Патрис Евра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Франција Патрис Евра
Patrice Evra Euro 2012.jpg
Лични податоци
Роден на 15 мај 1981 (1981-05-15) (воз. 35 г.)
Роден во Дакар, Сенегал
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 33
Агент Италија Федерико Пасторело
Младинска кариера
Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998-1999 Марсала Марсала 24 (3)
1999-2000 Монца Монца 3 (0)
2000-2002 Ница Ница 40 (1)
2002-2006 Монако Монако 120 (2)
2006-2014 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 273 (7)
2014- Јувентус Јувентус 40 (2)
Репрезентација
2002-2003 ФранцијаФранција 21 11 (0)
2004- Франција Франција 69 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 15 фебруари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 15 фебруари 2012

Патрис Латир Евра (роден на 15 мај 1981 година во Дакар) е француски фудбалер со сенегалско потекло, лев бек на Јувентус и на француската репрезентација.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Иако првично играл како напаѓач, тој првенствено игра на позицијата лев бек и е опишан како "класичен пример на модерен страничен бек", кој е познат по своето "темпо, атлетизам, и способност за вклучување во нападот ". Евра, добил многу пофалби од Сер Алекс Фергусон за својата способност да биде лидер, односно капитен и на Манчестер Јунајтед и на репрезентацијата на Франција.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Евра е роден во Дакар, Сенегал како син на дипломат, и пристигнал во Европа кога имал само една година. Тој израснал во Франција и ја започнал својата фудбалска кариера играјќи за различни клубови во регионите на Франција, како за клубот од градот во кој што живее ЦО Лес Ули и ЦФЦ Бретињи. Во 1997 година, се преселил во првиот негов професионален клуб, Париз Сен Жермен, каде што играл за младинскиот тим. Една година подоцна, Евра заминал во соседна Италија, каде го потпишал својот прв професионален договор со екипата на Марсала од Сицилија. Тој го направил своето професионално деби во Серија Ц1 во 1998 година, и ја завршил својата прва сезона како професионалец со 24 настапи и 3 гола за Марсала. Следната сезона добил ангажман во екипата на Монца во Серија Б, каде исто така останал само една сезона, пред да се врати во Франција и да потпише договор со екипата на Ница, каде што бил претворен во лев бек поради повредите на многуте соиграчи (претходно играл во средината на теренот). Евра одлично се снашол на таа позиција и на крајот од сезоната бил прогласен за најдобар лев бек во втората француска лига. Во 2002 година, Евра се преселил во Монако и веќе во првата сезона придонесол за освојувањето на Лига купот во 2003. Тој исто така играл и во Европските турнири за прв пат во својата кариера, а во сезоната 2003-2004, тој бил важна алка во тимот на Монако предводен од Дидје Дешам кој стигнал до финалето на Лигата на шампионите, но таму загубиле од Порто со убедливи 0-3. Во истата сезона во Франција, Евра ја добил наградата за млад играч на годината и исто така бил избран во тимот на сезоната на Француската Лига 1. Набргу потоа тој заиграл и за селекцијата на триколорите.

Настапите на Евра во Монако кулминирале со трансфер во англискиот гигант Манчестер Јунајтед на 10 јануари 2006 година за сума од 5.5 милиони фунти. Своето деби за црвените ѓаволи го направил само четири дена подоцна во Манчестерското градско дерби против Манчестер Сити. Во ноември истата година тој го постигнал својот прв гол во дресот на Јунајтед во натпревар против Евертон.

Додека настапувал за Манчестер Јунајтед, Евра освоил мноштво трофеи, во која се вклучени освојувањето на Лига купот во неговата дебитантска сезона во клубот. Во својата втора сезона, тој ги ставил во сенка неговиот сонародник Микаел Силвестре и Габриел Хајнце како прв избор на позицијата лев бек и оттогаш освоил пет титули во Премиер лигата, една во Лигата на шампионите, едно Светско клупско првенство, три Лига Купа, како и четири ФА Комјунити Шилд наслови. Во 2009 годината бил избран во Тимот на годината на УЕФА.

Евра во дресот на Јувентус, во дуел со Лионел Меси од Барселона во Финалето на Лигата на шампионите 2015.

На 21 јули 2014, Евра му се приклучил на Јувентус потпишувајќи две годишен договор со клубот.[1] Сумата на трансферот изнесувала 1,2 милиони фунти, а подоцна се зголемила на 1,5 милиони £, откако Јувентус успеал да се квалификува за Лигата на шампионите 2015-2016.[2] Својот прв гол за Јувентус го постигнал на 14 декември 2014 во првенствениот натпревар против Сампдорија што завршил 1-1, стрелајќи прецизно со глава по корнерот на Клаудио Маркизио во 12-тата минута.[3] По повредата на Квадво Асамоа, Евра заработил место во стартната постава на Јувентус и дал голем допринос во текот на сезоната за освојувањето на скудетото во Серија А, на 2 мај, како и Купот на Италија на 20 мај 2015, со победата над Лацио во финалето.[4][5] На 6 јуни тој го започнал Финалето на Лигата на шампионите против Барселона на Олимпискиот стадион во Берлин, во кое Јувентус бил поразен со 3-1.[6] Тоа било неговото петто појавување во финалињата на Лигата на шампионите, и со овој пораз тој станал единствениот играч кој загубил во 4 финалиња (2004, 2009, 2011, 2015).[7]

Следната сезона ја отворил со нов трофеј, по триумфот во Суперкупот на Италија над Лацио со 2-0 во Шангај. На 25 ноември 2015, Евра го направил својот 100-ти настап во Лигата на шампионите во натпревар од групната фаза против Манчестер Сити, со што станал втор французин кој успеал да го стори тоа после Тјери Анри.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Евра е исто така член на француската репрезентација. Своето деби во националниот дрес го имал во август 2004 во пријателски натпревар против Босна и Херцеговина.

Титули[уреди | уреди извор]

Франција Монако[уреди | уреди извор]

Англија Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hibbs, Ben (21 јули 2014). „Evra leaves United to join Juventus“. http://www.manutd.com/en/News-And-Features/Football-News/2014/Jul/Patrice-Evra-leaves-Manchester-United-and-joins-Juventus.aspx. конс. 21 јули 2014 г. 
  2. Manchester United: Patrice Evra joins Juventus for £1.2m“, BBC Sport (British Broadcasting Corporation), 21 јули 2014 (конс. 21 јули 2014 г).
  3. Serie A, Juve-Sampdoria 1-1: Gabbiadini risponde a Evra“, corriere dello sport.it, 14 dicembre 2014.
  4. Stefano Cantalupi. „Sampdoria-Juventus 0-1: Vidal, è festa scudetto. La Signora cala il poker“, 2 maggio 2015 (конс. 23 maggio 2015 г).
  5. Jacopo Gerna. „Juve infinita, vince la 10ª Coppa Italia: Matri piega la Lazio ai supplementari“, 23 maggio 2015.
  6. Barcelona see off Juventus to claim fifth title“, „UEFA“, UEFA.com, 6 јуни 2015.
  7. „Evra first to lose four Champions League finals“. UEFA.com. 6 јуни 2015. http://www.uefa.com/uefachampionsleague/news/newsid=2254098.html. конс. 26 ноември 2015 г.