Рикардо Сапонара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Италија Рикардо Сапонара
Saponara nel 2013.jpg
Лични податоци
Роден на 21 декември 1991 (1991-12-21) (27 г.)
Роден во Форли, Италија
Висина &100000000000001770000001,77 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Фјорентина Фјорентина
Број 8
Младинска кариера
Самартинезе
Форли Форли
Равена Равена
Емполи Емполи
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2009 Равена Равена 3 (0)
2009–2013 Емполи Емполи 83 (12)
2013–2015 Милан Милан 8 (0)
2015-2017 Емполи Емполи 68 (14)
2017- Фјорентина Фјорентина 10 (1)
Репрезентација
2009 Италија Италија 18 3 (0)
2009 Италија Италија 19 1 (0)
2011-2013 Италија Италија 21 22 (3)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 22 мај 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 27 јуни 2012

Рикардо Сапонара (роден на 21 декември 1991, во Форли) е италијански фудбалер, играч од средниот ред на Фјорентина.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Сапонара е офанзивен играч од средниот ред со добра техника, брзина и физичка сила, исто така, има одличен дриблинг, но не ги заборава ни дефанзививните задачи. Може да дејствува и како офанзивно крило (најчесто десно).[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Равена[уреди | уреди извор]

Сапонара пораснал играјќи фудбал во младинските школи на Самартинезе и Форли,[2][3] а во текот на летото на 2007 се префлил во екипата на Равена во Серија Б, иако сеуште настапувал во Примавера шампионатот. Во сезоната 2008-2009 екипата на Равена испаднала во Лега Про Прима Дивизионе и Сапонара бил вклучен во првиот тим на тренерот Џанлука Атѕори, каде што тој собрал седум натпревари, вклучувајќи и еден настап во Купот на Италија против Џенова[4][5] и 3 во Лега Про купот.

Емполи и Милан[уреди | уреди извор]

На 24 јануари, 2009, Емполи го купил Сапонара преку договор за ко-сопственост[6] за 750.000 евра.[7] На 25 јуни 2010, по две сезони во Примавера, екипата од Тоскана целосно го откупила договорот на играчот од Равена.[8][9] за 500.000 евра.[7] Тој го направил своето деби во првиот тим на 13 ноември, во натпреварот против Аталанта во Серија Б во кој неговиот тим победил со 3-0 на домашен терен.[10] Својата прва сезона во Емполи ја завршил со 17 лигашки настапи, од кој седум како стартер.

Следната сезона тој го постигнал својот прв гол како професионалец, за време на натпреварот против Реџина (3-2) на 26 септември 2011.[11] Во текот на неговата втората сезона во клубот одиграл 30 натпревари во Серија Б, од кој 21 како стартер, 2 во плејаутот (во кои Тосканците излегле како победници по два натпревари против Виченца и обезбедиле опстанок) и 2[12] во Купот на Италија. На 1 септември, 2012, за време на сезоната 2012-2013, за прв пат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар, во ремито 2-2 против Новара.[13] По првата половина од сезоната, во која на 18 натпревари, Сапонара постигнал 8 гола и 7 асистенции,[1] на 21 јануари 2013 на Милан откупил 50% од неговиот договор[14] за 3,8 милиони €;[15] играчот останал на позајмица во Емполи до крајот на сезоната.[16]

Емполи ја завршил сезоната на 4 место во лигата, обезбедувајќи учество во плејофот, каде тие биле поразени во финалето од Ливорно.[17] Вкупно Сапонара одиграл 40 натпревари и постигнал 13 гола за сезоната 2012-2013.[18] По завршувањето на позајмицата, тој ја започнал неговата авантура со росонерите, одлучувајќи да го носи дресот со број 8.[19] Тој го направил своето деби со екипата од Милано на 27 октомври 2013 година, во 9-тото коло од шампионатот, во поразот со 3-2 на гостувањето кај Парма.[20] На 22 декември за прв пат во дресот на Милан бил стартер, играјќи во Миланското дерби против Интер[21] (пораз со 1-0). На 20 јуни 2014 година, Милан ја откупил и втората половина од договорот на играчот.[22]

Враќање во Емполи[уреди | уреди извор]

На 16 јануари, 2015, Сапонара се вратил во Емполи на позајмица до крајот на сезоната, со право на откуп.[23] Своето деби го направил четири дена подоцна во натпреварот Рома-Емполи 2-1 во Купот на Италија. Дебитирал во лигата, десет дена подоцна во натпреварот Емполи-Удинезе 1-2 отворајќи го резултатот од пенал; ова бил неговиот прв гол во Серија А во кариерата и првиот гол во неговата второ искуство со тосканците. На 22 март за прв пат бил двоен стрелец на еден натпревар во Серија А, во натпреварот Емполи-Сасуоло 3-1.[24] На 13 мај 2015 година бил откупен од Емполи за 4 милиони €[24].

На 23 август, 2015, го одбележал својот прв гол за сезоната против Кјево, за моментален резултат 1-0 (на крајот Кјево победил со 1-3). Веќе во следното коло повторно бил стрелец во поразот со 2-1 од неговиот поранешен тим Милан.

