INSEE
INSEE (француски: Institut National de la Statistique et des Études Économiques = „Државен институт за статистика и економско истражување“) е државна установа во Франција задолжена за статистика и проучување на економската состојба. Собира, анализира и објавува податоци за француската економија, општеството и организира повремени пописи. Установата е сместена во Париз и претставува француски огранок на европскиот статистички систем Eurostat. INSEE е основан во 1946 г. како наследник на Државата статистичка служба (SNS) формирана од Вишиевците за време на II светска војна.
Задачи
[уреди | уреди извор]INSEE е задолжен за прибирање и анализа на статистички податоци во земјата. Најважни должности се:
- Организирање и објавување на пописи
- Подготовка на разни индекси (високопочитувани заради нивниот извонреден квалитет) како индекс на инфлација за определување на наемнините и градежните трошоци.
- Eurostat ги користи статистиките на INSEE заедно со соние на други државни служби за составување на статистички прегледи на ЕУ во целина.
Организација
[уреди | уреди извор]INSEE е во ресорот на Министерството за економија. Моменталниот директор е Жан-Филип Коти. Меѓутоа, Eurostat го смета INSEE за независен орган, макар што независноста не е пропишана со закон.[1]
Образовна и истражна дејност
[уреди | уреди извор]Истражната и образовната дејност на INSEE ја врши GENES (Groupe des Écoles Nationales d'Économie et Statistique) во која спаѓаат:
- ENSAE (L'École nationale de la statistique et de l'administration économique) - школа за државни службеници и техничари на INSEE од областа на статистиката, економијата и финансовото работење.
- ENSAI, (L'École nationale de la statistique et de l'analyse de l'information) - школа за техничари.
Кодови и систем
[уреди | уреди извор]INSEE назначува бројчено индексирани кодови на разни единици, правни и физички лица во Франција:
- INSEE-кодови (COG) кои се доделуваат на разни административни единици, особено на општините (кои се различни од поштенските броеви). Целосниот код има 8 бројки и 3 празни места, но напати се користи упростен код со 5 бројки без празни места:
- 2 бројки (департман) и 3 бројки (општина) за 96-те департмани во континентална европска Франција.
- 3 бројки (департман или заедница) и 2 бројки (општина) за прекуморските департмани, прекуморските заедници и прекуморските земји и територии.
- INSEE-броеви (13 бројки + назнака од 2 бројки) - единствен матичен број за жителите ([физичко лице|физички лица]). Форматот е следниов: пггммлллллррр кк, where
- п - пол: 1 = машки, 2 = женски (за постојан број) или 7 = машки, 8 = женски (за привремен број),
- гг - последните две бројки од годината на раѓање,
- мм месец на раѓање. Ако месецот е непознат, се доделува бројка поголема од 20,
- ллллл - место (локација) на раѓање
- ррр - број на редослед, за разликување на лица родени во исто место, во ист месец и година.
- 'кк' е „контролен клуч“ - назнаката еднаква на 97 (остатокот од бројот модуло 97).
Тука постојат исклучоци за лица во извесни ситуации.[2]
- SIREN се кодови за правни лица (фирми и непрофитни здруженија), а SIRET се кодови за нивните места на дејност.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ ACDC2007.free.fr - Извештај на Eurostat (француски)
- ↑ DSI.CNRS.fr Архивирано на 1 јули 2015 г. (француски)
- ↑ SIRENE.tm.fr Архивирано на 24 мај 2009 г. - База на SIRENE (француски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Страница на заводот (француски) (англиски)
|