнал во локалниот клуб Елем на возраст од седум години. После две години во „мал“ клуб, го забележуваат скаутите од Ланс. Иако интерес покажале и други локални клубови, меѓу кои и прволигашот Лил, тој оди во Ланс.

Ланс[уреди | уреди извор]

Кон крајот на октомври 2010 година, Варан е повикан да тренира со првиот тим. На тренингот доаѓа до повреда на еден од одбранбените играчи на Ланс, а како единствено решение се наметнал младиот Варан. Тоа бил натпревар против Монпелје на кој Ланс победил со 2 : 0. Варан одиграл извонредни 90 минути, па предизвикал еуфорија во градот и пошироко. На големо бил фален од тренерот, претседателот на клубот, капитенот и останатите соиграчи. Медиумите го прогласиле за еден од надежите на францускиот фудбал.

Варан одиграл уште неколку пати во првиот ти, а клубот за да го задржи и за да ги одврати останатите клубови од него, го продолжува неговиот договор на уште четири години. Својот прв гол го постигнал во ремито против Кан на 8 мај. Но Ланс заради своите лоши партии испаѓа во Втората француска лига.

Реал Мадрид[уреди | уреди извор]

Варан со своите одлични игри привлекол многу големи клубови во Европа, но за негово ангажирање најупорен бил големиот мадридски гигант, Реал. Неговото преоѓање во Реал на Лансовите навивачи им го потврдил претседателот на клубот Жерве Мартел на 22 јуни 2011 година. Варан пред оваа потврда бил во Мадрид на разговор кај својот сонародник Зинедин Зидан. Пет дена подоцна од Лил, трансферот го потврдил и Реал. Веќе на подготовките Варан дебитирал на натпреварот против ЛА Галакси кој Реал го добил со 4 : 1. Во Ла лига дебитира против Расинг Сантандер на 21 септември 2011 година.

Три дена подоцна на натпреварот против Рајо Валјекано, Варан го постигнува својот првенец за Реал. Со 18 години и 152 дена станува најмладиот странски играч стрелец за Реал.[2]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Варан ги поминал сите категории на француската фудбалска репрезентација, а на своето деби за П-18 постигнува гол против Данска. Набрзо добива повик за репрезентацијата П-21. Својот единствен гол за репрезентацијата П-21 го постигнал на натпреварот против Словачка.

Францускиот фудбалски селектор во мај 2016 година го објави пописот за настап на Европското првенство во Франција, на кој е изоставен Варан заради повреда. Варан се повреди на тренинг на Реал Мадрид за финалето од Лигата на шампиони против Атлетико Мадрид, а бидејќи за заздравување му требало околу три недели, го пропуштил не само финалето од Лигата на шампионите, туку и Европското првенство.[3][4]

Трофеи[уреди | уреди извор]

Клуб[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]