Прејди на содржината

Франк Рибери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Франк Рибери
Лични податоци
Полно име Франк Анри Пјер Рибери[1]
Роден на 7 април 1983(1983-04-07)(43 г.)
Роден во Болуњ-сур-Мер, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001700000001,70 м
Играчки податоци
Позиција крило
Повлекување 21 октомври 2022 (39 г.)
Младинска кариера
1996–1999 Лил Лил
1999–2000 Булоњ Булоњ
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000–2002 Булоњ Булоњ 28 (6)
2002–2003 Алес Алес 19 (1)
2003–2004 Брест Брест 35 (3)
2004–2005 Мец Мец 20 (1)
2005 Галатасарај Галатасарај 14 (0)
2005–2007 Марсеј Олимпик Марсеј 60 (11)
2007–2019 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 273 (85)
2019–2021 Фјорентина Фјорентина 50 (5)
2021–2022 Салернитана Салернитана 24 (0)
Репрезентација
2004–2006 Франција Франција 21 13 (2)
2006–2014 Франција Франција 81 (16)

Франк Хенри Пјер Рибери (француски: Franck Henry Pierre Ribéry, роден на 7 април 1983 во Болуњ-сур-Мер) — поранешен француски фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач.

Технички одлики

[уреди | уреди извор]

Тој главно на почетокот на кариерата настапувал како крилен играч од средината на теренот, најчесто на левата страна, иако игра со десната нога, и е познат по брзиот чекор, енергијата, вештините и прецизните додавања.[2] Рибери е опишан како играч кој е брз и одличен дриблер, кој има голема контрола над топката.[3] Откако се приклучил на Баерн, тој бил признат на светската фудбалска сцена како еден од најдобрите француски фудбалери на својата генерација.

Претходниот талисман на француската репрезентација, Зинедин Зидан, го нарекол Рибери „Бисер на францускиот фудбал“.[4]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Рибери ја започнал својата кариера, во 1989 година на возраст од само 6 години, приклучувајќи се во академијата на локалниот аматерски клуб Конти Булоњ. Тој го напуштил клубот по седум години и во 1996 година преминал во младинската школа на Лил, но по три години поради тешкотии во прилагодувањето се вратил во Булоњ. Во 1999 година, Рибери му се приклучил на УС Булоњ, каде дебитирал како професионалец во Аматерското првенство на Франција.

Во 2002 година, тој се преселил во Алес, а следната година го носел дресот на екипата на Брест.

Во 2004 година, Рибери бил ангажиран од страна на екипата на Мец, со која го направил своето деби во најсилната француска фудбалска лига, Лига 1. Иако во првиот дел од сезоната бил стандарден и забележал 20 настапи и 2 гола во лигата за Мец, сепак тој го напуштил клубот и се преселил во Турција по само шест месеци по доаѓањето во Мец.

Галатасарај

[уреди | уреди извор]

Во јануари 2005, Рибери потпишал за Галатасарај. Својата највпечатлива партија во дресот на "Галата" ја имал во финалето на Купот на Турција, каде тој бил клучна фигура на својот тим во незаборавната победа со 5-1 над Фенербахче на 11 мај 2005. Рибери го постигнал првиот гол во натпреварот по само 15 минути игра и асистирал за уште еден пред да биде заменет во второто полувреме. Освојувањето на Купот на Турција, всушност бил неговиот прв освоен трофеј во кариерата. Сепак и покрај среќниот крај на сезоната, Рибери си заминал од клубот на контроверзен начин, со цел да се врати во Франција.

Олимпик Марсеј

[уреди | уреди извор]

Во летото 2005 година, Рибери се вратил во својата татковина потпишувајќи договор на пет години со Олимпик Марсеј. Своето деби за клубот го имал на 30 јули 2005, во поразот со 2-0 од Бордо. Својот прв гол за клубот го постигнал на 17 септември во победата со 2-1 над Троа. Во својата прва сезона, тој му помогнал на клубот да стигне до финалето на Купот на Франција во кое тие сепак биле поразени од Париз Сен Жермен на Стад де Франс со 1-2. Вкупно за Олимпик Марсеј одиграл две сезони во кои забележал 89 настапи и постигнал 18 голови.

Бајерн Минхен

[уреди | уреди извор]
Рибери во Бајерн Минхен со дресот со број 7.

Во 2007 година, Рибери се преселил во германскиот гигант Бајерн Минхен за сума од 25 милиони евра, потпишувајќи четиригодишен договор.

