Прејди на содржината

Вилијам Галас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вилијам Галас
Лични податоци
Полно име Вилијам Ерик Галас[1]
Роден на 17 август 1977(1977-08-17)(48 г.)[2]
Роден во Ањер на Сена, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001760000001,76 м[3]
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 16 октомври 2014 (37 г.)
Младинска кариера
1992–1994 Кан Кан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1995–1997 Кан Кан 34 (0)
1997–2001 Марсеј Олимпик Марсеј 85 (2)
2001–2006 Челси Челси 147 (12)
2006–2010 Арсенал Арсенал 101 (12)
2010–2013 Тотенхем Тотенхем 61 (1)
2013–2014 ФК Перт Глори Перт Глори 15 (1)
Репрезентација
1997 Франција Франција 20 3 (0)
1997–1998 Франција Франција 21 11 (0)
2002–2011 Франција Франција 94 (12)

Вилијам Галас (роден на 17 август 1977 во Ањер на Сена) — поранешен француски фудбалер, играч од одбраната.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Галас е братучед на Лудовик Квистен, поранешен фудбалер и репрезентативец на Гвадалупе.[4]

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Тој бил брз централен дефанзивец, физички силен, добар во скокот и ударот со глава;[5] доколку било потребно тој бил користен и како бек на двете страни.[6]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Вилијам Галас има дипломирано на Француската фудбалска академија во Клерфонтен. Својата професионална кариера ја започнал во второлигашот СМ Кан, помагајќи им да освојат титулата во втората лига и изборат промоција во 1996. По овој успех, за него интерес покажал Олимпик Марсеј, кој го довел Галас во 1997. Таму поминал четири сезони, играјќи заедно со Робер Пирес. Своето деби во Лигата на шампиони го имал токму со Марсеј, а во ова натпреварување имал и натпревар против Челси во 2000 година.

Поранешниот менаџер на Челси Клаудио Раниери го купи Галас од Марсеј во мај 2001 за 6,2 милиони фунти. Галас го одбрал бројот 13, бидејќи тој бил неговиот поштенски број во времето кога живеел во Марсеј. Марсеј се наоѓа во департманот Буш ду Рон каде што сите адреси започнуваат со 13. Под водството на Раниери, Галас развил цврсто одбранбено партнерство со сонародникот Марсел Десаи, а потоа и со Џон Тери; од неговото партнерство со Тери произлегла и серија од 16 натпревари без примен гол. Во Челси по потреба играл и како десен бек. Додека бил во Челси и под раководство на Раниери, Галас првпат бил повикан во репрезентацијата на Франција.

Тој беше член на составот кој освои две последователни титули во Премиер Лигата и еден Лига куп под водството на наследникот на Раниери, Жозе Мурињо. Поради сериозната повреда на левиот бек, Вејн Бриџ, во сезоната 2004-2005 Галас бил приморан да игра на неговото место. И покрај купувањето на Асиер дел Орно од Атлетик Билбао за 8 милиони фунти во 2005, Галас и понатаму играл лево, а ваквата ситуација била многу фрустрирачка за него. Сепак, тој постигнал неколку важни голови во сезоната на одбраната на титулата (2005-2006), против Тотенхем, Ливерпул и Манчестер Јунајтед. По натпреварот со Тотенхем, тој изјавил за Челси ТВ дека неговиот гол за победа, со удар од 25 метри, според него бил „најубавиот“.

Неговиот договор со Челси истекувал во мај 2007. Откако тој одбил да потпише нов договор со Челси велејќи дека клубот не му понудил доволно пари, и изјави дека имал желба да игра во Серија А; Јувентус и Милан порано веќе покажале интерес кон него, но Челси не се согласил да го продаде во мај 2006, со изговор дека сметаат на Галас за важен дел од тимот.

По Светското првенство 2006, Галас одбил да се појави на американската турнеја на клубот[7] поради замор од турнирот. При доделувањето на броевите, бројот 13 му припаднал на "новајлијата" Михаел Балак како казна за Галас, со што станало јасно дека неговата иднина на Стемфорд Бриџ е неизвесна. На Отворениот ден за навивачи на Челси, Галас било различно прифатен од неколку групи на навивачи, некои го поддржуваа, некои го исвиркуваа а трети воопшто не реагирале на него.

И покрај шпекулациите за трансфер во неколку европски клубови, преселба надвор од Англија беше неверојатна. Скандалот со местените натпревари во Серија А во 2006 го прекина интересот на Јувентус и Милан, и единствениот преостанат клуб кој покажа интерес беше Арсенал. Челзи дополнително ги засили одбранбените редевои со купувањето на холандскиот дефанзивец Калид Буларуж.

