Суперкуп на УЕФА

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Суперкуп на УЕФА
UEFA Super Cup 2013.png
РегионЕвропа (УЕФА)
Основана1972; пред 48 години (1972)
(официјално од 1973)
Број на клубови2
Актуелен шампионБајерн Минхен Бајерн Минхен (2. титула)
(2020)
Најмногу титулиБарселона Барселона
Милан Милан
(5 титули)
ВебсајтОфицијална страна
ТрофејSupercoppa UEFA.svg
Суперкуп на УЕФА 2020

Супекуп на УЕФА (исто така наречен Суперкуп на Европа) е годишен фудбалски натпревар помеѓу шампионите на двете клупски натпреварувања организирани од раководното тело на Европскиот фудбал, УЕФА: УЕФА Лигата на шампионите и УЕФА Лига Европа. Натпреварот се одржува при почетокот на натпреварувачката сезона, во август, најчесто во петок.

Од 1972 до 1999, Суперкупот на УЕФА се играл помеѓу победникот во Купот на шампиони/УЕФА Лига на шампионите и победникот во Купот на победниците на куповите. По укинувањето на Купот на победниците на куповите, Суперкупот на УЕФА се игра помеѓу победникот во УЕФА Лигата на шампионите и победникот во Купот н УЕФА, кој подоцна бил преименуван во УЕФА Лига Европа во 2009.

Моментален шампион е германскиот клуб Бајерн Минхен кој ја победил Севиља со 2–1 по продолженија во Суперкупот на УЕФА 2020. Најуспешни клубови во натпреварувањето се шпанската Барселона и италијанскиот Милан со по пет титули.

Историја[уреди | уреди извор]

Суперкупот на Европа бил создаден во 1971 од Антон Виткамп, новинар а потоа и спортски директор на холандскиот весник De Telegraaf. Идејата му дошла во времето кога холандскиот фудбал бил најдобар во Европа и кога холандските клубови ги живееле нивните златни ери (особено Ајакс). Виткамп бил во потрага по нешто ново за конечно да се реши кој е најдобар клуб во Европа и исто така да го тестира тимот на Ајакс, предводен од суперѕвездата Јохан Кројф. Потоа било предложено победникот од Купот на шампиони да се соочи со победникот од Купот на победниците на куповите.

Се било подготвено за создавање на ново натпреварување. Сепак, кога Виткамп се обидел да добие официјална поддршка за натпреварувањето, претседателот на УЕФА го одбил предлогот.

Финалето на Суперкупот 1972 помеѓу холандскиот тим Ајакс и шкотскиот Глазгов Ренџерс се смета за неофицијално од страна на УЕФА,[1] откако Глазгов Ренџерс бил казнет од европските натпреварувања поради неспортското однесување на навивачите на Ренџерс за време на финалето на Купот на Победниците на Куповите во 1972. Како резултат на тоа, УЕФА одбила да го признае натпреварувањето до следната сезона.[2] Финалето се играло во два натпревари, на домашен и гостински терен и било финансиски поддржано од страна на холандскиот весник De Telegraaf. Ајакс го поразил Ренџерс со вкупен резултат од 6–3 и го освоил првиот (иако неофицијален) Суперкуп на Европа.

Финалето на Суперкупот 1973, во кое Ајакс го поразил Милан со вкупен резултат од 6–1, било официјално признаено и поддржано од УЕФА.

Иако форматот од два натпревари бил задржан сè до 1997, Суперкупот се одиграл во еден натпревар поради проблеми со распоредот или политички проблеми во 1984, 1986, и 1991. Во 1974, 1981 и 1985, Суперкупот воопшто не се одиграл.[3]

Во сезоната 1992-93, Купот на шампионите бил преименуван во Лига на шампиони, а победниците во ова натпреварување се соочиле со победниците од Купот на победниците на куповите во Суперкупот на УЕФА.

Во сезоната 1994–95, Купот на победниците на куповите бил преименуван во УЕФА Куп на победниците на куповите.

