Религија во Сиера Леоне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Религија во Сиера Леоне
Религија Процент
Ислам
  
60 %
Христијанство
  
30 %
Традиционална
  
10 %

Религијата во Сиера Леоне има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето на земјата.

Најголема религија во државата е Исламот[1][2][3], а Христијанството е значајна малцинска религија.

Сиера Леоне е една од најтолерантните држави во поглед на верата во Африка и светот. Муслиманите и Христијаните заедно живеат.[4][5][6] Така на пример, претседателот на државата е Христијанин. Религиското насилство е многу ретко во државата.[7] Државата гарантира верска слобода. Државата е секуларна и нема официјална религија.

Статистички показатели[уреди | уреди извор]

Според Истражувачкиот центар Пју, околу 71,3% од вкупното население на државата се Муслимани (4,059,000).[8] Според американскиот Стејт Департмент, околу 60% од населението се Муслимани,[9] додека од 20 до 30% од населението се Христијани, и од 5 до 10% се анимисти. Според „Извештајот за меѓународната верска слобода во Сиера Леоне“ од 2007 од УНХЦР[10] околу 60% се Муслимани, 20 до 30% Христијани и 5 до 10% други религии. Се проценува дека голем број на луѓе ги измешале Исламот и Христијанството со локалните религии. Најголемиот број од Христијаните во Сиера Леоне се Протестанти[11][11][12][13]

Ислам[уреди | уреди извор]

Џамија во Сиера Леоне

Во почетокот на 18 век, етничките групи Фулани и Манде од регионот на Фута Џалон од денешна Гвинеја успеале да конвентират голем дел од народот Темне од северниот дел на Сиера Леоне во исламот. Во периодот на британската колонизација, обидите да се прошири христијанството најчесто биле неефикасни.

Исламот продолжил да се шири по независноста во 1961 година. Во 1960 година муслиманското население претставувало 35% и пораснало на 60% до 2000 година, а потоа на 71% во 2008 година. Аџилакот на муслиманските верници од земјата до Мека е отежнат, а како главна причина се наведува растојанието помеѓу двете места и трошоците за патување кои се големи за поголемиот дел од верниците. Дополнително на верниците им било оневозможено да патуваат во Саудиска Арабија поради кризата од ебола во Сиера Леоне.

Неодамнешната Граѓанска војна во Сиера Леоне била секуларна со членовите на христијанските, муслиманските и племенските вери кои се бореле на двете страни од конфликтот.

Денеска, во Сиера Леоне има 18 етнички групи, од кои најголеми се Темне, кои претежно живеат на север и се муслимани и Менде. Најмалку уште девет етнички групи во Сиера Леоне се претежно муслимански.

Најголемиот дел од муслиманите во Сиера Леоне се сунити и припадници на школата Малики, додека помали малцинства се шиитите и припадниците на Ахмадија[14]. Иако се малку на број, Ахмадија има една од најголемите исламски институции низ целата земја, вклучувајќи 186 основни и 55 средни училишта[15].

Поголемиот дел од џамиите во Сиера Леоне се неденоминативни. Најголемата џамија во Сиера Леоне е Централната џамија во Фритаун, главниот град на земјата. Често во оваа џамија биле одржувани седници на верниците, без оглед на нивните религии, особено во петокот за време на џума-намаз[16][17].

Главниот имам на Централната џамија во Фритаун е шеикот Ахмад Тејан Силах, шиитски муслиман, кој исто така е духовен лидер на Обединетиот совет на Имамите од Сиера Леоне[18][19]. Оваа организација е составена од имами од Сиера Леоне[20][21][22].

Христијанство[уреди | уреди извор]

Црква во Сиера Леоне

Христијаните во земјата зазимаат околу 30% од вкупното население. Најголемиот дел од христијаните од Сиера Леоне се протестанти, од кои најголеми се Методисти[23][24] и Евангелисти[25][26]. Другите протестантски деноминации во земјата се Презвитеријани[27], Баптисти[28], Адвентисти[29] и Лутерани[30].

Римокатолиците се втора по големина непротестантска христијанска заедница во Сиера Леоне со околу 5% од населението во земјата[31]. Во земјата има мало малцинство и на Јеховини сведоци[32], Англикани[33] и Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни[34][35].

Хиндуизам[уреди | уреди извор]

Хиндуизмот во Сиера Леоне е религија на некои јужноазиски иселеници. Хиндусите во Сиера Леоне во почетокот пристигнале во земјата како трговци, за да подоцна останат да живеат во земјата. Во престолнината Фритаун има голема хиндуска заедница, вклучително и хиндуистичка асоцијација и свештеник.[36]. На нив им е дозволено кремирање.[37].