На 31 август 2006, Галас се префрлил во Арсенал како замена за Ешли Кол кој отишол во Челси[8] а Арсенал добил и доплата од 5 милиони Фунти. По трансферот, новинарите изјавувале дека Жозе Мурињо бил бесен што му било дозволено на Галас да се пресели во сопернички клуб, и дека размената Кол-Галас била договорена од Питер Кењон, еден од директорите на Челзи. По трансферот, Челзс излегле со изјава дека дефанзивецот се заканил дека намерно ќе постигнува автоголови доколку не му било дозволено да си замине.[9] Галас ги отфрли обвинувањата на Челзи и донесе заклучок дека клубот од западен Лондон нема класа и „се крие зад лажни обвинувања“.[10] Клаудио Раниери, поранешниот менаџер на Челси кој го довел Галас од Марсеј изјавил: „Не верувам во овие приказни. Навистина е неверојатно. Јас го потпишав Галас, и тој секогаш бил голем професионалец на теренот. Се разбира, не знам што се случувало во последните две години.“

Галас им аплаудира на навивачите.

Галас потпиша четиригодишен договор со Арсенал, и му бил даден дресот со број 10, кој бил слободен по пензионирањето на Денис Бергкамп. Во интервју за изданието на Официјалниот Магазин на Арсенал за октомври 2006, менаџерот Арсен Венгер ја објаснил целата ситуација околу Галас и одлуката тој да го носи дресот со бројот 10 (традиционално број за напаѓачи): „Галас не се чувствуваше пријатно со бројот 3, а сите други броеви веќе беа доделени. Затоа одлучив да му го дадам бројот 10 иако е дефанзивец, бидејќи доколку го дадев на напаѓач, тој ќе беше под константен притисок поради споредби со Денис. На почетокот не сакав да го дадам бројот на Денис никому, особено не на дефанзивец, но мислам дека ова е најдоброто решение“.[11]

Дебито на Галас за Арсенал било на позиција лев бек во натпреварот против Мидлсбро на 9 септември 2006, кој завршил нерешено 1-1, а првиот гол го постигнал против Шефилд Јунајтед на 23 септември 2006.[12][13]

На 9 август 2007, Галас бил назначен за капитен на Арсенал, а Коло Туре бил назначен за негов заменик. Ова било неочекувано, бидејќи сите мислеле дека капитенската лента ќе му биде доделена на Жилберто Силва. Неговиот прв натпревар како капитен бил на 12 август 2007 против Фулам кој завршил 2-1 за Арсенал.[14] Галас заработил повреда на препоните на натпреварот против Блекбурн на 19 август, но се врати за победата на Арсенал од 2-0 против Болтон Вондерерс на 20 октомври. Во дербито против Манчестер Јунајтед на Емирати на 3 ноември, постигнал гол во судиското продолжение, за конечен резултат 2-2.

На 24 ноември 2007, во натпреварот против Виган Атлетик, Галас повторно постигнал гол. По нафрлувањето на Бакари Сања, Галас ја свртел топката меѓу рацете на голманот на Виган, Мајк Полит, со што го отворил резултатот.[15] На 16 декември 2007, Галас постигнал гол против својот поранешен клуб Челси, што бил единствениот во натпреварот, и му донел на Арсенал три бода. Галас подоцна за овој гол изјавил: „Кога Сеск нафрли од корнер, видов дека Петар Чех тргна кон топката, и искрено мислев дека ќе ја фати. Изненаден сум што не ја фати, а мојата реакција беше чист рефлекс. Едноставно бев таму во вистинското време.“[16]

Галас бил критикуван поради неговото однесување по нерешениот резултат против Бирмингем Сити на 23 февруари 2008, натпревар на кој неговиот соиграч Едуардо да Силва заработил скршеница на подколеницата по бруталниот старт на Мартин Тејлор. Кога бил досуден пенал по стартот на Гаел Клиши во судиското продолжение, Галас отишол во половината на Бирмингем во знак на протест и стоел таму додека напаѓачот Џејмс МекФаден не го претворил пеналот во гол. Потоа, било потребно двајца од стјуардите да го спречат, кога тргнал кон соблекувалната пред крајот на натпреварот. По последниот свреж на судијара, Галас седнал на тревата и плачел цели две минути додека другите играчи го напуштале теренот пред да дојде менаџерот Венгер за да го утеши.

