ФК Сампдорија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сампдорија
Sampdoria badge.png
Целосно имеУнионе Калчо Сампдорија, СпА
ПрекарСамп
Основан1 август 1946
ЛокацијаЏенова, Италија
СтадионСтадион Лујџи Ферарис
Капацитет36,536
ПретседателИталија Масимо Фереро
ТренерИталија Марко Џампаоло
ЛигаСерија А Серија А
2017–18Серија А, 10-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Унионе Калчо Сампдорија или ФК Сампдорија е италијански фудбалски клуб од градот Џенова. Клубот бил основан на 1 август 1946 година со спојување на два други клуба, Сампиердаренсе и Андреа Дорија. Моментално клубот се натпреварува во првата лига или Серија А. Боите на клубот се сина, бела, црвена и црна. Својте домашни натпревари Сампдорија ги игра на стадионот Лујџи Ферарис, кој е со капацитет од 36,536 гледачи. Стадионот го делат со нивниот градски соперник, екипата на Џенова 1893.

Историја[уреди | уреди извор]

Сампдорија го освои скудетото во сезоната 1990-91, и тоа до денес останува нивниот единствен наслов шампион на Италија. Клубот има четири наслови во италијанскиот куп освоени во 1985, 1988, 1989, и 1995 година. Исто така Сампдорија има една титула и во Купот на победниците на куповите освоена во 1990 година и има играно во финалето на Лигата на шампионите во 1992, каде биле поразени од Барселона со 1-0 по продолженијата откако натпреварот завршил нерешено во регуларниот тек.

Од последниов настан наваму, Сампдорија немала значејни успеси во следната деценија, дотолку повеќе што клубот во дури го загубил елитниот статус и испаднал во Серија Б во 1999 година.

Најголемите успеси на Сампдорија по враќањето во Серија А беа во сезоните 2004-05 и 2009-10. Во сезоната 2004-05 тие го освоија 5-тото место во Серија А и изборија настап во Купот на УЕФА. Истата таа сезона "за влакно" им побегна 4-тото место и настап во Лигата на шампионите по подолго време, но во последното коло неуспеаа да ја победат Болоња и ја загубија трката за четвртото место од Удинезе.

Но сепак, тоа што не им успеа тогаш им успеа 5 години подоцна кога Сампдорија го освои 4-тото место во Серија А во сезоната 2009-10. Тоа значеше настап во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона, каде тие се сретнаа со германскиот Бундеслигаш Вердер Бремен. Во првиот натпревар во Германија, Вердер победи со 3-1, но во реваншот Сампдорија возврати со ист резултат по што се играа продолженија. Во нив одлучувачки беше голот на Клаудио Пизаро во 100-тата минута со кој Сампдорија беше елиминирана и неуспеа да стигне до групната фаза. Ова беше само најава за лошата сезона која следуваше, па по крајот на сезоната 2010-11 Сампдорија повторно испадна во Серија Б.

Во мај 2012 тимот се враќа во Серија А со победа во плеј-оф финалето против Варезе со 4-2 вкупен резултат.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Италија ГМ Емил Аудеро
3 Данска ОД Јоаким Андерсен
4 Англија СР Роналдо Виеира
5 Италија СР Рикардо Сапонара
6 Шведска СР Албин Екдал
7 Италија СР Јакопо Сала
8 Парагвај СР Едгар Барето
10 Белгија СР Денис Прет
11 Уругвај СР Гастон Рамирес
14 Чешка СР Јакуб Јанкто
15 Гамбија ОД Омар Коли
16 Полска СР Карол Линети
17 Италија НП Џанлука Капрари
18 Франција ОД Максим Леверб
Бр. Позиција Играч
19 Италија ОД Васко Реџини Captain sports.svg
22 Бразил ОД Жуниор Таварес
24 Полска ОД Бартош Берешински
25 Италија ОД Алекс Ферари
26 Италија ОД Лоренцо Тонели
27 Италија НП Фабио Кваљарела
29 Италија ОД Никола Муру
33 Бразил ГМ Рафаел Кабрал
40 Црна Гора СР Огњен Стјеповиќ
72 Словенија ГМ Вид Белец
92 Франција НП Грегуар Дефрел
95 Италија СР Габриеле Роландо
99 Полска НП Давид Ковнацки

Познати поранешни играчи[уреди | уреди извор]

Италија

Англија

Аргентина

Србија

Франција

Германија

Холандија

Бразил

Ирска

Шкотска

Словенија

Шпанија

Титули[уреди | уреди извор]

Надворешни врска[уреди | уреди извор]