По сезоната 1998–99, Купот на победниците на куповите бил укинат од страна на УЕФА. Лацио, последниот победник на ова натпреварување во сезоната 1998–1999, го победил Манчестер Јунајтед, победникот во сезоната 1998-1999 од Лигата на шампионите со 1–0 и со тоа станал последниот победник на КПК кој го освоил Суперкупот на УЕФА.

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, со трофејот од Суперкупот на УЕФА 2017, одигран во Скопје.

Од тогаш, Суперкупот на УЕФА се одржува помеѓу победниците во Лигата на Шампионите и победниците во Купот на УЕФА. Во првиот суперкуп помеѓу победниците на овие две натпреварувања, Галатасарај, победникот во Купот на УЕФА за сезоната 1999-2000, го поразил Реал Мадрид, победникот во Лигата на шампионите за истата сезона со 2–1.

Во сезоната 2009–2010, Купот на УЕФА бил преименуван во УЕФА Лига Европа и победниците во ова натпреварување се соочиле со победниците на Лигата на шампионите во Суперкупот на УЕФА.

По петнаесет последователни Суперкупови на стадионот Луис Втори во Монако меѓу 1998 и 2012, од 2013 година Суперкупот на УЕФА ќе се одигрува на различни стадиони (слично како финалните натпревари во Лигата на шампионите и Лига Европа). Суперкупот на УЕФА 2013 се одигра на Еден Арената во Прага, Чешка.[4]

Место[уреди | уреди извор]

Натпреварувањето првично се играло во два натпревари, на домашен и гостински терен, освен во посебни случаи; како на пример во 1991 кога на Црвена Ѕвезда не и било дозволено својот натпревар на домашен терен да го одигра во Југославија поради граѓанската војна која се случувала во тоа време. Меѓу 1998 и 2012, финалето се играло во еден натпревар, одигран на стадионот Луј Втори во Монако.[5] Од 2013 па натака, различни стадиони ќе бидат домаќини на Супер Купот. Ова се наредните домаќини на УЕФА Супер Купот:

Награди[уреди | уреди извор]

Трофеј[уреди | уреди извор]

Трофејот на Суперкупот на УЕФА.

Оригиналниот трофеј од Суперкупот на УЕФА го задржува УЕФА. На победничкиот тим му се доделува копија од трофејот во иста големина. Триесет златни медали му се доделуваат на победничкиот тим и триесет сребрени медали на поразениот во финалето.[13]

Во својата историја трофејот во Суперкупот на УЕФА претрпел неколку измени. Првиот трофеј кој бил презентиран на Ајакс во 1973 и 1974 бил екстремно голем; фактички, бил поголем од трофејот во Европскиот Куп. Овој трофеј бил заменет со плакета со златен УЕФА амблем. Следниот трофеј бил најмал и најсветол од сите останати трофеи, тежејќи 5 кг со обем од 42.5 см во висина. Новиот модел тежи 12.2 кг со обем од 58 см во висина.[14]

Тимот кој ке го освои Суперкупот на УЕФА трипати последователно или вкупно пет пати, добива оригинална копија од трофејот и посебен белег на препознавање. Само Барселона и Милан го постигнале овој успех досега, освојувајќи го купот вкупно пет пати, од кои сите пет пати како победник во Лигата на Шампионите.[15]

Парични награди[уреди | уреди извор]

  • Финалист: €3,800,000
  • Победник: €5,000,000

Правила[уреди | уреди извор]

Моментално, правилата во Суперкупот на УЕФА се исти како и кај другите УЕФА клупски натпреварувања. Финалето се состои од еден натпревар кој се игра на неутрален стадион. Натпреварот се состои од две полувремиња од по 45 минути. Доколку резултатот е изедначен по крајот на 90-та минута, се играат две продолженија од по 15 минути. Доколку повторно победникот не е добиен по крајот на второто продолжение, изведувањето на пеналите го решаваат победникот на Суперкупот на УЕФА (до денес, само еден Суперкуп бил решен со изведување на пенали).[5] Секој тим се состои од 18 играчи, од кои 11 го започуваат натпреварот. Од останатите 7 играчи, може во игра да влезат само 3 замени. Доколку некој клуб одбие да игра или нема право на настап, тогаш тој клуб е заменет со вториот финалист од натпреварувањето преку кое е квалификуван. Доколку теренот не е подготвен за игра поради лоши временски услови, натпреварот мора да биде одигран следниот ден.[13]