Галас постигна гол и на гостувањето кај Болтон, во натпревар кој заврши со победа на Арсенал од 2-3 на 29 март 2008, со што го започнал пресвртот кој топџиите го оствариле со десет играчи. Како одговор на шпекулациите дека на Галас ќе му биде одземена капитенската лента поради неговото однесување по натпреварот со Бирмингем, Венгер изјавил дека ќе размисли за тоа на крајот на сезоната.[17]

Во август 2008, било објавено дека Галас ќе остане капитен и во сезоната 2008-2009.[18] Тој одлично ја започнал сезоната во Лигата на шампионите; во шест натпревари постигнал 3 гола, два против Твенте и еден за израмнување против Динамо Киев. На 29 октомври 2008 година, го постигнал својот прв гол за сезоната во Премиер лигата, против Тотенхем на Емирати, вториот за Арсенал во натпреварот што завршил без победник 4-4. На 8 ноември 2008 година, по победата со 2–1 над Манчестер Јунајтед, тој бил пофален за својот настап додека играл во срцето на одбраната со поранешниот дефанзивец на Јунајтед, Микаел Силвестр. Тврдењето било дека тој ги надминал дефанзивците на Јунајтед Рио Фердинанд и Немања Видиќ.[19]

Во ноември, Галас дал интервју за Асошиејтед прес во кое ги откри тензиите во тимот кои го нарушуваат моралот и сугерирал дека помладите играчи на Арсенал треба да покажат поголема храброст доколку тимот сака да биде успешен.[20][21] Тој бил изоставен од тимот за следниот натпревар, против Манчестер Сити, и било пријавено дека ќе биде казнет со кратење на платата за две недели.[22] Извештаите дека трајно ќе му биде одземена капитенската функција, се потврдиле од Арсенал на 24 ноември, кога со капитенската лента го наследил Сеск Фабрегас.[23] Спротивно на медиумските шпекулации, Венгер рекол дека Галас се уште има иднина во клубот, а потврда за тоа бил и неговиот настап веќе во следниот натпревар на клубот.[24][25]

На 17 март 2009 година, Галас го постигнал победничкиот гол во победата со 2–1 над Хал Сити во четвртфиналето на ФА Купот. На 10 април 2009 година, официјално станало јасно дека Галас ќе го пропушти остатокот од сезоната, откако претрпел оштетување на медијалните лигаменти на десното колено за време на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Виљареал. Натпреварот заврши 1-1, а тој бил на теренот само до 43-тата минута.[26]

Сезоната 2009–2010, Галас ја започнал во одлична форма, постигнувајќи три гола во неговите први три натпревари. Тој формирал партнерство со белгискиот централен дефанзивец Томас Вермален,[27] единственото позначајно летно засилување на Арсенал, и таа двојка постигнала заедно седум гола во првите осум првенствени натпревари. На 22 август, на првиот домашен натпревар во сезоната, тој постигнал бизарен гол против Портсмут; Вермален се обиде да постигне гол по изведениот корнер, но Галас случајно ја удрил топката во неговото лице и таа се одбила во мрежата.[28]

На 17 февруари, Галас го започнал својот 100-ти првенствен натпревар за Арсенал во поразот со 2–0 од Челси на Стемфорд Бриџ. Тој претрпел повреда во втората половина од сезоната и не играл повеќе од два месеци; изненадувачки, тој се вратил во стартната постава за натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Барселона, само за да биде изваден на носилки пред крајот на првото полувреме обновувајќи ја повредата. Откако пропаднале разговорите за нов договор, ова се покажал како неговиот последен натпревар за Арсенал. Галас го напуштил клубот во текот на летото како слободен агент, после вкупно 142 настапи и 17 гола за клубот.

Тотенхем

[уреди | уреди извор]
Галас (лево) во дуел со поранешниот соиграч Сеск Фабрегас од Арсенал во 2010

На 20 август 2010 година, менаџерот на Тотенхем Хотспар, Хари Реднап, потврдил дека Галас е подготвен да му се приклучи на клубот и го опишал неговото ангажирање како потез „без размислување“.[29] Трансферот бил потврден на 22 август, по што Галас потпишал едногодишен договор со клубот од Вајт Харт Лејн.[30] Со тоа, Галас станал првиот играч кој настапувал за Челси, Арсенал и Тотенхем; Клајв Ален играл за Тотенхем и Челси и имаше престој во Арсенал на почетокот на неговата кариера, но никогаш не заиграл за нив.[31] По првиот тренинг со својот нов тим, Галас изјавил како верува дека Спарс имаат потенцијал да ја освојат Премиер лигата.[32]

Галас го направил своето деби за првиот тим на 11 септември во ремито 1–1 на гостувањето кај Вест Бромвич Албион.[33] На 20 ноември, како резултат на повредите на редовните капитени Ледли Кинг и Мајкл Доусон, Галас бил капитен на Тотенхем за првпат против неговиот поранешен клуб Арсенал на Емирати во незаборавната победа на Тотенхем со 2–3, прва победа на Спарс над Арсенал од 1993 година. На 2 февруари 2011 година, Галас му партнирал на Себастјан Басонг во центарот на одбраната во натпреварот против Блекбурн на Ивуд Парк добиен со 1–0 во средината на неделата.[34] Галас продолжил да импресионира со Тотенхем во 2011 година. Во нокаут-фазата на Лигата на шампионите, тој имал два впечатливи настапи против Милан за да му помогне на тимот да избори четвртфинален натпревар против Реал Мадрид во првиот обид на клубот во натпреварувањето.