Во 12 сезони колку што поминал во Бајерн, тој освоил со нив буквално сè што можело да се освои вклучувајќи: девет титули во Бундеслигата, шест во Купот на Германија, еден Лига куп, четири суперкупа, како и Лигата на шампионите во сезоната 2012-2013, Светското клупско првенство (2013) и Суперкупот на УЕФА (2013). Неговата одлична форма и одличните игри на Бајерн во сезоната 2012-2013, во која клубот ја освоил тројната круна, го довела Рибери до номинација во изборот за најдобар играч на годината и добитник на Златната топка, заедно со Лионел Меси и Кристијано Роналдо која сепак на крајот му припаднала на португалецот од екипата на Реал Мадрид.

Вкупно за Бајерн Минхен одиграл 425 натпревари и постигнал 124 голови.

Фјорентина

[уреди | уреди извор]

Во август 2019 година, Рибери како слободен играч потпишал едногодишен договор со италијанската Фјорентина.[5] Своето деби за виола го направил на 24 август, влегувајќи како замена во првото коло на Серија А во поразот со 3-4 на домашен терен од Наполи.[6] Својот прв гол за клубот го постигнал во ремито 2-2 на гостувањето кај Аталанта на 22 септември.[7]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Во периодот помеѓу 2006 и 2014 година, Рибери одиграл 81 натпревар за француската сениорска репрезентација. Тој исто така ја претставувал својата држава на две Светски првенства во 2006 и 2010 и две Евроски првенства во 2008 и 2012 година.

Своето деби за репрезентацијата Рибери го направил во мај 2006 година против Мексико. Својот прв репрезентативен погодок го постигнал на Светското првенство 2006, против Шпанија, а на истото првенство играл и во финалето во против Италија во кое неговата репрезентација загубила по изведување на пенали.