Билети[уреди | уреди извор]

60% од капацитетот на стадионот на Монако е резервиран за гостинските клубови. Стадионот исто така има и ВИП седишта. Останатите седишта се продаваат од страна на УЕФА преку интернет аукција При аукцијата секој апликант може да аплицира за билет неограничен број пати. За секоја испратена апликација се плаќа административен трошок од 5 евра.[16]

Натпревари[уреди | уреди извор]

Клуч
Победник по продолженија, златен гол или изведување пенали
Победник на Куп на шампиони / УЕФА Лига на шампиони
Победник на Европски / УЕФА Куп на победниците на куповите
Победник на Куп на УЕФА / Лига Европа
  • Колоната "Година" се однесува на годината кога се одржал Суперкупот и линк до статијата за тој натпревар.
  • Двомеч финалињата се наведени според редоследот како биле одиграни.
Натпревари од Суперкупот на УЕФА
Година Држава Победник Резултат Финалист Држава Стадион Гледачи
1973[б 1]  Холандија Ајакс Ајакс 0–1 Милан Милан  Италија Италија Сан Сиро, Милано 15,000
 Холандија Ајакс Ајакс 6–0 Милан Милан  Италија Холандија Олимписки стадион, Амстердам 25,000
Ајакс победил со вкупен резултат 6–1
1974[б 2] Не се одржало
1975  СССР Динамо Киев Динамо Киев 1–0 Бајерн Минхен Бајерн Минхен  Западна Германија Западна Германија Олимписки стадион, Минхен 30,000
 СССР Динамо Киев Динамо Киев 2–0 Бајерн Минхен Бајерн Минхен  Западна Германија СССР Олимписки стадион, Киев 110,000
Динамо Киев победил со вкупен резултат 3–0
1976  Белгија Андерлехт Андерлехт 1–2 Бајерн Минхен Бајерн Минхен  Западна Германија Западна Германија Олимписки стадион, Минхен 40,000
 Белгија Андерлехт Андерлехт 4–1 Бајерн Минхен Бајерн Минхен  Западна Германија Белгија Парк Астрид, Андерлехт 32,000
Андерлехт победил со вкупен резултат 5–3
1977  Англија Ливерпул Ливерпул 1–1 Хамбургер Хамбургер  Западна Германија Западна Германија Фолкспаркштадион, Хамбург 16,000
 Англија Ливерпул Ливерпул 6–0 Хамбургер Хамбургер  Западна Германија Англија Енфилд, Ливерпул 34,931
Ливерпул победил со вкупен резултат 7–1
1978  Белгија Андерлехт Андерлехт 3–1 Ливерпул Ливерпул  Англија Белгија Парк Астрид, Андерлехт 35,000
 Белгија Андерлехт Андерлехт 1–2 Ливерпул Ливерпул  Англија Англија Енфилд, Ливерпул 23,598
Андерлехт победил со вкупен резултат 4–3
1979  Англија Нотингем Форест Нотингем Форест 1–0 Барселона Барселона  Шпанија Англија Сити Граунд, Нотингем 23,807
 Англија Нотингем Форест Нотингем Форест 1–1 Барселона Барселона  Шпанија Шпанија Камп Ноу, Барселона 80,000
Нотингем Форест победил со вкупен резултат 2–1
1980  Шпанија Валенсија Валенсија 1–2 Нотингем Форест Нотингем Форест  Англија Англија Сити Граунд, Нотингам 12,463
 Шпанија Валенсија Валенсија 1–0 Нотингем Форест Нотингем Форест  Англија Шпанија Стадион Луис Касанова, Валенсија 29,038
2–2 вкупен резултат; Валенсија победила поради правилото за гол во гости
1981[б 3] Не се одржало
1982  Англија Астон Вила Астон Вила 0–1 Барселона Барселона  Шпанија Шпанија Камп Ноу, Барселона 40,000