И покрај сезоната на чести промени во одбраната за Тотенхем поради многуте повреди на неговите колеги одбранбени играчи, Галас се претставил силно во текот на неговата прва сезона со клубот и бил награден со двегодишно продолжување на договорот во март 2011 година, што го задржало во клубот до крајот на сезоната 2012-2013. Во својата дебитантска сезона за Спарс, тој забележал 36 настапи во сите натпреварувања.[35]

За време на Премиер лигата 2011-2012, Галас претрпел неколку повреди што му ја намалиле минутажата оваа година, забележувајќи само 19 настапи за Тотенхем во текот на сезоната, особено под светлата на силната конкуренција за централното место во Мајкл Доусон и Ледли Кинг. Во следната сезона, Галас одиграл 17 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи го својот прв гол за клубот - а исто така и неговиот прв гол во повеќе од две години - против поранешниот клуб Челси во поразот со 4–2.[36] На 7 јуни 2013 година, Премиер лигата потврдила дека тој е ослободен од Тотенхем.[37]

Перт Глори

[уреди | уреди извор]

На 23 октомври 2013 година, Галас потпишал едногодишен договор со Перт Глори,[38] станувајќи првиот французин кој играл во австралијската А-лига. Меѓудругото, со доаѓањето во споменатата лига, Галас им се придружил на други ѕвезди на европскиот фудбал кои веќе играле таму како, Алесандро Дел Пјеро, Емил Хески и Шинџи Оно.[39] Галас го направил своето деби за Перт во 6-тото коло против Аделаид Јунајтед, влегувајќи како замена.[40] Тој го постигнал својот прв гол на 3 септември 2014 година, во ремито 1–1 против Велингтон Феникс.[41] Се пензионирал по завршувањето на А-лигата 2013-2014, запишувајќи 15 настапи и постигнувајќи еден гол.[42][43]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]
Галас со Франција на Евро 2008

Галас беше дел од репрезентација на Франција под 18 години, која го освоила Европското првенство во споменатата возраст. Тој исто така играл за француската репрезентација под 20 години на Светското првенство 1997 заедно со Тјери Анри, Давид Трезеге, Никола Анелка, Микаел Силвестр и Вили Сањол.

Во октомври 2002 година, Галас дебитирал за сениорската репрезентација на Франција во натпревар од квалификации за Европското првенство 2004 против Словенија.[44] Тој беше вклучен во составот на репрезентацијата за Купот на конфедерации 2003 и одиграл цели 90 минути за Les Bleus во победата со 1-0 над Камерун во финалето. Тој продолжил да ја претставува својата земја, играјќи и на Европското првенство 2004, почнувајќи во три од четирите натпревари на Франција, на патот до нивната елиминација од подоцнежниот шампион Грција во четвртфиналето. Во август 2005 година, Галас го постигна својот прв гол за националниот тим во пријателски натпревар против Брегот на Слоновата Коска.

Натаму, Галас бил редовен стартер за Франција и на патот на репрезентацијата до финалето на Светското првенство 2006, каде загубиле на пенали од Италија на Олимпискиот стадион во Берлин. Во септември 2006 година, тој го одиграл својот 50-ти натпревар за Франција во победата со 3–1 против Италија на Стад де Франс во квалификациите за Европското првенство 2008. На Европското првенство 2008, Галас повторно бил редовен стартер за триколорите кој сепак разочарале и го завршиле своето учество уште во групната фаза.

Во ноември 2009 година, Галас постигна гол кој на Франција и помогнал да се квалификува за Светското првенство 2010. Голот бил постигнат во продолжението од плејоф-натпреварот за пласман на Светското првенство против Ирска, со што резултатот бил израмнет на 1–1, а Франција со вкупен резултат 2–1 победила и се пласирала на првенството. Сепак, голот бил многу контроверзен и се нашол во центарот на вниманието на фудбалската јавност бидејќи бил постигнат на недозволен начин откако неговиот соиграч, Тјери Анри претходно двапати ја допрел топката со рака.[45]

Галас бил вклучен во тимот на Франција за Светското првенство 2010; набргу, турнирот се претворил во вистинска катастрофа за французите бидејќи Никола Анелка бил избркан од тренерот Рајмонд Доменех а тимот штрајкуваше за време на тренинг.[46] Како постар член на тимот, Галас бил наведен како едно од нарушувачките влијанија во нехармоничниот камп.[47] По турнирот, Галас го критикуваше Доменех, обвинувајќи го селекторот за срамната елиминацијата на Франција уште после првата фаза.[48]

На 6 јуни 2011 година, на 33-годишна возрас, тој го објавил своето повлекување од меѓународниот фудбал со моментален ефект, откако не бил повикан ниту еднаш во репрезентацијата по Светското првенство.[49]

Вкупно за Франција одиграл 84 натпревари и постигнал 5 гола.

