Ден на сесловенските просветители

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За други значења видете на појаснителната страница за Денот на словенската писменост
Ден на сесловенските просветители и учители
Ден на сесловенските просветители и учители
Македонска црковна делегација на Кириловиот гроб
Наречен иДен на словенска писменост, Св. Кирил и Методиј
Го празнува(ат)Македонија Македонија
Виднационален
Датум24 мај
Прославаконцерти, културни настани, доделување награди
ПоврзаноКирил и Методиј

Ден на сесловенските просветители и учители или Ден на светите солунски браќа Кирил и Методијдржавен македонски празник[1] кој се празнува на 24 мај. Празникот е во чест на Св. Кирил и Св. Методиј, основачите на првата словенска азбука – глаголицата. Денот на македонските светители е прогласен за државен празник од. Во XI век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.

Датумот е избран бидејќи го означува датумот кога започнала Моравската мисија.

Празнувања[уреди | уреди извор]

Во Македонија[уреди | уреди извор]

Традиционално празникот во Македонија започнува со честитката на премиерот на републиката со граѓаните на Македонија.

Во Охрид, градот-лулка на словенската писменост и култура, традиционално се одржуваа повеќе свечености. Од раните утрински часови започнува турнирот во мал фудбал во средното Угостителско училиште „Ванчо Питошески“ помеѓу учениците од трите среднообразовни центри во општина Охрид. Централната свеченост за одбележување на Денот на сесловенските просветители во организација на Општината започнува пред споменикот на Светите Кирил и Методиј во градскиот Парк. Бројни граѓани, просветни и културни дејци, ученици и претставници на јавниот и политичкиот живот од општината доаѓаат да одадат почит преку полагање на цвеќе на споменикот.[2]

Во Рим[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Климент“ во Рим каде се наоѓа гробот на Св. Кирил

Почнувајќи од 1960-тите, секоја година традиционално во Рим се одбележува овој празник со посета на државна и црковна делегација од Македонија која се поклонува на гробот на сесловенскиот просветител Свети Кирил во Црквата „Св. Климент“. На ова му предходи официјална посета на Ватикан и папата. Поглаварот на Македонската православна црква чиноначалствува со молебен на гробот на Св. Кирил, додека неколку дена во Рим трааат деновите на македонската култура со голем број на концерти и изложби.[3]

Во дијаспората, освен во Рим како центар на прославата, празникот се слави секаде каде што живеат македонци. Во Германија се прославува со свечена литургија по македонските цркви, организирање на собири со македонски пејачи и турнири во мал фудбал.[4] Најмногу се празнува во Елванген, јужна Германија во градот во кој Св. Методиј бил две ипол години во затвор.

Бугарија[уреди | уреди извор]

Во Бугарија овој ден се слави како „Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост“, каде солунските браќа се сметаат за Бугари.

Свечена литургија во германскиот град Елванген

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]