 Англија Астон Вила Астон Вила 3–0 (прод.) Барселона Барселона  Шпанија Англија Вила Парк, Бирмингем 31,750
Астон Вила победила со вкупен резултат 3–1
1983  Шкотска Абердин Абердин 0–0 Хамбургер Хамбургер  Западна Германија Западна Германија Фолкспаркштадион, Хамбург 15,000
 Шкотска Абердин Абердин 2–0 Хамбургер Хамбургер  Западна Германија Шкотска Питодри, Абердин 22,500
Абердин победил со вкупен резултат 2–0
1984[б 4]  Италија Јувентус Јувентус 2–0 Ливерпул Ливерпул  Англија Италија Комунале, Торино 55,834
1985[б 5] Не се одржало
1986[б 6]  Романија Стеауа Букурешт Стеауа Букурешт 1–0 Динамо Киев Динамо Киев СССР СССР Монако Луј Втори, Монако 8,456
1987  Португалија Порто Порто 1–0 Ајакс Ајакс  Холандија Холандија Олимписки стадион, Амстердам 27,000
 Португалија Порто Порто 1–0 Ајакс Ајакс  Холандија Португалија Дас Антас, Порто 50,000
Порто победил со вкупен резултат 2–0
1988  Белгија Мехелен Мехелен 3–0 ПСВ ПСВ  Холандија Белгија Ахтер де Казерн, Мехелен 7,000
 Белгија Мехелен Мехелен 0–1 ПСВ ПСВ  Холандија Холандија Филипс, Ајндховен 17,100
Мехелен победил со вкупен резултат 3–1
1989  Италија Милан Милан 1–1 Барселона Барселона  Шпанија Шпанија Камп Ноу, Барселона 50,000
 Италија Милан Милан 1–0 Барселона Барселона  Шпанија Италија Сан Сиро, Милано 50,000
Милан победил со вкупен резултат 2–1
1990  Италија Милан Милан 1–1 Сампдорија Сампдорија  Италија Италија Лујџи Ферарис, Џенова 25,000
 Италија Милан Милан 2–0 Сампдорија Сампдорија  Италија Италија Стадион Ренато Дал'Ара, Болоња 25,000
Милан победил со вкупен резултат 3–1
1991[б 7]  Англија Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 1–0 Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда  Југославија Англија Олд Трафорд, Манчестер 22,110
1992  Шпанија Барселона Барселона 1–1 Вердер Бремен Вердер Бремен  Германија Германија Везер, Бремен 22,098
 Шпанија Барселона Барселона 2–1 Вердер Бремен Вердер Бремен  Германија Шпанија Камп Ноу, Барселона 75,000
Барселона победил со вкупен резултат 3–2
1993  Италија Парма Парма 0–1 Милан Милан[б 8]  Италија Италија Енио Тардини, Парма 8,083
 Италија Парма Парма 2–0 (прод.) Милан Милан  Италија Италија Сан Сиро, Милано 24,074
Парма победила со вкупен резултат 2–1
1994  Италија Милан Милан 0–0 Арсенал Арсенал  Англија Англија Хајбери, Лондон 38,044
 Италија Милан Милан 2–0 Арсенал Арсенал  Англија Италија Сан Сиро, Милано 23,953
Милан победил со вкупен резултат 2–0
1995  Холандија Ајакс Ајакс 1–1 Реал Сарагоса Реал Сарагоса  Шпанија Шпанија Ла Ромареда, Сарагоса 17,500
 Холандија Ајакс Ајакс 4–0 Реал Сарагоса Реал Сарагоса  Шпанија Холандија Олимписки стадион, Амстердам 23,000
Ајакс победил со вкупен резултат 5–1
1996  Италија Јувентус Јувентус 6–1 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен  Франција Франција Паркот на принцовите, Париз 29,519
 Италија Јувентус Јувентус 3–1 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен  Франција Италија Ла Фаворита, Палермо 35,100