По егзодусот на иселениците во 1999 година за време на Граѓанската војна во Сиера Леоне, бројот на индиската заедница се намалила на околу 100 луѓе.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 71% of Sierra Leoneans are Muslims « Oluseguntoday's Blog. Oluseguntoday.wordpress.com (13 October 2009). Retrieved on 15 August 2012.
  2. Islam In Sierra Leone Information, Videos, Pictures and News. Rtbot.net. Retrieved on 15 August 2012.
  3. Sama Banya wants Awareness Times to call Tom Nyuma a Buffoon. News.sl (18 April 2012). Retrieved on 15 August 2012.
  4. Samba, Augustine (4 July 2013) “Sierra Leone’s Religious Tolerance is Superb”…Says UN Special Rapporteur: Sierra Leone News. News.sl.
  5. United Nations News Centre - Inter-religious cooperation can be vital asset for rebuilding Sierra Leone &#8211 UN expert. Un.org (5 July 2013). Retrieved on 27 August 2013.
  6. Jalloh, Ahmed Ramadan (11 June 2013) Religious tolerance in Sierra Leone – A blessing from God. Newstime Africa. Retrieved on 27 August 2013.
  7. Inter-Religious Cooperation to Rebuild Sierra Leone | Scoop News. Scoop.co.nz (8 July 2013). Retrieved on 27 August 2013.
  8. „Mapping The Global Muslim Population“ (PDF). http://pewforum.org/uploadedfiles/Topics/Demographics/Muslimpopulation.pdf. посет. 20 мај 2012 г. 
  9. „US Department of State estimate“. State.gov. 14 септември 2007. http://www.state.gov/g/drl/rls/irf/2007/90119.htm. посет. 20 мај 2012 г. 
  10. United Nations High Commissioner for Refugees. „2010 Report on International Religious Freedom – Sierra Leone“. UNHCR.org. http://www.unhcr.org/refworld/docid/4cf2d06b43.html. посет. 20 мај 2012 г. 
  11. 11,0 11,1 „United Methodists elect bishop for Sierra Leone“. UMC.org. 22 декември 2008. http://www.umc.org/site/apps/nlnet/content3.aspx?c=lwL4KnN1LtH&b=5794273&ct=6470237&notoc=1. посет. 23 септември 2013 г. 
  12. „Methodist Church Sierra Leone — World Council of Churches“. Oikoumene.org. 28 јануари 2013. http://www.oikoumene.org/en/member-churches/methodist-church-sierra-leone. посет. 23 септември 2013 г. 
  13. „Crosspoint United Methodist Church – Welcome » Sierra Leone“. Xpointumc.org. http://www.xpointumc.org/missions/report-of-sierra-leone/. посет. 23 септември 2013 г. 
  14. [1][2].
  15. „Ahmadiyya Movement Goes Mainstream in Sierra Leone“. http://sierraleone365.com/feature-stories/ahmadiyya-movement-goes-mainstream-in-sierra-leone. посет. 12 јуни 2014 г. 
  16. [3]
  17. [4]
  18. Alpha Rashid Jalloh, PV Freetown Bureau Chief. „Profile: The Democratic Cleric“. The Patriotic Vanguard. http://www.thepatrioticvanguard.com/spip.php?article7388. посет. 20 март 2014 г. 
  19. http://allafrica.com/stories/201109270329.html
  20. „Shiite, Ahmadiyya and Sunni Under One Umbrella | Sierra Express Media“. Sierraexpressmedia.com. http://www.sierraexpressmedia.com/archives/54159. посет. 20 март 2014 г. 
  21. „In Sierra Leone, President Koroma Commends Ahmadiyya Muslim Jamaat“. News.sl. http://news.sl/drwebsite/exec/view.cgi?archive=8&num=19668&printer=1. посет. 17 јуни 2014 г. 
  22. „No More Violence... Ahmadiyya Leader Warns Sierra Leoneans | Sierra Express Media“. Sierraexpressmedia.com. 4 април 2013. http://www.sierraexpressmedia.com/archives/54685. посет. 20 март 2014 г. 
  23. World Council of Churches
  24. [5]Maboleh United Methodist church
  25. The History of the Evangelical Fellowship of Sierra Leone
  26. Evangelical College of Theology
  27. Sierra Leone Presbytery Organization
  28. African American Baptist Mission of Sierra Leone
  29. Seventh-day Adventist Church Sierra Leone
  30. [6]
  31. Catholic Culture story
  32. Jehovah's Witnesses Sierra Leone
  33. Anglican Communion: Sierra Leone
  34. Church of Jesus Christ of Latter Day Saints: Sierra Leone
  35. [7] Historic milestone: Sierra Leone stake marks LDS Church's 3,000th
  36. Indian Community in Sierra Leone, p. 5
  37. Indians’ Cremation Ceremony versus disgruntled youths in Sierra Leone