Данок на додадена вредност

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Данокот на додадена вредност е данок на потрошувачка кој се пресметува во секоја фаза само на износот на додадената вредност, со тоа што овој данок е без кумулативни ефекти.

Појава на ДДВ[уреди]

Данокот на додадена вредност (ДДВ) бил измислен од страна на еден германски економист во 18-тиот век. Тој имал замисла за данок на производи кој не би влијаел на трошоците на производство и дистрибуција, но би се собирал во конечната цена која ќе се наплати од потрошувачот. Покрај ова, не било важно низ колку трансакции производот поминал, данокот секогаш ќе остане фиксен процент од конечната цена.

Во вистинска форма ДДВ за првпат се појавува во Франција во 1948 година. Се применувал се до фазата на производство и не одобрувал кредити за капитални добра, до 1954 година бил преобразен во ДДВ од типот на данок на потрошувачка. Главниот импулс да се прифати ДДВ потекнува од два извори: прво, почетните потписници на Договорот од Рим (Белгија, Франција, Германија, Италија, Луксембург и Холандија) сметале дека ДДВ претставува значајно подобрување на оданочувањето на прометот на производи и услуги за разлика од дотогаш користениот каскаден данок. Сите овие земји го вовеле ДДВ помеѓу крајот на шеесетите и средината на седумдесетите години. Второ, скандинавските земји истотака виделе дека ДДВ е многу поефикасен данок на фискален план од дотогашните други форми на данок на потрошувачка, па меѓу 1967 и 1970 година преминале на ДДВ. Поради фактот што влезот во Европската Унија потоа е условен со прифаќање на ДДВ, земјите кои се членки го прифатиле, а истотака и оние земји кои се стремат да станат членки го прифаќаат. Само САД не го вовеле ДДВ, иако постојат силни залагања за негово воведување.

Во Македонија на 1 април 2000 година, тогашниот министер за финансии Никола Груевски го воведе ДДВ, наместо постоечкиот данок на промет, со што општата стапка на промет на производи (добра) и услуги се намали од 25% на 19% (за подоцна да се утврди стапка од сегашните 18%).

Даночна стапка на ДДВ[уреди]

Стапката на ДДВ во различни земји е на различно ниво. Во ЕУ стандардната стапка на ДДВ се движи од 15% до 25%. Од 1993 година минималната стандардна стапка која е дозволена е 15%, иако ДДВ со минимум од 5% може да биде употребен за одредени добра и услуги, вклучувајќи храна, домашно греење и осветлување, книги и весници.

Утврдување на даночна основица и пресметување на ДДВ[уреди]

Директно оданочување на додадената вредност. При пресметката со директно оданочување се среќаваме со два метода:

  • Метод на одземање (subtraction method), според кој додадената вредност се пресметува со одземањето на вкупната вредност на продажбите (без данокот) и вкупната вредност на набавките (без данокот) во текот на еден даночен период и се оданочува разликата помеѓу нив.

Индиректно оданочување на додадената вредност (tax credit method) се среќава со методот на одземање според кој стопанствениците го наплатуваат данокот на нивните продажби и плаќаат данок на нивните набавки, а на даночните власти ја плаќаат разликата меѓу наплатениот и платениот данок во секој даночен период, што значи дека се користи механизмот на даночен кредит. Ако даночниот кредит е поголем од данокот на продажбите, обврзникот има право на рефундирање на разликата.

Методот на собирање има проблеми во дефинирањето на профитот што подлежи на оданочување или во точното проценување на увозот и извозот. Покрај ова овој метод е применлив со само една стапка такашто е отежнато пресметување на данокот кога се во прашање производи или услуги врз кои се применува повластената даночна стапка од 5%.

Денес со исклучок на Јапонија сите останати земји го применуваат индиректниот метод на одземање при пресметката на ДДВ. Како причина за ова се зголемените можности да се открие даночна евазија и можноста да се избегне кумулативно оданочување на инвестиционите добра.

Литература[уреди]

Надворешни врски[уреди]