Хронологија на репрезентативните насатапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Франција
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
12-10-2002Сен ДениФранција Франција5 – 0Словенија СловенијаКвал. за Евро 2004-
16-10-2002Та КалиМалта Малта0 – 4Франција ФранцијаКвал. за Евро 2004-
20-11-2002Сен ДениФранција Франција3 – 0СР Југославија СР ЈугославијаПријателска-
12-2-2003Сен ДениФранција Франција0 – 2Чешка ЧешкаПријателска-
29-3-2003ЛансФранција Франција6 – 0Малта МалтаКвал. за Евро 2004-
2-4-2003ПалермоИзраел Израел1 – 2Франција ФранцијаКвал. за Евро 2004-
30-4-2003Сен ДениФранција Франција5 – 0Египет ЕгипетПријателска-
20-6-2003Сент ЕтјенФранција Франција2 – 1Јапонија ЈапонијаКуп на конф. 2003 - Прва фаза-
26-6-2003Сен ДениФранција Франција3 – 2Турција ТурцијаКуп на конф. 2003 - Полуфинале-
29-6-2003Сен ДениКамерун Камерун0 – 1 прод.Франција ФранцијаКуп на конф. 2003 - Финале-[50]
15-11-2003ГелзенкирхенГерманија Германија0 – 3Франција ФранцијаПријателска-влегол во игра 61'
18-2-2004БриселБелгија Белгија0 – 2Франција ФранцијаПријателска-добил жолт картон во 67-мата минута 67' заменет 85'
31-3-2004РотердамХоландија Холандија0 – 0Франција ФранцијаПријателска-влегол во игра 69'
20-5-2004Сен ДениФранција Франција0 – 0Бразил БразилПријателска-
28-5-2004МонпелјеФранција Франција4 – 0Андора АндораПријателска-
6-6-2004Сен ДениФранција Франција1 – 0Украина УкраинаПријателска-заменет 76'
13-6-2004ЛисабонФранција Франција2 – 1Англија АнглијаЕвро 2004 - Прва фаза-
17-6-2004ЛеиријаХрватска Хрватска2 – 2Франција ФранцијаЕвро 2004 - Прва фаза-заменет 81'
21-6-2004КоимбраШвајцарија Швајцарија1 – 3Франција ФранцијаЕвро 2004 - Прва фаза-влегол во игра 46' заменет 90+2'
25-6-2004ЛисабонФранција Франција0 – 1Грција ГрцијаЕвро 2004 - Четвртфинале-
18-8-2004РенФранција Франција1 – 1Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаПријателска-
4-9-2004Сен ДениФранција Франција0 – 0Израел ИзраелКвал. за СП 2006-
8-9-2004ТоршавнФарски Острови Фарски Острови0 – 2Франција ФранцијаКвал. за СП 2006-
9-10-2004Сен ДениФранција Франција0 – 0Ирска ИрскаКвал. за СП 2006-
13-10-2004НикозијаКипар Кипар0 – 2Франција ФранцијаКвал. за СП 2006-
17-11-2004Сен ДениФранција Франција0 – 0Полска ПолскаПријателска-
9-2-2005Сен ДениФранција Франција1 – 1Шведска ШведскаПријателска-
26-3-2005Сен ДениФранција Франција0 – 0Швајцарија ШвајцаријаКвал. за СП 2006-
30-3-2005Тел АвивИзраел Израел1 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2006-
31-5-2005МецФранција Франција2 – 1Унгарија УнгаријаПријателска-заменет 82'
17-8-2005Сен ДениФранција Франција3 – 0Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата КоскаПријателска1
3-9-2005ЛансФранција Франција3 – 0Фарски Острови Фарски ОстровиКвал. за СП 2006-
7-9-2005ДаблинИрска Ирска0 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2006-
8-10-2005БернШвајцарија Швајцарија1 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2006-
12-10-2005Сен ДениФранција Франција4 – 0Кипар КипарКвал. за СП 2006-
9-11-2005Фор де ФрансФранција Франција3 – 2Костарика КостарикаПријателска-
12-11-2005Сен ДениФранција Франција0 – 0Германија ГерманијаПријателска-
27-5-2006Сен ДениФранција Франција1 – 0Мексико МексикоПријателска-заменет 46'
31-5-2006ЛансФранција Франција2 – 0Данска ДанскаПријателска-
7-6-2006Сент-ЕтјенФранција Франција3 – 1Кина КинаПријателска-
13-6-2006ШтутгартФранција Франција0 – 0Швајцарија ШвајцаријаСП 2006 - Прва фаза-
