Потрошуваштво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Потрошуваштво (конзумеризам, од англиски: comsumerism) — општествен и економски поредок и идеологија поттикнува на постојано стекнување на материјални добра и услуги во се поголеми износи.

Во критички контекст, потрошуваштвото се користи за опишување на тенденцијата на луѓето да се идентификуваат силно со производи или услуги кои тие ги потрошуваат. Потрошуваштвото може да преземе екстремна форма кога потрошувачот го жртвува значително своето време и успех не само за купување туку и активно поддржување на одредена фирма или бренд.[1]

Критичарите на потрошуваштвото често нагласуваат дека потрошувачките општества се повеќе склони да ја наштетуваат животната средина, повеќе придонесуваат за глобалното затоплување и употребата на ресурси во повисока мера од другите општества.[2] Според д-р Хорхе Мајфад: "Обидувајќи се да се намали загадувањето на животната средина без да се намали потрошуваштвото е како борба против трговијата со дрога без намалување на зависноста од дрога."[3]

Наводи[уреди | уреди извор]