Потрошувач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Потрошувач — секое физичко или правно лице кое купува производи или користи услуги за непосредна сопствена потрошувачка за цело кои се надвор од неговата трговска активност, бизнис или професија.[1]

Во економски контекст, потрошувачот се карактеризира со способност да избира помеѓу понудените конкурентни стоки и услуги. Во однос на микроекономија, тој е определен како физичко лице кое надвор од рамките на својата трговија, дејност и професија, склучува договор со даден доставувач.[2]

Во правен контекст, потрошувач е личност, заштитен со закон за заштита на потрошувачите, која прифаќа понуди кои ги задоволуваат неговите лични потреби, без комерцијална цел.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Член 4 став 1 од Закон за заштита на потрошувачите (Службен весник на Република Македонија бр. 38/2004, 77/2007, 203/2008, 24/2011 и 164/2013)
  2. Cross, Robert G. (1997). Revenue management: hard-core tactics for market domination. Broadway Books. стр. 66–71. ISBN 978-0-553-06734-7. 
  3. Krohn, Lauren (1995). Consumer protection and the law: a dictionary. ABC-CLIO. ISBN 978-0-87436-749-2. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]