Јувентус победил со вкупен резултат 9–2
1997  Шпанија Барселона Барселона 2–0 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд  Германија Шпанија Камп Ноу, Барселона 50,000
 Шпанија Барселона Барселона 1–1 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд  Германија Германија Вестфален, Дортмунд 32,500
Барселона победила со вкупен резултат 3–1
1998  Англија Челси Челси 1–0 Реал Мадрид Реал Мадрид  Шпанија Монако Луј Втори, Монако 10,000
1999  Италија Лацио Лацио 1–0 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед  Англија Монако Луј Втори, Монако 12,000
2000  Турција Галатасарај Галатасарај 2–1 (зг) Реал Мадрид Реал Мадрид  Шпанија Монако Луј Втори, Монако 15,000
2001  Англија Ливерпул Ливерпул 3–2 Бајерн Минхен Бајерн Минхен  Германија Монако Луј Втори, Монако 13,824
2002  Шпанија Реал Мадрид Реал Мадрид 3–1 Фејенорд Фејенорд  Холандија Монако Луј Втори, Монако 18,284
2003  Италија Милан Милан 1–0 Порто Порто  Португалија Монако Луј Втори, Монако 16,885
2004  Шпанија Валенсија Валенсија 2–1 Порто Порто  Португалија Монако Луј Втори, Монако 17,292
2005  Англија Ливерпул Ливерпул 3–1 (прод.) ЦСКА Москва ЦСКА Москва  Русија Монако Луј Втори, Монако 17,042
2006  Шпанија Севиља Севиља 3–0 Барселона Барселона  Шпанија Монако Луј Втори, Монако 17,480
2007  Италија Милан Милан 3–1 Севиља Севиља  Шпанија Монако Луј Втори, Монако 17,822
2008  Русија Зенит Ст. Петербург Зенит Ст. Петербург 2–1 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед  Англија Монако Луј Втори, Монако 18,064
2009  Шпанија Барселона Барселона 1–0 (прод.) Шахтар Донецк Шахтар Донецк  Украина Монако Луј Втори, Монако 17,738
2010  Шпанија Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 2–0 Интер Интер  Италија Монако Луј Втори, Монако 17,265
2011  Шпанија Барселона Барселона 2–0 Порто Порто  Португалија Монако Луј Втори, Монако 18,048
2012  Шпанија Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 4–1 Челси Челси  Англија Монако Луј Втори, Монако 14,312
2013  Германија Бајерн Минхен Бајерн Минхен 2–2 (прод.)[б 9] Челси Челси  Англија Чешка Еден Арена, Прага 17,686
2014  Шпанија Реал Мадрид Реал Мадрид 2–0 Севиља Севиља  Шпанија Велс Стадион Кардиф Сити, Кардиф 30,854
2015  Шпанија Барселона Барселона 5–4 (прод.) Севиља Севиља  Шпанија Грузија Динамо Арена, Тбилиси 51,940
2016  Шпанија Реал Мадрид Реал Мадрид 3–2 (прод.) Севиља Севиља  Шпанија Норвешка Стадион Леркендал, Трондхајм 17,939
2017  Шпанија Реал Мадрид Реал Мадрид 2–1 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед  Англија Македонија Арена Филип Втори, Скопје 30,421
2018  Шпанија Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 4–2 (прод.) Реал Мадрид Реал Мадрид  Шпанија Естонија А. Ле Кок Арена, Талин 12,424
2019  Англија Ливерпул Ливерпул 2–2 (прод.)[б 10] Челси Челси  Англија Турција Водафон Парк, Истанбул 38,434
2020  Германија Бајерн Минхен Бајерн Минхен 2–1 (прод.) Севиља Севиља  Шпанија Унгарија Пушкаш Арена, Будимпешта[б 11]