Својот последен настап за "триколорите" го имал во март 2014 година, кога влегол како замена во второто полувреме при победата со 2-0 над Холандија во пријателски натпревар.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Франција
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
27-5-2006Сен ДениФранција Франција1 – 0Мексико МексикоПријателска-влегол во игра 75'
31-5-2006ЛенсФранција Франција2 – 0Данска ДанскаПријателска-влегол во игра 66'
7-6-2006Сен ЕтјенФранција Франција3 – 1Кина КинаПријателска-влегол во игра 75'
13-6-2006ШтутгартФранција Франција0 – 0Швајцарија ШвајцаријаСП 2006 - Прва фаза-заменет 70'
18-6-2006ЛајпцигФранција Франција1 – 1Јужна Кореја Јужна КорејаСП 2006 - Прва фаза-влегол во игра 60'
23-6-2006КелнТого Того0 – 2Франција ФранцијаСП 2006 - Прва фаза-заменет 77'
27-6-2006ХановерШпанија Шпанија1 – 3Франција ФранцијаСП 2006 - Осминафинале1добил жолт картон во 88-мата минута 88'
1-7-2006ФранкфуртБразил Бразил0 – 1Франција ФранцијаСП 2006 - Четвртфинале-заменет 77'
5-7-2006МинхенПортугалија Португалија0 – 1Франција ФранцијаСП 2006 - Полуфинале-заменет 72'
9-7-2006БерлинИталија Италија1 – 1 прод.
(5 – 3 пен.)
Франција ФранцијаСП 2006 - Финале-заменет 100'
16-8-2006СараевоБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина1 – 2Франција ФранцијаПријателска-заменет 69'
2-9-2006ТбилисиГрузија Грузија0 – 3Франција ФранцијаКвал. за Евро 2008-заменет 69'
6-9-2006Сен ДениФранција Франција3 – 1Италија ИталијаКвал. за Евро 2008-заменет 88'
7-10-2006ГлазговШкотска Шкотска1 – 0Франција ФранцијаКвал. за Евро 2008-заменет 74'
11-10-2006SochauxФранција Франција5 – 0Фарски Острови Фарски ОстровиКвал. за Евро 2008-
7-2-2007Сен ДениФранција Франција0 – 1Аргентина АргентинаПријателска-
2-6-2007Сен ДениФранција Франција2 – 0Украина УкраинаКвал. за Евро 20081
6-6-2007ОсерФранција Франција1 – 0Грузија ГрузијаКвал. за Евро 2008-заменет 90+5'
22-8-2007ТрнаваСловачка Словачка0 – 1Франција ФранцијаПријателска-заменет 72'
8-9-2007МиланоИталија Италија0 – 0Франција ФранцијаКвал. за Евро 2008-заменет 86'
12-9-2007ПаризФранција Франција0 – 1Шкотска ШкотскаКвал. за Евро 2008-
13-10-2007ТоршавниФарски Острови Фарски Острови0 – 6Франција ФранцијаКвал. за Евро 2008-заменет 64'
17-10-2007НантФранција Франција2 – 0Литванија ЛитванијаКвал. за Евро 2008-
21-11-2007КиевУкраина Украина2 – 2Франција ФранцијаКвал. за Евро 2008-заменет 89'
26-3-2008Сен ДениФранција Франција1 – 0Англија АнглијаПријателска1добил жолт картон во 38-мата минута 38'
31-5-2008ТулузаФранција Франција0 – 0Парагвај ПарагвајПријателска-заменет 46'
3-6-2008Сен ДениФранција Франција1 – 0Колумбија КолумбијаПријателска1заменет 75'
9-6-2008ЦирихРоманија Романија0 – 0Франција ФранцијаЕвро 2008 - Прва фаза-
13-6-2008БернХоландија Холандија4 – 1Франција ФранцијаЕвро 2008 - Прва фаза-
17-6-2008ЦирихФранција Франција0 – 2Италија ИталијаЕвро 2008 - Прва фаза-заменет 10'
11-10-2008КонстанцаРоманија Романија2 – 2Франција ФранцијаКвал. за СП 20101заменет 90+1'
14-10-2008Сен ДениФранција Франција3 – 1Тунис ТунисПријателска-заменет 46'
19-11-2008Сен ДениФранција Франција0 – 0Уругвај УругвајПријателска-заменет 58'
11-2-2009МарсејФранција Франција0 – 2Аргентина АргентинаПријателска-
28-3-2009КаунасЛитванија Литванија0 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 20101
1-4-2009Сен ДениФранција Франција1 – 0Литванија ЛитванијаКвал. за СП 20101
2-6-2009Сент-ЕтјенФранција Франција0 – 1Нигерија НигеријаПријателска-заменет 70'
5-6-2009ЛионФранција Франција1 – 0Турција ТурцијаПријателска-влегол во игра 59'
12-8-2009ТоршавнФарски Острови Фарски Острови0 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2010-влегол во игра 65'
5-9-2009Сен ДениФранција Франција1 – 1Романија РоманијаКвал. за СП 2010-влегол во игра 57'
9-9-2009БелградСрбија Србија1 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2010-влегол во игра 77'
3-3-2010Сен ДениФранција Франција0 – 2Шпанија ШпанијаПријателска-заменет 74'
26-5-2010ЛенсФранција Франција2 – 1Костарика КостарикаПријателска-заменет 84'
30-5-2010РадесТунис Тунис1 – 1Франција ФранцијаПријателска-заменет 46'
4-6-2010Сен ПјерФранција Франција0 – 1Кина КинаПријателска-заменет 62'
11-6-2010КејптаунУругвај Уругвај0 – 0Франција ФранцијаСП 2010 - Прва фаза-добил жолт картон во 19-тата минута 19'
17-6-2010ПолокванеФранција Франција0 – 2Мексико МексикоСП 2010 - Прва фаза-
22-6-2010БлумфонтејнФранција Франција1 – 2Јужна Африка Јужна АфрикаСП 2010 - Прва фаза-
25-3-2011ЛуксембургЛуксембург Луксембург0 – 2Франција ФранцијаQEuro-
29-3-2011ПаризФранција Франција0 – 0Хрватска ХрватскаПријателска-влегол во игра 59'
3-6-2011МинскБелорусија Белорусија1 – 1Франција ФранцијаQEuro-
6-6-2011ДонецкУкраина Украина1 – 4Франција ФранцијаПријателска-влегол во игра 64'
2-9-2011ТиранаАлбанија Албанија1 – 2Франција ФранцијаКвал. за Евро 2012-
6-9-2011БукурештРоманија Романија0 – 0Франција ФранцијаКвал. за Евро 2012-
11-11-2011Сен ДениФранција Франција1 – 0САД САДПријателска-заменет 64'
15-11-2011Сен ДениФранција Франција0 – 0Белгија БелгијаПријателска-заменет 72'
29-2-2012БременГерманија Германија1 – 2Франција ФранцијаПријателска-заменет 46'
27-5-2012ВаленсиенФранција Франција3 – 2Исланд ИсландПријателска1влегол во игра 75'
31-5-2012РемсФранција Франција2 – 0Србија СрбијаПријателска1заменет 61'
5-6-2012Ле МанФранција Франција4 – 0Естонија ЕстонијаПријателска1заменет 64'
11-6-2012ДонецкФранција Франција1 – 1Англија АнглијаЕвро 2012 - Прва фаза-
15-6-2012ДонецкУкраина Украина0 – 2Франција ФранцијаЕвро 2012 - Прва фаза-
19-6-2012КиевШведска Шведска2 – 0Франција ФранцијаЕвро 2012 - Прва фаза-
23-6-2012ДонецкШпанија Шпанија2 – 0Франција ФранцијаЕвро 2012 - Четвртфинале-
15-8-2012Ле АврФранција Франција0 – 0Уругвај УругвајПријателска-
7-9-2012ХелсинкиФинска Финска0 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2014-заменет 89'
11-9-2012Сен ДениФранција Франција3 – 1Белорусија БелорусијаКвал. за СП 20141заменет 90'
12-10-2012Сен ДениФранција Франција0 – 1Јапонија ЈапонијаПријателска-заменет 68'
16-10-2012МадридШпанија Шпанија1 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2014-
14-11-2012ПармаИталија Италија1 – 2Франција ФранцијаПријателска-заменет 64'
6-2-2013Сен ДениФранција Франција1 – 2Германија ГерманијаПријателска-
22-3-2013Сен ДениФранција Франција3 – 1Грузија ГрузијаКвал. за СП 20141заменет 78'
26-3-2013Сен ДениФранција Франција0 – 1Шпанија ШпанијаКвал. за СП 2014-
14-8-2013БриселБелгија Белгија0 – 0Франција ФранцијаПријателска-
6-9-2013ТбилисиГрузија Грузија0 – 0Франција ФранцијаКвал. за СП 2014-
10-9-2013ГомелБелорусија Белорусија2 – 4Франција ФранцијаКвал. за СП 20142заменет 80'
11-10-2013ПаризФранција Франција6 – 0Австралија АвстралијаПријателска1заменет 63'
15-10-2013Сен ДениФранција Франција3 – 0Финска ФинскаКвал. за СП 20141
15-11-2013КиевУкраина Украина2 – 0Франција ФранцијаКвал. за СП 2014-
19-11-2013Сен ДениФранција Франција3 – 0Украина УкраинаКвал. за СП 2014-
5-3-2014Сен ДениФранција Франција2 – 0Холандија ХоландијаПријателска-влегол во игра 63'
Вкупно Настапи 81 Голови 16
Ribéry collecting the Globe Soccer Awards Best Player of the Year award (2013)