Фјорентина[уреди | уреди извор]

На 28 февруари 2017, Сапонара се преселил во Фјорентина на заем до крајот на сезоната со обврска за откуп на играчот по завршувањето на позајмицата.[25]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Сапонара може да се пофали со 26 натпревари и 3 гола за три различни италијански младински репрезентации. На 22 септември, 2009, дебитирал во дресот на репрезентацијата под 19 години, влегувајќи како замена во второто полувреме на пријателскиот натпревар против Данска кој го загубиле со 4-1.[26]

Статистика[уреди | уреди извор]

Статистика е ажурирана на 2 ноември 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2008-2009 Италија Равена 3 0 КИ+КИ-ЛП 1+3 0+0 - - - - - - 7 0
2010-2011 Италија Емполи Б 17 0 КИ 0 0 - - - - - - 17 0
2011-2012 Б 30+2[27] 1+0[27] КИ 2 0 - - - - - - 34 1
2012-2013 Б 36+4[28] 11+2[28] КИ 0 0 - - - - - - 40 13
2013-2014 Италија Милан А 7 0 КИ 0 0 ЛШ[29] - - - - - 7 0
2014-јан. 2015 А 1 0 КИ 0 0 - - - - - - 1 0
Вкупно Милан 8 0 0 0 - - - - 8 0
јан.-јун. 2015 Италија Емполи А 17 7 КИ 1 0 - - - - - - 18 7
2015-2016 А 33 5 КИ 1 0 - - - - - - 34 5
2016-јан. 2017 А 18 2 КИ 1 0 - - - - - - 19 2
Вкупно Емполи 151+6 26+2 5 0 - - - - 162 28
јан.-јун. 2017 Италија Фјорентина А 11 2 КИ - - ЛЕ 0 0 - - - 11 2
2017-2018 А 11 0 КИ 2 0 - - - - - - 13 0
Вкупно Фјорентина 22 2 2 0 0 0 - - 24 2
Вкупно во кариерата 184+6 28+2 11 0 0 0 - - 201 30

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Simone Gambino. goal.com, уред. "Generazione di Fenomeni - Riccardo Saponara, da scheggia dell'Empoli a 'top young' nel Milan... ricordando Kakà". конс. 22 gennaio 2013.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  2. Maurizio Garavini (13 gennaio 2011). sanmartinoinstrada.com, уред. "Riccardo Saponara - dalla Sammartinese all'Empoli!!!". конс. 22 gennaio 2013. 
  3. Daniele Guarneri (11 gennaio 2013). tempi.it, уред. "Riccardo Saponara, ecco chi è il nuovo acquisto del Milan. «Più che Kaka, sembra El Shaarawy»". конс. 22 gennaio 2013. 
  4. Mauro Casaccia (3 ottobre 2008). Il Secolo XIX, уред. "Il Principe entra e vince". конс. 22 gennaio 2013. 
  5. transfermarkt.it, уред. (2 ottobre 2008). "Genoa - Ravenna 2 : 1". конс. 22 gennaio 2013. 
  6. Stefano Sica (24 gennaio 2009). tuttomercatoweb.com, уред. "Ufficiale: Saponara è dell'Empoli". конс. 22 gennaio 2013. 
  7. 7,0 7,1 Fabrizio Romano (28 dicembre 2012). tuttomercatoweb.com, уред. "Saponara fu già a un passo dall'Inter: il retroscena". конс. 22 gennaio 2013. 
  8. tuttomercatoweb.com (уред.). "Ufficiale: Saponara all'Empoli". конс. 22 gennaio 2013.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  9. calciomercato.com, уред. (25 giugno 2010). "Empoli: Dal Ravenna c'è Saponara". конс. 3 marzo 2014. 
  10. legaseriea.it, уред. (13 novembre 2010). "Empoli 3 - 0 Atalanta". конс. 22 gennaio 2013. 
  11. legaserieb.it, уред. (26 settembre 2011). "Empoli 3 -2 Reggina". конс. 22 gennaio 2013. 
  12. "Riccardo Saponara - Rendimento 2011/12". конс. 6 luglio 2015.  Unknown parameter |site= ignored (помош);
  13. legaserieb.it, уред. (1º settembre 2012). "Novara 2 - 2 Empoli". конс. 22 gennaio 2013. 
  14. legaseriea.it (уред.). "Tutti i trasferimenti - Milan". конс. 28 febbraio 2014. 
  15. transfermarkt.it (уред.). "Riccardo Saponara". конс. 22 јануари 2013. 
  16. legaserieb.it (уред.). "Tutti i trasferimenti - Empoli". конс. 22 gennaio 2013. 
  17. La Gazzetta dello Sport (уред.). "Livorno-Empoli 1-0. Toscani in serie A, gol promozione di Paulinho".  Unknown parameter |accesso= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош); Unknown parameter |autore= ignored (помош)
  18. transfermarkt.it (уред.). "Riccardo Saponara – Statistiche stagione in corso 12/13". конс. 18 giugno 2013. 
  19. acmilan.com, уред. (22 luglio 2013). "Stagione 2013/14: i numeri di maglia ufficiali del Milan". конс. 22 luglio 2013. 
  20. Marco Pasotto (27 ottobre 2013). La Gazzetta dello Sport, уред. "Parma-Milan 3-2, Parolo esalta il Tardini". конс. 27 ottobre 2013. 
  21. ANSA, уред. (22 dicembre 2013). "Inter-Milan: Saponara, prima da titolare". конс. 23 dicembre 2013. 
  22. acmilan.com, уред. (20 giugno 2014). "AC Milan comunicato ufficiale". конс. 21 giugno 2014. 
  23. empolicalcio.net, уред. (16 gennaio 2015). "Preso Riccardo Saponara". конс. 16 gennaio 2015. 
  24. 24,0 24,1 Davide Russo de Cerame. "Addio Milan, l'Empoli riscatta Saponara".  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  25. "SAPONARA E’ UN CALCIATORE DELLA FIORENTINA". it.violachannel.tv (Italian). 
  26. transfermarkt.it (уред.). "Danimarca U19 - Italia U19 4 : 1". конс. 22 gennaio 2013.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  27. 27,0 27,1 Плејаут.
  28. 28,0 28,1 Плејоф.
  29. Не бил вклучен на списокот за УЕФА.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]