Мамуѕу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мамуѕу
Mamoudzou
главен град, префектура и општина
Поглед на пристаништето во Мамуѕу
Поглед на пристаништето во Мамуѕу
Општината (со црвено) во рамките на Мајот
Општината (со црвено) во рамките на Мајот
Земја Франција
Прекуморски регион и департман Мајот
Управа
 • Градоначалник (2014–) Мохамед Мажани
Површина 41,94 км2
Население (2012)1 57.281
 • Густина 13.657.844.539.819/км2
INSEE/Пошт. бр. 98511 / 97600
1 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Мамуѕу (француски: Mamoudzou; маоре: Momoju[1]) — главен град на францускиот прекуморски регион и департман Мајот во Индиски Океан, кој воедно ја сочинува и најнаселената општина. Сместен е на островот Гранд Тер (Маоре), најголем во Мајот.

Историја[уреди | уреди извор]

Сè до 1977 г. административниот центар на Мајот бил во Ѕауѕи, на малиот остров Пети Тер (Паманази), кога е сменет со Мамуѕу. Според пописот во 1985 г. во самиот град живееле 12.026.[2]

Управа[уреди | уреди извор]

Градската управа на Мамуѕу

Покрај градот, општината опфаќа и 6 села: Кавени, Мцапере, Пасаменти, Ваибе, Цунѕу I и Цунѕу II.

Општината воедно е поделена на 3 кантона; Мамуѕу I, Мамуѕу II и Мамуѕу III.

Од Мамуѕу емитува државното радио на француски и маоре (месниот коморски дијалект). На улицата „Маријаз“ се сместени повеќе државни установи како управите за Земјоделство и шумарство, Образование, Здравство и социјала, Јавни работи, Работа, вработување и Млади и спорт — чии седишта се наоѓаат во градот уште пред да добие статус на главен.[3]. Во Мамуѕу има и отсек на „Франс телеком“.[4]

Демографија[уреди | уреди извор]

Население во минатото
1966 1978 1985 1991 1997 2002 2007 2012
4.556 7.798 12.026 20.307 32.774 45.485 53.022 57.281
Официјални пописни податоци.
По населени места
Село 1997 2002
Кавани 3.948 5.488
Кавени 6.206 9.604
Мамуѕу 5.666 6.533
Мцапере 6.979 10.495
Пасаменти 5.173 6.008
Цунцу 1 2.093 3.058
Цунцу 2 574 1.063
Ваибе 2.135 3.236
Статистички точно за 1997 г.

Градот има значајно муслиманско население.[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Тезги на пазариштето во Мамуѕу

Мамуѕу има банка и трговски центар. Стопански центар на градот е пазариштето (Плас ди Марш), каде се сместени Ер Франс, Ева ер, туристичката служба[6] и редакцијата на островското списание Жана на Лео.[7] Попознати ресторани се „Ле Терас“ (Les Terrasses), „Исижива“ (Hotel Restaurant Isijiva), „Ле Барфли“ (Le Barfly) и „Мамуѕу Ла Каз“ (Mamoudzou La Kaz).[8]

Од градот сообраќа траект до островот Пети Тер, претежно за туристички цели.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Allibert, Claude (2002) (на French). Regards sur Mayotte. INALCO. стр. 305. ISBN 978-2-85831-135-4. https://books.google.com/books?id=WE9yAAAAMAAJ. 
  2. Wright, John (23 May 2006). New York Times Almanac 2002. Routledge. стр. 1589. ISBN 978-1-135-45586-6. https://books.google.com/books?id=SHKPAgAAQBAJ&pg=PA1589. 
  3. Africa South of the Sahara 2003. Psychology Press. 31 октомври 2002. стр. 243. ISBN 978-1-85743-131-5. https://books.google.com/books?id=1KBP7QbalX0C&pg=PA243. 
  4. Routledge (9 ноември 2007). Africa South of the Sahara 2008. Taylor & Francis. https://books.google.com/books?id=VIgRAQAAMAAJ. 
  5. Auzias, Dominique; Labourdette, Jean-Paul (1 јануари 2006) (на French). Guide Du Voyageur 2006–2007. Petit Futé. стр. 267. ISBN 2-7469-1523-5. https://books.google.com/books?id=8_ITxsC-iHUC&pg=PA267. 
  6. Hodd, Michael (1994). East African Handbook. Trade & Travel Publications. стр. 706. ISBN 978-0-8442-8983-0. https://books.google.com/books?id=T5wNBFhvyaUC. 
  7. Ottenheimer, Martin (1 јануари 1994). Historical Dictionary of the Comoro Islands. Scarecrow Press. стр. 92. ISBN 978-0-8108-2819-3. https://books.google.com/books?id=Ruu0JZGFcXAC&pg=PA92. 
  8. Nourault, Gilles; Perrin, François (2003). Mayotte: guide touristique et culturel. Orphie. стр. 315. https://books.google.com/books?id=TscwAQAAIAAJ. 
  9. Madagascar & Comoros. Lonely Planet. 2008. стр. 257. ISBN 978-1-74104-608-3. https://books.google.com/books?id=UMq-2xYmCwQC&pg=PA257. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]