Сиера Леоне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Сиера Леоне
Republic of Sierra Leone

Знаме Грб
Гесло"Unity, Freedom, Justice"
„единство, слобода, правда“
ХимнаHigh We Exalt Thee, Realm of the Free
„Те поздравуваме тебе, царство на слободните“
Местоположбата на  Сиера Леоне  (темносина)– in Африка  (светлосина и темносива)– во Африканска Унија  (светлосина)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Сиера Леоне  (темносина)

– in Африка  (светлосина и темносива)
– во Африканска Унија  (светлосина)  —  [Легенда]

Главен град Фритаун
8°29′ СГШ 13°14′ ЗГД / 
Најголем град гл. град
Службен јазик англиски
секојдневни јазици
Народности (2008)
Демоним Сиералеонец
Уредување претседателска уставна република
 •  Претседател Ернест Бај Корома
 •  Потпретседател Самуел Сам-Сумана
Законодавство парламент
Независност
 •  од Обединетото Кралство 27 април 1961 
 •  Објавување 19 април 1971 
Површина
 •  Вкупна 71.740 км2 (119-та)
 •  Вода (%) 1.1
Население
 •  проценка за 2013 г. 6,190,280[1] 
 •  Густина 79.4 жит/км2 (114-таa)
БДП (ПКМ) проценка за 2012 г.
 •  Вкупен $8.276 милијарди[2] 
 •  По жител $1,344[2] 
БДП (номинален) проценка за 2012 г.
 •  Вкупно $3.777 милијарди[2] 
 •  По жител $613[2] 
Џиниев коеф. (2011) 35.4[3]
среден
ИЧР (2011)  0.336
низок · 180-та
Валута Леоне (SLL)
Часовен појас GMT (UTC+0)
Се вози на десноб
НДД .sl
Повик. бр. +232
а. Базирано на податоци од 2007.
б. од 1 март 1971.

Сиера Леоне (англиски: Sierra Leone), или официјално Република Сиера Леоне (Republic of Sierra Leone) — држава во Западна Африка. Сиера Леоне се граничи со Гвинеја на североисток, Либерија на југоисток, а на југозапад излегува на Атлантскиот Океан. Сиера Леоне е уставна република, каде на непосредни избори се избира ценстралната и локалната власт. Сиера Леоне има тропска клима со разновидни релјефни облици, од савани до прашуми. Државата има вкупна површина од 71.740 километри квадратни[4] со проценето население од околу 6 милиони (2011).[5][6] Главен и најголем град во државата е Фритаун.

Населението на Сиера Леоне е составено од 16 различни етнички групи. Сепак, најголеми и највлијателни етнички групи во државата се Темнејците и Мендејците.[7] Темнејците живеат воглавно во северот, а Мендејците во југоистокот на државата.

Официјален јазик во Сиера Леоне е англискиот. Англискиот се користи и во училиштата. Сепак, најзборуван е креолскиот јазик крио. Јазикот е мешавина на англискиот и староседелскиоте африкански јазици. Овој јазик е главен меѓуетнички јазик и го зборуваат околу 90% од населението на државата.[8]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името на државата потекнува од времето на првите доселувања на Европејците во областа. Во 1462 година, Португалецот Педро де Синтра на областа околу главниот град Фритаун ја именувал како Serra de Leão (португалски за „лавовска планина“).[9] Денешното име на државата е италијанска верзија на името.

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Сиера Леоне.

Според археолошките ископувања и истражувања, територијата на денешната држава Сиера Леоне била населена уште пред 2.500 години,[10] главно од различни номадски племиња по потекло од Централна Африка.[11]Постојат и податоци според кои на овие територии во околу 9 век п.н.е. на овие простори бил обработуван металот како суровина.[12]Во 1462 година португалскиот морепловец Педро де Синтра престигнал на бреговите на Сиера Леоне. Многу бргу биле основани поголем број на европски трговски бази односно станици. Во 1787 година од страна на британците бил основан Фритаун. Во текот на 18 век, територијата била широко реколонизирана со афроамерикански калвинисти од Нова Шкотска, кои учествувале на страна на Велика Британија за време на војната за американската независност. Во 1790-тите се одржале избори, на кои право на глас имале и црнците, како и жените.[13]Во 1808 година земјата станала британска колонија. Својата независност земјата ја добила на 27 април 1961 година. Во 1991 година започнал вооружен конфликт помеѓу владата на Револуционерниот обединет фронт кој пак се борил, со подршка на Либија, за праведна распределба на приходите добиени од продажбата на дијаманти.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Сиера Леоне.
Топографска карта на Сиера Леоне

Сиера Леоне е држава која се наоѓа во Западна Африка. На север и на североисток државата се граничи со Гвинеја, на југ и југоисток со Либерија и на запад излегува на Атлантскиот Океан.[14] Главен град на Сиера Леоне е Фритаун, кој воедно е и најголем град. Втор најголем град е Бо.