18-6-2006ЛајпцигФранција Франција1 – 1Јужна Кореја Јужна КорејаСП 2006 - Прва фаза-
23-6-2006КелнТого Того0 – 2Франција ФранцијаСП 2006 - Прва фаза-
27-6-2006ХановерШпанија Шпанија1 – 3Франција ФранцијаСП 2006 - Осминафинале-
1-7-2006Франкфурт на МајнаБразил Бразил0 – 1Франција ФранцијаСП 2006 - Четвртфинале-
5-7-2006МинхенПортугалија Португалија0 – 1Франција ФранцијаСП 2006 - Полуфинале-
9-7-2006БерлинИталија Италија1 – 1 прод.
(5 – 3 пен.)
Франција ФранцијаСП 2006 - Финале-[51]
16-8-2006СараевоБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина1 – 2Франција ФранцијаПријателска1
2-9-2006ТбилисиГрузија Грузија0 – 3Франција ФранцијаКвал. за Евро 2008-
6-9-2006Сен ДениФранција Франција3 – 1Италија ИталијаКвал. за Евро 2008-
11-10-2006СошоФранција Франција5 – 0Фарски Острови Фарски ОстровиКвал. за Евро 2008-
15-11-2006Сен ДениФранција Франција1 – 0Грција ГрцијаПријателска-
24-3-2007КаунасЛитванија Литванија0 – 1Франција ФранцијаКвал. за Евро 2008-
28-3-2007Сен ДениФранција Франција1 – 0Австрија АвстријаПријателска-влегол во игра 46'
2-6-2007Сен ДениФранција Франција2 – 0Украина УкраинаКвал. за Евро 2008-добил жолт картон во 78-мата минута 78'
6-6-2007ОсерФранција Франција1 – 0Грузија ГрузијаКвал. за Евро 2008-
17-10-2007НантФранција Франција2 – 0Литванија ЛитванијаКвал. за Евро 2008-
16-11-2007Сен ДениФранција Франција2 – 2Мароко МарокоПријателска-заменет 46'
21-11-2007КиевУкраина Украина2 – 2Франција ФранцијаКвал. за Евро 2008-
6-2-2008МалагаШпанија Шпанија1 – 0Франција ФранцијаПријателска-
26-3-2008Сен ДениФранција Франција1 – 0Англија АнглијаПријателска-
3-6-2008Сен ДениФранција Франција0 – 0Колумбија КолумбијаПријателска-
9-6-2008ЦирихРоманија Романија0 – 0Франција ФранцијаЕвро 2008 - Прва фаза-
13-6-2008БернХоландија Холандија4 – 1Франција ФранцијаЕвро 2008 - Прва фаза-
17-6-2008ЦирихФранција Франција0 – 2Италија ИталијаЕвро 2008 - Прва фаза-
20-8-2008ГетеборгШведска Шведска2 – 3Франција ФранцијаПријателска-
6-9-2008ВиенаАвстрија Австрија3 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2010-
10-9-2008Сен ДениФранција Франција2 – 1Србија СрбијаКвал. за СП 2010-
19-11-2008Сен ДениФранција Франција0 – 0Уругвај УругвајПријателска-
11-2-2009МарсејФранција Франција0 – 2Аргентина АргентинаПријателска-добил жолт картон во 39-тата минута 39'
28-3-2009КаунасЛитванија Литванија0 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2010-
1-4-2009Сен ДениФранција Франција1 – 0Литванија ЛитванијаКвал. за СП 2010-добил жолт картон во 27-мата минута 27'
12-8-2009ТоршавнФарски Острови Фарски Острови0 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2010-
5-9-2009Сен ДениФранција Франција1 – 1Романија РоманијаКвал. за СП 2010-
9-9-2009БелградСрбија Србија1 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2010-
10-10-2009ГингампФранција Франција5 – 0Фарски Острови Фарски ОстровиКвал. за СП 20101
14-11-2009ДаблинИрска Ирска0 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2010-
18-11-2009Сен ДениФранција Франција1 – 1 прод.Ирска ИрскаКвал. за СП 20101
26-5-2010ЛансФранција Франција2 – 1Костарика КостарикаПријателска-заменет 46'
30-5-2010РадесТунис Тунис1 – 1Франција ФранцијаПријателска1заменет 63'
4-6-2010Сент ПјерФранција Франција0 – 1Кина КинаПријателска-
11-6-2010КејптаунУругвај Уругвај0 – 0Франција ФранцијаСП 2010 - Прва фаза-
17-6-2010ПолокванеФранција Франција0 – 2Мексико МексикоСП 2010 - Прва фаза-
22-6-2010БлумфонтејнФранција Франција1 – 2Јужна Африка Јужна АфрикаСП 2010 - Прва фаза-
Вкупно Настапи 84 Голови 5