Рекорди и статистика[уреди | уреди извор]

Освојувачи и финалисти[уреди | уреди извор]

Клуб Победник Финалист Победник - година[A] Финалист - година
Шпанија Барселона 5 4 1992, 1997, 2009, 2011, 2015 1979, 1982, 1989, 2006
Италија Милан 5 2 1989, 1990, 1994, 2003, 2007 1973, 1993
Шпанија Реал Мадрид 4 2 2002, 2014, 2016, 2017 1998, 2000, 2018
Англија Ливерпул 4 2 1977, 2001, 2005, 2019 1978, 1984
Шпанија Атлетико Мадрид 3 0 2010, 2012, 2018
Германија Бајерн Минхен 2 3 2013, 2020 1975, 1976, 2001
Холандија Ајакс[B] 2 1 1973, 1995 1987
Белгија Андерлехт 2 0 1976, 1978
Италија Јувентус 2 0 1984, 1996
Шпанија Валенсија 2 0 1980, 2004
Шпанија Севиља 1 5 2006 2007, 2014, 2015, 2016, 2020
Португалија Порто 1 3 1987 2003, 2004, 2011
Англија Манчестер Јунајтед 1 3 1991 1999, 2008, 2017
Англија Челзи 1 3 1998 2012, 2013, 2019
Советскиот Сојуз Динамо Киев 1 1 1975 1986
Англија Нотингем Форест 1 1 1979 1980
Англија Астон Вила 1 0 1982
Шкотска Абердин 1 0 1983
Романија Стеауа Букурешт 1 0 1986
Белгија Мехелен 1 0 1988
Италија Парма 1 0 1993
Италија Лацио 1 0 1999
Турција Галатасарај 1 0 2000
Русија Зенит Ст. Петерсбург 1 0 2008
Германија Хамбургер 0 2 1977, 1983
Холандија ПСВ Ајндховен 0 1 1988
Италија Сампдорија 0 1 1990
Југославија Црвена Ѕвезда 0 1 1991
Германија Вердер Бремен 0 1 1992
Англија Арсенал 0 1 1994
Шпанија Сарагоса 0 1 1995
Франција Париз Сен Жермен 0 1 1996
Германија Борусија Дортмунд 0 1 1997
Холандија Фејенорд 0 1 2002
Русија ЦСКА Москва 0 1 2005
Украина Шахтар Донецк 0 1 2009
Италија Интер 0 1 2010

По држави[уреди | уреди извор]

Држава Победници Финалисти Вкупно
 Шпанија 15 13 28
 Италија 9 4 13
 Англија 8 10 18
 Белгија 3 0 3
 Германија[C] 2 7 9
 Холандија[B] 2 3 5
 Португалија 1 3 4
 Русија 1 1 2
СССР СССР[D] 1 1 2
 Романија 1 0 1
 Шкотска[B] 1 0 1
 Турција 1 0 1
 Франција 0 1 1
 Украина 0 1 1
 Југославија 0 1 1
Total 45 45 90
Notes
  • A. ^ Натпреварувањето не се одржало во 1974, 1981 и 1985.[1][3]
  • B. ^ Финалето во 1972-та не е признаено од страна на УЕФА како официјална титула.[1]
  • C. ^ Вклучени се екипите од Западна Германија. Ниту една екипа од Источна Германија не учествувала во финалето.
  • D. ^ Двете финалиња на Советски екипи ги играла екипа од денешна Украина