Сиера Леоне има вкупна површина од 71.740 километри квадратни, од кои 120 киломери квадратни се вода.[8] Државата има 4 различни географски региони. Источниот дел на Сиера Леоне е висорамнина, со присуство на високи планини. Највисока точка е Монт Бинтумани со 1948 метри надморска височина. Сливниот басен на реката Моа ги опфаќа јужните предели на овој регион.

Средишниот дел на земјата е низини, каде има прашуми, но и обработлива земја.[14] Овој предел опфаќа околу 43% територијата на земјата. Северниот дел од овој предел понекогаш се смета за дел од екорегионот Гвинејски шумско-савански мозаик. Во западните делови на Сиера Леоне се наоѓа брегот на државата и тој е долг околу 400 километри. Брегот овозможува трговија на ресурси и потенцијал за туризам. Главниот град се наоѓа на крајбрежјето.

Климата во државата е тропска, каде има два циклусаː дождлива сезона (од мај до ноември) и сува сезона (од декември до мај). За време на сушните периоди има појава на силни ветришта од Сахара и ноќните температури може да достигнат до 16 степени. Просечната температура во земјата е 26 степени целзиусови.[15][16]

Политички систем[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Сиера Леоне.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Покраините во Сиера Леоне.

Сиера Леоне е составена од 4 региони: Северна покраина, Јужна покраина, Источна покраина и Западна област. Првите три се поделени на 12 окрузи, а тие се поделени на 149 поглаварства (chiefdoms). Локалната власт е избрана на директни избори.[17][18] Западната област има 13 окружни совети, а тие пак секој по 12 окрузи и 6 општини: Фритаун, Бо, Бонте, Кенема, Коиду и Макени.[17]

округ гл. град површина км2 покраина население
(попис 2004)[19]
население
(проценка 2010)
Бомбали Макени 7,985 Северна 408,390 434,319[20]
Коинадугу Кабала 12,121 265,758 251,091[21]
Порт Локо Порт Локо 5,719 455,746 500,992[21]
Тонколили Магбурака 7,003 347,197 385,322[22]
Камбија Камбија 3,108 270,462 313,765[23]
Кенема Кенема 6,053 Источна 497,948 545,327[24]
Коно Коиду 5,641 335,401 352,328[25]
Каилахун Каилахун 3,859 358,190 409,520[25]
Бо Бо 5,473.6[26] Јужна 463,668 561,524[27]
Бонте Матру Џонг 3,468 129,947 140,845[28]
Пуџехун Пуџехун 4,105 228,392 252,390
Мојамба Мојамба 6,902 260,910 252,390
Урбан округ на Западната област Фритаун 3,568 Западна област 1,272,873 1,473,873
Рурален округ на западната област Ватерло 4,175 174,249 205,400


Економија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Сиера Леоне.

Демографија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Сиера Леоне.

Според податоци од 2006 година, населението на Сиера Леоне изнесува 6,294,774 луѓе. Во земјата живеат неколку етнички групи, но најголемиот дел од нив се црнци, со околу 90%. Останатите 10% припаѓаат на креолите. Официјален јазик во земјата е англискиот.

Религија[уреди | уреди извор]

Извори:[1][2][3]
Религија во Сиера Леоне[29][30]
религија %
Ислам
  
70%
Христијанство
  
25%
Традиционална африканска религија
  
5%

Најголема религија во државата е Исламот[29][31][32], а Христијанството е значајна малцинска религија. Според Истражувачкиот центар Пју, околу 71,3% од вкупното население на државата се Муслимани (4,059,000).[33] Според американскиот Стејт Департмент, околу 60% од населението се Муслимани,[34] додека од 20 до 30% од населението се Христијани, и од 5 до 10% се анимисти.

