Нант
Изглед
| Нант | |
|---|---|
| Земја | Франција |
| Управа | |
| • Градоначалник (2008-2014) | Жан Марк Еро (СП) |
| Население 1 | 281,500 |
| Час. појас | CET (GMT +1) |
| INSEE/Пошт. бр. | 44109 / |
| 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. | |
Нант (француски: Nantes , бретонски: Naoned) — град во западна Франција, во регионот Лоарски Крај (департман Атлантска Лоара), сместен на реката Лоара, оддалечен 50 км од Атлантскиот Океан. Нант е едно од главните пристаништа во Франција.
Географија на Нант
[уреди | уреди извор]
- Нант е некогашна престолнина на Бретања. Градот се наоѓа на оддалеченост од околу 55 км од Атлантскиот Океан и е сместен на северниот дел од реката Лоара.
- Со околу 280.000, Нант е шестиот град по големина во Франција по бројот на жители. Во пошироката урбана зона живеат над 600.000 луѓе.
- Климата во Нант е под влијание на Атлантскиот Океан. Зимите се благи и врнежливи , додека летата топли но не премногу сушни.
Просечната температура изнесува околу 12 °C (зима: 5 °C, лето: 18,5 °C).
Нант како тема во уметноста
[уреди | уреди извор]Во романот „Надја“, Андре Бретон пишува дека освен Париз, Нант е „единствениот град во Франција во кој, чинам, може да ми се случи нешто што вреди, нешто значајно...“[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Андре Бретон, Надја. Скопје: Магор, 2009, стр. 29.
| ||||||||||
|