Божиќ
Божиќ | |
---|---|
Икона „Рождество Христово“ (1405) од Андреј Рубљов | |
Наречен и | Божик Раѓањето Христово |
Го празнува(ат) | Христијанските и нехристијански земји[1] |
Вид | христијански |
Значење | Раѓањето на Исус Христос |
Датум | 7 јануари (јулијански календар) 25 декември (грегоријански календар) |
Обичаи | подарување, традиционален ручек, украсување |
Поврзано | Водици, Бадник |
Божиќ[2] (Божик)[3] или Рождество Христово[4] — денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари до 2100 г., а потоа ќе го прославуваат на 8 јануари до 2200 г., па на 9 јануари до 2300 г. итн.
Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости. Во народната и црковната традиција во предвечерието на Рождеството се пејат посебни песни наречени каланди кои имаат елементи од византиската традиција и макдонското народно музичко творештво.[5]
Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.
Историјатa на празникот
[уреди | уреди извор]Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово (25 декември), покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“
Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот — начелото на идниот век.
Навуходоносор во неговиот таинствен сон го гледа образот на Рождеството Христово, протолкуван од Даниил (глава 2). Карпата којашто се отцепила од планината без да ја допре човечка рака и го разрушила големиот идол е образ на Христовото раѓање.
За иконата на Христовото раѓање
[уреди | уреди извор]Обично во иконата на Христовото раѓање Спасителот има сликовита врска со каменот кој го победил и разрушил страшниот човечки егоизам, во ликот на идол. Младенецот е претставен повиен, во средина на иконата. Земјата во иконата на Рождеството Христово не се претставува мазна и рамна, туку е полна со движење, разиграност, ридови и процепи. Тоа движење потсетува на морските бранови.
Обично во иконата на Рождеството се изобразуваат исто така и ангелите, мудреците и пастирите. Ангелите, како први гласници на Радосната вест за Рождеството Христово, мудреците и пастирите — претставници на човечкиот род, се поканети да му се поклонат на Христа.
Во горниот дел од иконата се претставува ѕвездата која ги води мудреците на еден начин кој ретко се среќава. Таа е испратена да стои точно на врвот од пештерата. Витлеемската ѕвезда се запазува како симбол не само во иконата на Рождеството, но и во Светата Литургија. Свеќникот кој се поставува во повечерието на Рождеството во средината на храмот, исто така ја симболизира ѕвездата. Очигледно е дека таа зазема многу важно место на празникот Рождество, зашто е древен симбол на Христа, како што ни сведочи и Откровението: „Корен и потомок сум Давидов — Светла и Утринска Ѕвезда.“
Обично е изобразен и Јосиф, заштитникот на Дева, исполнет со тага, измачуван од сомнежи, не можејќи да го разбере таинството на Раѓањето на Синот од Девата. Карактеристично за многу икони на Рождеството е дека Богородица гледа не кон Спасителот, туку кон Јосиф, со поглед исполнет со разбирање и длабока сочувствителност. Очигледно е дека таа со сите сили сака да му помогне. Иконата на Христа е образец или слика на бесконечната слава на доброволното предавање на Христа.