Според „Извештајот за меѓународната верска слобода во Сиера Леоне“ од 2007 од УНХЦР[30] околу 60% се Муслимани, 20 до 30% Христијани и 5 до 10% други религии. Се проценува дека голем број на луѓе ги измешале Исламот и Христијанството со локалните религии. Најголемиот број од Христијаните во Сиера Леоне се Протестанти[35][35][36][37]

Сиера Леоне е една од најтолерантните држави во поглед на верата во Африка и светот. Муслиманите и Христијаните заедно живеат.[38][39][40] Така на пример, претседателот на државата е Христијанин. Религиското насилство е многу ретко во државата.[41] Државата гарантира верска слобода. Државата е секуларна и нема официјална религија.

Култура[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Сиера Леоне.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Official projection (medium variant) for the year 2013 based on the population and housing census held in Sierra Leone on December 4, 2004. statistics.sl. page 13.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Sierra Leone“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2013/01/weodata/weorept.aspx?pr.x=50&pr.y=3&sy=2009&ey=2012&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=724&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=. конс. 18 април 2013 г. 
  3. „Gini Index“. World Bank. http://data.worldbank.org/indicator/SI.POV.GINI/. конс. 2 март 2011 г. 
  4. Encarta Encyclopedia. „Sierra Leone“..  (конс. 19 февруари 2008 г)
  5. Sierra Leone profile. Bbc.co.uk (8 December 2011). Retrieved on 15 August 2012.
  6. The World Guide. „Sierra Leone Geography“. архивирано од оригиналот на 12 јануари 2009. http://web.archive.org/web/20090112013329/http://sbs.com.au/theworldnews/Worldguide/index.php3?country=178&header=3. конс. 19 февруари 2008 г. 
  7. Provinces. audiencescapes.org. Retrieved on 27 August 2013.
  8. 8,0 8,1 „Sierra Leone“. The World Factbook. CIA. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/sl.html. конс. 15 септември 2011 г. 
  9. Kingfisher Geography encyclopedia. ISBN 1-85613-582-9. p. 180
  10. Countries and Their Cultures. „"Culture of Sierra Leone"“. http://www.everyculture.com/Sa-Th/Sierra-Leone.html. конс. 22 февруари 2008 г. 
  11. Encyclopaedia Britannica. „"Sierra Leone History"“. http://www.britannica.com/eb/article-55344/Sierra-Leone. конс. 19 февруари 2008 г. 
  12. Encyclopedia of the Nations. „"Sierra Leone - History"“. http://www.nationsencyclopedia.com/Africa/Sierra-Leone-HISTORY.html. конс. 22 февруари 2008 г. 
  13. Sierra Leone’s struggle for progress
  14. 14,0 14,1 LeVert, Suzanne (2006). Cultures of the World: Sierra Leone. Marshall Cavendish. стр. 7. ISBN 978-0-7614-2334-8. 
  15. Blinker, Linda (September 2006). Country Environment Profile (CEP) Sierra Leone. Freetown, Sierra Leone: Consortium Parsons Brinckerhoff. стр. 12. http://www.sliip.org/index.php?option=com_docman&task=doc_download&gid=46. конс. 2 јули 2013 г. 
  16. LeVert, Suzanne (2006). Cultures of the World: Sierra Leone. Marshall Cavendish. стр. 8–9. ISBN 978-0-7614-2334-8. 
  17. 17,0 17,1 Renner-Thomas, Ade (2010). Land Tenure in Sierra Leone: The Law, Dualism and the Making of a Land Policy. AuthorHouse. стр. 6–7. ISBN 978-1-4490-5866-1. http://books.google.com/?id=RiIpW6vWVPoC&pg=PA5. 
  18. „ActionAid launches Perception survey as new local councils struggle to survive“. ActionAid. http://www.actionaid.org/tanzania/index.aspx?PageID=3925. конс. 26 февруари 2011 г. 
  19. „Final Results 2004 population and housing census“ (PDF). Statistics Sierra Leone. стр. 3. http://www.sierra-leone.org/Census/ssl_final_results.pdf. конс. 9 јуни 2008 г. 
  20. „Bombali – profile of geographical entity including name variants“. World Gazetteer. http://www.world-gazetteer.com/wg.php?x=&men=gpro&lng=en&des=wg&srt=npan&col=adhoq&msz=1500&geo=-6636. конс. 20 мај 2012 г. 