Турција Галатасарај

[уреди | уреди извор]
2004-2005.

Франција Олимпик Марсеј

[уреди | уреди извор]
2005.

Германија Бајерн Минхен

[уреди | уреди извор]
2007-2008, 2009-2010, 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019.
2007-2008, 2009-2010, 2012-2013, 2013-2014, 2015-2016, 2018-2019.
2007.
2012, 2016, 2017, 2018.
2012-2013 (финале 2009-2010, 2011-2012).
2013.
2013.

Репрезентација

[уреди | уреди извор]
Франција Франција
  1. „FIFA Club World Cup Morocco 2013: List of Players“ (PDF). FIFA. 7 December 2013. стр. 5. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-12-24. Посетено на 7 December 2013.
  2. „Franck Ribéry“. fcbayern.de. Архивирано од изворникот на 2014-02-24. Посетено на 4 June 2015.
  3. „Franck Ribéry ESPN Profile“. ESPN. Архивирано од изворникот на 2010-12-31. Посетено на 5 October 2011.
  4. „A Ferrari in the Bayern shirt“. Bundesliga.de. 27 November 2007. Архивирано од изворникот на 2010-04-25. Посетено на 10 April 2010.
  5. „Franck Ribéry joins Fiorentina on free transfer after leaving Bayern Munich“. The Guardian. 21 August 2019. Посетено на 21 August 2019.
  6. „Fiorentina 3 - 4 Napoli“. Football Italia. 24 August 2019. Посетено на 25 August 2019.
  7. „Fiorentina, Ribery's goal and the record“. www.calciomercato.com. 22 September 2019. Архивирано од изворникот на 2020-07-31. Посетено на 23 September 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]