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Took place in January 1974 rather than at the start of the season, as it has been thereafter.
  2. Competition was abandoned because Bayern Munich and 1. FC Magdeburg could not find a mutually convenient date for the match.[17]
  3. Competition was not played because Liverpool could not find a suitable date to play Dinamo Tbilisi due to fixture congestion.[17]
  4. Суперкупот 1984 година бил одигран во само еден натпревар, со договор помеѓу менаџерите на Ливерпул и Јувентус заради згуснатиот распоред на натпревари кој го имале двата клуба.[18]
  5. Competition was abandoned as Everton could not play, due to a ban on English clubs' participation in European football competitions.[19]
  6. Due to political circumstances, Steaua București and Dynamo Kyiv agreed to contest the 1986 competition on a one-off basis.[20]
  7. One match was played in 1991 due to political circumstances in Yugoslavia.[21]
  8. European champions Marseille were suspended due to a bribery scandal, so Milan took their place as runner-up in the European Cup.[22]
  9. Резултатот бил 1–1 после 90 минути и 2–2 после продолженијата. Бајерн Минхен победил по изведување на пенали со 5–4.[23]
  10. Резултатот бил 1–1 после 90 минути и 2–2 после продолженијата. Ливерпул победил по изведување на пенали 5–4.
  11. Првично, натпреварот бил закажан да се игра на Драгао во Порто, Португалија, но бил преместен поради пандемијата на COVID-19.[11][24]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „UEFA Super Cup - History“. УЕФА. 2005-07-13. Посетено на 2008-03-11.
  2. „Dynamo bring happy memories“. ББС Спорт. 2001-10-16. Посетено на 2008-03-11.
  3. 3,0 3,1 Woods, Tom (14 November 2015). „Everton FC: The forgotten game of the 1985/86 UEFA Super Cup“. Liverpool Echo. Посетено на 4 May 2018.
  4. Prague celebrates 2013 Super Cup honour
  5. 5,0 5,1 „UEFA Super Cup: Competition format“. УЕФА. 31 август 2007. Посетено на 8 декември 2008.
  6. „Wembley, Amsterdam ArenA, Prague get 2013 finals“. UEFA.com. 16 јуни 2011.
  7. 7,0 7,1 „UEFA EURO 2020, UEFA Super Cup decisions“. UEFA.com. 30 јуни 2012.
  8. „Milan to host 2016 UEFA Champions League final“. UEFA.org. 18 September 2014.
  9. „FYR Macedonia to host 2017 UEFA Super Cup“. UEFA.com. 30 June 2015.
  10. Tallinn to stage 2018 UEFA Super Cup
  11. 11,0 11,1 „UEFA competitions to resume in August“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 17 June 2020. Посетено на 17 June 2020.
  12. „2021 Super Cup to take place in Belfast“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 24 September 2019.
  13. 13,0 13,1 „Regulations of the UEFA Super Cup“ (PDF). УЕФА. март 2008. Посетено на 12 декември 2008.
  14. „The trophy“. УЕФА. Посетено на 2 август 2009.
  15. „Regulations of the UEFA Super Cup 2009, Page 3, III Trophies and Medals, Article 4, Trophy“ (PDF). УЕФА. Посетено на 2 август 2009.
  16. url=http://www.uefa.com/MultimediaFiles/Download/Competitions/SuperCup_/83/96/59/839659_DOWNLOAD.pdf
  17. 17,0 17,1 „Club competition winners do battle“. Union of European Football Associations (UEFA). Посетено на 28 February 2012.
  18. Angelo Caroli (16 January 1985). „Stasera la Supercoppa, poi quella dei Campioni per fare un bel "poker" (Italian). Stampa Sera. стр. 13.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  19. Woods, Tom (2015-11-14). „Everton FC: The forgotten game of the 1985/86 UEFA Super Cup“. Liverpool Echo. Посетено на 2018-05-04.
  20. „1986: Hagi style stirs Steaua“. UEFA.com. Union of European Football Associations. Посетено на 13 May 2020.
  21. „1991: McClair makes United's day“. Union of European Football Associations (UEFA). Посетено на 13 May 2020.
  22. „1993: Crippa wins it for Parma“. Union of European Football Associations (UEFA). Посетено на 13 May 2020.
  23. James, Andy (30 August 2013). „Bayern defeat Chelsea on penalties in Super Cup“. Union of European Football Associations (UEFA). Посетено на 31 August 2013.
  24. „Istanbul to host 2020 UEFA Champions League Final“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 24 May 2018. Посетено на 24 May 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]