  21. 21,0 21,1 „Port Loko“. World-gazetteer.com. http://www.world-gazetteer.com/wg.php?x=&men=gpro&lng=en&des=wg&srt=npan&col=adhoq&msz=1500&geo=-6644. конс. 20 мај 2012 г. 
  22. „Tonkolili – profile of geographical entity including name variants“. World Gazetteer. http://www.world-gazetteer.com/wg.php?x=&men=gpro&lng=en&des=wg&srt=npan&col=adhoq&msz=1500&geo=-6647. конс. 20 мај 2012 г. 
  23. „Kambia – profile of geographical entity including name variants“. World Gazetteer. http://www.world-gazetteer.com/wg.php?x=&men=gpro&lng=en&des=wg&srt=npan&col=adhoq&msz=1500&geo=-6639. конс. 20 мај 2012 г. 
  24. „Kenema – profile of geographical entity including name variants“. World Gazetteer. http://www.world-gazetteer.com/wg.php?x=&men=gpro&lng=en&des=wg&srt=npan&col=adhoq&msz=1500&geo=-6640. конс. 20 мај 2012 г. 
  25. 25,0 25,1 „Kailahun – profile of geographical entity including name variants“. World Gazetteer. http://www.world-gazetteer.com/wg.php?x=&men=gpro&lng=en&des=wg&srt=npan&col=adhoq&msz=1500&geo=-6638. конс. 20 мај 2012 г. 
  26. „Bo District“. Sierra Leone Encyclopedia (UN and Government of Sierra Leone). јули 2007. архивирано од оригиналот на 4 мај 2010. http://web.archive.org/web/20100504144010/http://www.daco-sl.org/encyclopedia/3_dist/3_1a_bo.htm. конс. 6 јуни 2008 г. 
  27. „Bo – profile of geographical entity including name variants“. World Gazetteer. http://www.world-gazetteer.com/wg.php?x=&men=gpro&lng=en&des=wg&srt=npan&col=adhoq&msz=1500&geo=-6635. конс. 20 мај 2012 г. 
  28. „Bonthe“. World-gazetteer.com. архивирано од оригиналот на 16 декември 2012. http://archive.is/e8WN. конс. 20 мај 2012 г. 
  29. 29,0 29,1 71% of Sierra Leoneans are Muslims « Oluseguntoday's Blog. Oluseguntoday.wordpress.com (13 October 2009). Retrieved on 15 August 2012.
  30. 30,0 30,1 United Nations High Commissioner for Refugees. „2010 Report on International Religious Freedom – Sierra Leone“. UNHCR.org. http://www.unhcr.org/refworld/docid/4cf2d06b43.html. конс. 20 мај 2012 г. 
  31. Islam In Sierra Leone Information, Videos, Pictures and News. Rtbot.net. Retrieved on 15 August 2012.
  32. Sama Banya wants Awareness Times to call Tom Nyuma a Buffoon. News.sl (18 April 2012). Retrieved on 15 August 2012.
  33. „Mapping The Global Muslim Population“ (PDF). http://pewforum.org/uploadedfiles/Topics/Demographics/Muslimpopulation.pdf. конс. 20 мај 2012 г. 
  34. „US Department of State estimate“. State.gov. 14 септември 2007. http://www.state.gov/g/drl/rls/irf/2007/90119.htm. конс. 20 мај 2012 г. 
  35. 35,0 35,1 „United Methodists elect bishop for Sierra Leone“. UMC.org. 22 декември 2008. http://www.umc.org/site/apps/nlnet/content3.aspx?c=lwL4KnN1LtH&b=5794273&ct=6470237&notoc=1. конс. 23 септември 2013 г. 
  36. „Methodist Church Sierra Leone — World Council of Churches“. Oikoumene.org. 28 јануари 2013. http://www.oikoumene.org/en/member-churches/methodist-church-sierra-leone. конс. 23 септември 2013 г. 
  37. „Crosspoint United Methodist Church – Welcome » Sierra Leone“. Xpointumc.org. http://www.xpointumc.org/missions/report-of-sierra-leone/. конс. 23 септември 2013 г. 
  38. Samba, Augustine (4 July 2013) “Sierra Leone’s Religious Tolerance is Superb”…Says UN Special Rapporteur: Sierra Leone News. News.sl.
  39. United Nations News Centre - Inter-religious cooperation can be vital asset for rebuilding Sierra Leone &#8211 UN expert. Un.org (5 July 2013). Retrieved on 27 August 2013.
  40. Jalloh, Ahmed Ramadan (11 June 2013) Religious tolerance in Sierra Leone – A blessing from God. Newstime Africa. Retrieved on 27 August 2013.
  41. Inter-Religious Cooperation to Rebuild Sierra Leone | Scoop News. Scoop.co.nz (8 July 2013). Retrieved on 27 August 2013.

Литература[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Портал „Сиера Леоне

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Влада
Општо
Медија
Туризам