Ветерина

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ветеринарна медицина)

Ветерина (или ветеринарна медицина (лат. veterinarius) е гранка на медицината која се занимава со превенција, дијагностика и лечење болести, пореметувања и повреди кај животните. Обемот на ветеринарската медицина е широк, ги покрива сите животнски видови, домашни и диви, со широк спектар на услови кои можат да влијаат на различни видови.

Ветеринарна медицина е многу распространета, и со и без стручен надзор. Професионалната нега најчесто ја предводат ветеринари, но и ветеринарен техничари.

Ветеринарната медицина помага на човековото здравје преку следење и контролирање на зоонозите (болести кои се пренесуваат од животни на луѓе), на безбедноста на храната и индиректно со вршење на основни медицински истражувања. Исто така помага при контролирањето на храната од стручно потекло, а и чувајќи го менталното здравје на милениците. Ветеринарите често соработуваат со епидемиолозите, но и со другите здравствени научници во зависност од работата. Етички, ветеринарите обично се должни да се грижат да доброто на животните.


Историја[уреди | уреди извор]

Египатскиот Папирус од Кахун (1900. п.н.е.) и Ведската литература во античка Индија (Шалихотра) се едни од првите пишани извори за ветеринарската медицина. Првиот будистички цар на Индија едиктомот на Ашока кажува: „Крал Пијадаси (Ашока) овозможил два вида медицина, медицина за луѓе и медицина за животни. Каде што нема лековита билка за лиѓе и животни, наредил да се купи и да се засади“.

Првите обиди да се организира и регулира праксата на третирање на животни се фокусирала на коњите заради нивното економско значење. Во средниот век околу 475 година, потковувачите ја комбинирале својата работа со многу поширока задача „лечење коњи“. Лорд-мајорот на Лондон во 1356 година загрижен заради лошата состојба на грижа за коњите во градот, на сите потковувачи кои работеле во круг од 7 милји од градот Лондон им наредил да основаат дружина која би ја регулирала и унапредила состојбата на нивниот град. Тоа довело до основање на Почитуваната компанија на потковувачи во 1674 година.

Во меѓувреме, книгата на Карл Руни „Анатомија на коњите“ е објавена во 1598 година. Тоа било прва сеопфатна расправа за анатомијата на не-хуманиот вид.