Велигден (православен)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За поинакви празнувања на овој ден, видете Велигден
Руска икона која го прикажува воскреснувањето на Христа
Вапцани велигденски јајца во с. Стенче, Горни Полог

Велигден или Воскресение Христово — најважниот верски празник во православниот календар. Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден недела по Велики петок. Марија


Православните христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“.

Место во православниот календар[уреди]

Велигден и празниците кои се поврзани со него се подвижни празници, тие не паѓаат на ист датум секоја година според грегоријанскиот (цивилниот календар) или јулијанскиот календар (кои го следат движењето на Земјата околу сонцето и годишните времиња). Тие се фиксни според лунарниот календар кој е сличен, но не ист со еврејскиот календар.

Велигден се празнува по еврејскиот празник Пасха (хеб. песах), во првата недела по полна месечина, која што е на самиот ден на пролетната рамнодневница или непосредно по неа. Во периодот од 1900 до 2100 година Велигден може да се падне помеѓу 4 април и 8 мај.

Во православието, подготвувањата започнуваат со Великите пости. По петтата недела (ден) од великите пости доаѓа Цветната недела, која завршува со Лазарова сабота. Овој ден го означува завршетокот на Великите пости, иако празникот продолжува и следната недела.

Потоа доаѓа празникот Цветна недела (Цветници), Светла седмица, и најпосле самиот Велигден, и постот прекинува веднаш по Божествената литургија. По велигден следи Томината недела, за време на која нема постење дури ни во среда и петок.

Велигденската служба започнува на полноќ (почеток на Велигденското утро)[1]. Со тоа што оваа служба е на полноќ, на истата ѝ е загарантирано дека ниедна литургија нема да дојде пред неа изутрината. Ова се должи на фактот што Велигден се смета за „празник над празниците“.

Обичаи[уреди]

На велики Четврток,се вапсуваат првите три јајца.Првото јајце е посветено на Бога,второто на домаќинот на куќата,и третото за бериќет и среќа.Тогаш не смее да се вапсува други јајца.На тој ден Исус го фатиле.

На велики Петок е строгиот пост.Правилниот пост е само да се пијат течности поточно вода,чај итн. На тој ден Исус го распнуваат.Христијаните во тоа време постеле од жалост.Бидејќи јадењето претставувало задоволство тие сметале дека не треба да јадат.

На велика Сабота Исус веќе умира.Тогаш навечер се оди во црква и некаде кај 00:00 часот се кружи околу црквата,а пак по 00:00 часот се 'кршиме' со јајца.

Во неделата се мрси.На тој ден Исус воскреснува.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Воскресение Христово (Велигден), preminportal.com.mk


Државни празници во Република Македонија

Нова ГодинаПрв ден БожиќПрв ден ВелигденВтор ден ВелигденДен на трудотСв. Кирил и МетодијИлинденДен на независностаДен на востаниетоДен на револуционерната борбаСвети Климент ОхридскиРамазан Бајрам