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1997-1998Франција Олимпик МарсејД130КФ+ЛКФ00------30
1998-1999Д1300КФ+ЛКФ2+10КУ90---420
1999-2000Д1220КФ+ЛКФ1+10ЛШ71---311
2000-2001Д1302КФ+ЛКФ2+00------322
Вкупно Марсеј85270161--1083
2001-2002Англија ЧелсиПЛ301ФАКуп+ЛК4+41+0КУ30---412
2002-2003ПЛ384ФАКуп+ЛК5+30КУ20---484
2003-2004ПЛ290ФАКуп+ЛК4+10ЛШ111---451
2004-2005ПЛ282ФАКуп+ЛК1+50ЛШ120---462
2005-2006ПЛ345ФАКуп+ЛК3+00ЛШ70КШ10455
Вкупно Челси159123013511022514
2006-2007Англија АрсеналПЛ213ФАКуп+ЛК2+00ЛШ60---293
2007-2008ПЛ314ФАКуп+ЛК2+10ЛШ8[52]0---424
2008-2009ПЛ232ФАКуп+ЛК4+01ЛШ9[53]3[54]---366
2009-2010ПЛ263ФАКуп+ЛК1+00ЛШ8[55]1[56]---354
Вкупно Арсенал10112101314--14217
2010-2011Англија ТотенхемПЛ270ФАКуп+ЛК1+00ЛШ80---360
2011-2012ПЛ150ФАКуп+ЛК1+00ЛЕ20---180
2012-2013ПЛ191ФАКуп+ЛК00ЛЕ50---241
Вкупно Тотенхем61120150--781
2013-2014Австралија Перт ГлориАЛ151---------151
2014-2015 АЛ 0 0 - - - - - - - - - 0 0
Вкупно во кариерата421284929761056836
1995–1996
2004–2005, 2005-2006
2004-2005
2005