Божиќ како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Божиќ како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Божиќна приказна“ — кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[6]
- „Божик“ — песна на македонскиот поет Наум Целакоски.[7]
Божиќ како тема во популарната музика
[уреди | уреди извор]- „Дали тие знаат дека е Божиќ?“ (англиски: Do They Know It's Christmas?) — песна на хуманитарната група Бенд Ејд (Band Aid) од 1984 година.[8]
- „Божиќ“ (англиски: Christmas) — песна на американската рок-група Бит хепенинг (Beat Happening) од 1985 година.[9]
- „Божиќен дух?“ (англиски: Christmas Spirit?) — песна на американската рок-група Вејлерс (Wailers) од 1965 година.[10]
- „Минатиот Божиќ“ (Last Christmas) — песна на британската поп-група Вем! (Wham!).[11]
- „Детски Божиќ во Велс“ (англиски: Child's Christmas In Wales) — песна на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) од 1973 година.[12]
- „Божиќ во Кејптаун“ (англиски: Christmas In Capetown) — песна на американскиот музичар Ренди Њумен (Randy Newman) од 1983 година.[13]
- „Божиќ во февруари“ (англиски: Xmas In February) — песна на американсиот рок-музичар Лу Рид (Lou Reed) од 1989 година.[14]
- „Не верувај во Божиќ“ (англиски: Don't Believe in Christmas) — песна на американската рок-група Соникс (Sonics) од 1965 година.[15]
- „Фала му на бога што не е Божиќ“ (англиски: Thank God It's Not Christmas) — песна на американската рок-група Спаркс (Sparks) од 1974 година.[16]
- „Нема Божиќ за Џон Кејс“ (англиски: No Xmas For John Quays ) — песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1979 година.[17]
- „Божиќ“ (англиски: Christmas) — песна на британската рок-група Ху (The Who)“.[18]
Божиќ како тема во филмот
[уреди | уреди извор]- „Божиќ со Кранкови“ (англиски: Christmas with the Kranks) — американски филм, во режија на Џо Рот.[19]
- „Да се преживее Божиќ“ (англиски: Surviving Christmas) — американски филм, во режија на Мајк Мичел.[20]
- „Божиќна приказна“ (англиски: A Christmas Story) — американски филм од 1983 година, во режија на Боб Кларк.[21]
- „Како Гринч го украде Божиќ“ (How the Grinch Stole Christmas) — американски филм од 2002 година, во режија на Рон Хауард.[22]
- „На дванаесеттиот ден за Божиќ“ (англиски: On the Twelfth Day of Christmas) — канадски филм од 2015 година, во режија на Харви Кросленд.[23]
- „Речиси Божиќ“ (англиски: Almost Christmas) — американски филм од 2016 година, во режија на Дејвид Талберт.[24]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Рождество Христово
- Бадник — празник воочи Божиќ
- Велигден — празник на воскреснувањето на Христос
- Божиќен колач
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Christmas as a Multi-faith Festival—BBC News. Retrieved 30 септември 2008.
- ↑ Божиќ — Прав. реч. на мак. јазик
- ↑ Божик — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Рождество Христово — Прав. реч. на мак. јазик
- ↑ Каланди — Бигорски манастир
- ↑ Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
- ↑ Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 30.
- ↑ YouTube, Do they Know it's Christmas ~ Band Aid 1984 (пристапено на 17.1.2017)
- ↑ YouTube, beat happening - beat happening (full album) (пристапено на 23.8.2017)
- ↑ Sonics* / Wailers* – Don't Believe in Christmas / Christmas Spirit? (пристапено на 17.12.2024)
- ↑ Wham! - Last Christmas (пристапено на 17.1.2017)
- ↑ YouTube, John Cale: Paris 1919 (Full Album) (пристапено на 13.2.2018)
- ↑ YouTube, Christmas In Capetown- Randy Newman (Vinyl Restoration) (пристапено на 8.10.2017)
- ↑ Discogs, Lou Reed – New York (пристапено на 26.3.2021)
- ↑ Sonics* / Wailers* – Don't Believe in Christmas / Christmas Spirit? (пристапено на 17.12.2024)
- ↑ Sparks – Kimono My House (пристапено на 11.5.2024)
- ↑ YouTube, The Fall - Live At The Witch Trials (1979) † (full album) (пристапено на 29.6.2017)
- ↑ YouTube, The Who - Christmas (пристапено на 11.3.2019)
- ↑ „Како да се прескокне Божиќ“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 22.
- ↑ „Да се преживее Божиќ“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 32.
- ↑ IMDb, A Christmas Story (1983) (пристапено на 1.3.2017)
- ↑ IMDb, How the Grinch Stole Christmas (2000) (пристапено на 1.3.2017)
- ↑ HRT, Dvanaest dana do Božića (пристапено на 21.12.2018)
- ↑ IMDb, Almost Christmas (2016) (пристапено на 1.3.2017)
Користена литература
[уреди | уреди извор]- „Троичник“, број 12, година III, списание за православната вера.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Кон Богомладенецот за Божик“. Благовести. Прилеп: Црква „Св. Благовештение“. 8 јануари 2017.
- „МПЦ објасни зошто Божик не го славиме заедно со католиците (и кога ќе се смени тоа)“. Република. 7 јануари 2017. Архивирано од изворникот на 2016-12-28. Посетено на 2017-12-29. Text "Република Online" ignored (help)
|