Стразбур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стразбур
Strasbourg Cathedral.jpg
Поглед кон стариот град и катедралата во Стразбур
Земја Франција
Управа
 • Градоначалник Роланд Риз (СП)
Население 1 276,867
Часовен појас CET (UTC +1)
2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Стразбур е град во департманот Долна Рајна, во регионот Алзас, Франција.

Географија[уреди | уреди извор]

Стразбур е сместен на две реки, Лил и Рајна, како и меѓу две планини: Вож и Шварцвалд, на самата граница меѓу Германија и Франција. Стразбур е поврзан со редовна автобуска и трамвајска линија со малиот град Кел што се наоѓа на другата страна на Рајна, во Германија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Низ историјата, Стразбур бил освојуван од Римјаните, Германите, Хуните и Франките. Подоцна, градот бил наизменично под власт на Франција и Германија.[2]

Демографија[уреди | уреди извор]

Знаменитости од градот[уреди | уреди извор]

Најпознатиот дел на градот е Пети Франс (Мала Франција), со убавата архитектура од времето на француското владеење. Во околината се наоѓаат градби од времето кога градот бил под германска власт, како: Операта од 19 век, во која опери поставувал Вагнер, како и црквата Св. Тома, во која свирел Моцарт. На факултетот по филозофија држел предавања Гете. Во градот се наоѓа и големата вила на Жозефина, љубовницата на Наполеон. Голема атракција е и палатата Роан, градена во периодот 1731-1742 година, која му припаѓала на богатото и моѓно семејство Роан, кое секогаш давало по еден кардинал на францускиот двор, а по Француската револуција била пренесена во државна сопственост.[3]

Секако, најпознатата градба во Стразбур е готската катедрала, чие целосно име е „Катедрала Нотр-дам де Стразбур“. Таа започнала да се гради во 1015 година, а денешниот изглед го добила во 1439 година. Со висина на куполата од 142 метри (втората купола никогаш не била довршена), до 1880 година, таа била највисоката градба од таков вид во светот, а денес е чеврта највиока црква во светот. Таа е позната и по астрономскиот часовник со фигури што танцуваат.[4]

Главниот настан во Стразбур е Божикниот базар, кој трае околу 20 дена, при што го посетуваат 2,5 милиони туристи од цела Европа. Исто така, во градот се одржува саем на виното, кој е втор по големина во Франција.[5]

Култура[уреди | уреди извор]

Европски град[уреди | уреди извор]

Поради својата двонационална и двојазична култура, градот денес претставува еден од главните градови на обединета Европа. Во Старзбур се сместени, Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права, како и седиштето на Европскиот Парламент.

Спорт[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Стразбур претставува важно пристаниште и индустриски центар. Во градот е развиена трговијата со вино, хмељ и тутун, а од индустриските гранки, развиени се бродоградбата, машинската, прехранбената, текстилната и печатарската индустрија, како и металургијата.

Познати личности[уреди | уреди извор]

Во Стразбур живееле Јохан Гутенберг, творецот на печатарската машина, како и најголемиот пантомимичар на 20 век, Марсел Марсо.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Жана П. Божиновска, „Шармот на Стразбур ги омекнува и крутите европски бирократи“, Публика, неделен политички прилог, број 203, сабота, 8 ноември 2014, стр. 4-5.
  2. Жана П. Божиновска, „Шармот на Стразбур ги омекнува и крутите европски бирократи“, Публика, неделен политички прилог, број 203, сабота, 8 ноември 2014, стр. 4.
  3. Жана П. Божиновска, „Шармот на Стразбур ги омекнува и крутите европски бирократи“, Публика, неделен политички прилог, број 203, сабота, 8 ноември 2014, стр. 4-5.
  4. Жана П. Божиновска, „Шармот на Стразбур ги омекнува и крутите европски бирократи“, Публика, неделен политички прилог, број 203, сабота, 8 ноември 2014, стр. 5.
  5. Жана П. Божиновска, „Шармот на Стразбур ги омекнува и крутите европски бирократи“, Публика, неделен политички прилог, број 203, сабота, 8 ноември 2014, стр. 4-5.
  6. Жана П. Божиновска, „Шармот на Стразбур ги омекнува и крутите европски бирократи“, Публика, неделен политички прилог, број 203, сабота, 8 ноември 2014, стр. 4.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]