Репрезентативни

[уреди | уреди извор]
Франција
2003
  1. „List of Players“ (PDF). FIFA. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-05-17. Посетено на 8 November 2010.
  2. Hugman, Barry J. (2005). The PFA Premier & Football League Players' Records 1946–2005. Queen Anne Press. стр. 226. ISBN 1852916656.
  3. „William Gallas“. William Gallas. 31 May 2010. Архивирано од изворникот на 2012-03-22. Посетено на 31 May 2010.
  4. „Gallas storms out of international football“. espn.co.uk. 6 June 2011. Посетено на 6 September 2020.
  5. „The big interview: William Gallas – "I never said I'd score an own goal on purpose. How can you say that?!". FourFourTwo (англиски). 2017-12-28. Посетено на 2019-08-14.
  6. Amy. „William Gallas was a great player who let his defending do the talking | Amy Lawrence“. The Guardian (англиски). Посетено на 2019-08-14. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help); Укажано повеќе од еден |surname= и |author= (help)
  7. „William Gallas statement“. Chelsea F.C. 2006-08-01. Посетено на 2006-09-05.
  8. „Cole moved after deadline“. The Daily Telegraph. 2006-09-02. Посетено на 2006-09-05.
  9. „Gallas 'issued own-goal threat'. BBC Sport. 2006-09-05. Посетено на 2006-09-05.
  10. „Gallas denies Chelsea claims“. Sky Sports. 2006-09-05. Архивирано од изворникот на 2007-03-26. Посетено на 2006-09-05.
  11. „Robin van Persie 'to transfer Arsenal squad shirt number' for new season“. Metro. 7 July 2010. Посетено на 6 January 2013.
  12. „Arsenal 1-1 Middlesbrough“. BBC. 9 September 2006. Посетено на 10 October 2020.
  13. „Arsenal 3-0 Sheff Utd“. BBC. 23 September 2006. Посетено на 10 October 2020.
  14. „Gallas named captain as Wenger looks to older heads“. Arsenal.com. 2007-08-09. Посетено на 2007-08-09.
  15. „Arsenal 2-0 Wigan“. BBC. 24 November 2007. Посетено на 10 October 2020.
  16. Arsenal matchday programme before Tottenham Hotspur game, December 2007
  17. „Wenger to consider Gallas captaincy“. BBC Sport. 2008-04-19. Посетено на 2008-04-19.
  18. „Wenger - Why [[William Galls]] will be captain“. 2008-08-08. Посетено на 2008-08-10. URL–wikilink conflict (help)
  19. „Goal.com-Player Ratings: Arsenal 2–1 Manchester United“. 5 February 2014. Посетено на 8 November 2008.
  20. „Gallas launches Arsenal outburst“. BBC Sport. 21 November 2008. Посетено на 21 November 2008.
  21. „Gallas urges Arsenal's young stars to fight harder“. International Herald Tribune. Associated Press. 20 November 2008. Архивирано од изворникот на 24 January 2009. Посетено на 21 November 2008.
  22. Solhekol, Kaveh (22 November 2008). „William Gallas heads for Emirates exit“. The Times. UK. Архивирано од изворникот на 6 January 2010. Посетено на 24 November 2008.
  23. „Gallas 'stripped' of captain role“. BBC Sport. 21 November 2008. Посетено на 21 November 2008.
  24. Clarke, Richard (24 November 2008). „Fabregas named as new Arsenal captain“. Arsenal F.C. Архивирано од изворникот на 4 December 2008. Посетено на 24 November 2008.
  25. „Arsenal name Fabregas as captain“. BBC Sport. 24 November 2008. Посетено на 24 November 2008.
  26. „Gunners hit by Gallas blow“. The National (англиски). Посетено на 2020-10-08.
  27. Stafford, Mikey (5 November 2009). „Arsenal should be ahead of the rest, says bullish Arsène Wenger“. The Guardian. London. Посетено на 7 November 2009.
  28. Lawrence, Amy (22 August 2009). „Premier League: Arsenal 4–1 Portsmouth“. TheGuardian.com.
  29. Riach, James (20 August 2010). „Redknapp confirms Gallas deal“. Sky Sports. Посетено на 20 August 2010.
  30. „Gallas deal agreed“. Tottenham Hotspur F.C. 22 August 2010. Посетено на 5 February 2014.
  31. „Gallas agrees landmark Spurs move“. FourFourTwo. Reuters. 20 August 2010. Посетено на 24 August 2010.
  32. „Spurs can win the Premier League, says William Gallas“. BBC Sport. 24 August 2010. Посетено на 24 August 2010.
  33. Lillywhite, Jamie (11 September 2010). „West Brom 1–1 Tottenham“. BBC Sport. Посетено на 14 September 2010.
  34. McGrath, Mike (20 November 2010). „Redknapp wants Spurs to push into title race“. Agence France-Presse. Архивирано од изворникот на 25 January 2013.
  35. „New Deal for Gallas“. Tottenham Hotspur F.C. 28 March 2011.
  36. „Tottenham 2-4 Chelsea“. BBC. 20 October 2012. Посетено на 10 October 2020.
  37. „Premier League Free Transfer List 2012/13“ (PDF). Premier League. 6 June 2013. Архивирано од изворникот (PDF) на 9 June 2013. Посетено на 6 June 2013.
  38. „Perth Glory signs former Premier League defender William Gallas“. The Australian. 23 October 2013.
  39. „William Gallas agrees to Perth Glory move“. TheGuardian.com. Australian Associated Press. 23 October 2013.
  40. „FFA ruined William Gallas' Perth Glory debut, says Alistair Edwards | Herald Sun“. Архивирано од изворникот на 1 март 2015. Посетено на 17 ноември 2013.
  41. A-League (9 March 2014). „Wellington Phoenix vs Perth Glory, Hyundai A League 2014 (Round 22)“. Архивирано од изворникот на 2024-11-13. Посетено на 2024-11-12 преку YouTube.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  42. Metro.co.uk, Metro Sport Reporter for (16 October 2014). „Gallas retires – and this epic Perth Glory gaffe is probably why“.
  43. „William Gallas to announce his retirement from football“. ESPN. 16 October 2014.
  44. „Marlet leads French charge“. UEFA. Посетено на 1 August 2013.
  45. Jackson, Lyle (18 November 2009). „France 1–1 Rep of Ire (agg 2–1)“. BBC Sport. Посетено на 22 August 2010.
  46. „France were already on World Cup strike before Nicolas Anelka row“. The Guardian. 21 June 2010. Посетено на 1 August 2013.
  47. Edwards, Luke (19 November 2012). „Samir Nasri, William Gallas and Florent Malouda criticised in Raymond Domenech book“. The Telegraph. London. Посетено на 1 August 2013.
  48. „Domenech the reason for fiasco, says bitter Gallas“. Sydney Morning Herald. 8 July 2010. Посетено на 1 August 2013.
  49. „Gallas storms out of international football“. espn.co.uk. 6 June 2011. Посетено на 6 September 2020.
  50. 2. титула
  51. 2. место
  52. Еден настап во квалификациските кола.
  53. 2 настапи во квалификациските кола.
  54. 2 гола во квалификациските кола.
  55. 2 настапи во плејоф.
  56. Во плејоф.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]