Кенија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Република Кенија
Jamhuri ya Kenya (свахили)
Знаме Грб
Гесло"Harambee"  (свахили)
"Let us all pull together"
ХимнаEe Mungu Nguvu Yetu
О Господе на сè создадено

Местоположбата на  Кенија  (темносина) во Африканската Унија  (светлосина)
Местоположбата на  Кенија  (темносина)

во Африканската Унија  (светлосина)

Местоположбата на  Кенија  (темносина)

во Африканската Унија  (светлосина)

Главен град
(и најголем)
Најроби
1°16′S 36°48′E / 1.267° ЈГШ; 36.800° ИГД / -1.267; 36.800
Службен јазик свахили, англиски
Демоним Кениец
Уредување полупретседателски систем
 •  Претседател Вилијам Руто
Независност од Обединетото Кралство 
 •  Датум 12 декември 1963 
 •  Објавена република 12 декември 1964 
Површина
 •  Вкупна 580,367 км2 (47-ма)
 •  Вода (%) 2.3
Население
 •  проценка за јули 2008 г. 37,953,840 (36-та)
 •  Попис 8 февруари 2007 31,138,735 
 •  Густина 59 жит/км2 (140-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $60,410 милијарди[1] 
 •  По жител $1,713[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $30.236 милијарди[1] 
 •  По жител $857[1] 
ИЧР (2013) 0.535[2]
низок · 147ма
Валута Кениски шилинг (KES)
Часовен појас EAT (UTC+3)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+3)
Се вози на лево
НДД .ke
Повик. бр. 254

Кенија, офиц. Република Кенија, е држава во Источна Африка која се наоѓа на екваторот. Таа се граничи со Индискиот Океан на североисток, Танзанија на југ, Уганда на запад, Јужен Судан на северозапад, Етиопија на север и со Сомалија на североисток.

Кенија зафаќа површина од 580 000 км2 и население од речиси 41 милион жители кои претставуваат 42 различни народи и култури. Државата го добила името по планината Кенија која претставува значително обележје и е втор највисок планински врв во Африка.

По референдумот и усвојувањето на новиот устав во август 2010 година, Кенија се подели на 47 покраини кои се полуавтономни единици на владеење. Се очекува овие единици целосно да се спроведат до август 2012 година, на време за првите општи избори со новиот устав. Со единиците ќе раководат избрани гувернери кои ќе работат независно од централното владеење во Најроби.

Географијата на земјата е исто толку разновидна колку и нејзиното мултиетничко население. На бреговите на Индискиот Океан има топла и влажна клима која се менува во саванска прерија богата со животински и растителен свет во внатрешноста, кон главниот град Најроби. Најроби има свежа клима која станува поладна на планината Кенија која има три врвови кои се постојано покриени со снег. Топлата и влажна тропска клима повторно се појавува околу езерото Викторија, а во западниот регион настапуваат шумски и ридести области со умерена клима. Североисточните региони долж границата со Сомалија и Етиопија се суви и полусуви области со речиси пустински предели. Исто така, земјата има значителни геотермална активност која се искористува за создавање на електрична енергија.

Главниот град на Кенија, Најроби, се наоѓа до национален парк. Државата е позната по своите сафари и по разновидните светски познати национални паркови како што се националниот парк Цаво, Масаи Мара, националниот парк Накуру и националниот парк Абердарес кои привлекуваат туристи од целиот свет.

Езерото Викторија кое е второто најголемо слатководно езеро во светот (по езерото Супериор во САД и Канада) и најголемото тропско езеро во светот, се наоѓа југозападно е поделено меѓу Кенија, Танзанија и Уганда.

Како дел од Источна Африка, првото човечко населување во Кенија е забележано во раниот палеолит. Населувањето Банту ја достигна областа во првиот век од нашата ера и во границите на модерната држава се вкрстуваат нигер-конгоанските, нилосахарските и афроазиските лингвистички области на Африка, што ја прават Кенија вистинска мултикултурна држава. Европското и арапското присуство во Момбаса датира од раниот модерен период но европското истражување на внатрешноста започна во 19 век. Британската Империја го основаше источноафриканскиот протекторат во 1895 година, кој во 1920 година стана познат под името Колонија Кенија. Независна Република Кенија е основана во декември 1963 година.

Главниот град Најроби претставува регионално трговско средиште. Економијата во Кенија е најразвиена според БДП во источна и централна Африка. Земјоделството претставува најголем работодавец во земјата која во Европа извезува кафе и чај, а од неодамна и свежо цвеќе. Услужните дејности претставуваат главни економски двигатели, пред сè телекомуникацискиот сектор кој придонесува за 62 проценти од БДП.

Кенија е член на Источноазиската Заедница и произведува светски спортисти, како што се светските шампиони Пол Тергат, Дејвид Рудиша и Вивијан Черујот.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Зборот Кенија потекнува од имињата на народите Кикују, Ембу и Камба за планината Кенија, „Kirinyaga“, „Kirinyaa“ и „Kiinyaa“. Праисториските вулкански ерупции ( кои сега се неактивни) веројатно биле причината за поврзувањето на планината со божественото и создавањето меѓу домородното племе Кикују кое било населено на земјоделските предели околу планината Кенија.

Населението од племето Вакамба му ја посочија на доктор Крапф втората планина која ја нарекуваа „Kĩ-Nyaa“ или „Kĩĩma- Kĩĩyaa“ кое е слично со името „Kĩrĩma Kĩrĩnyaga“ на племето Кикују веројатно поради шарата која се создава од црните карпи и белиот снег на врвовите која потсетува пердуви од ној.

Зборот „Nyaga“ потекнува од племето Кикују-Ембу што значи дамка. Тоа е деминутив на зборот „Manyaganyaga“ што значи дамки. Зборот „Kĩrĩ-nyaga“ веројатно потекнува од дамките од црните карпи и белиот снег што во овој случај значи „со дамки“. Па оттука, зборот Mwene- Nyaga значи Сопственикот/ чуварот на планината со дамки.

Во 19 век, германскиот истражувач Лудвиг Крапф освен името Кенија го забележал и името Кегниа за кое некои сметаат дека е верзија на племето Камба. Други пак, сметаат дека тоа е прецизно обележување на точниот африкански изговор на зборот. На мапата која ја нацрта шкотскиот геолог и природонаучник во 1882 година, Џозеф Томсонс, планината ја означил како Кениа, 18620.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Жирафа во Националниот парк во Најроби, во позадина се гледа дел од градот
Карта на планината Кенија во Кенија.

Со површина од 580 367 км2 , Кенија се наоѓа на 47 место во светот по големина (по Мадагаскар). Се протега меѓу 5° северна географска ширина и 5° јужна географска ширина и од 34° до 42° источна географска должина. Од брегот на Индискиот Океан, низините се издигнуваат во централните висорамнини. Големата Раседна Долина која е плодно плато што се наоѓа на исток, ги дели висорамнините на два дела. На висорамнините во Кенија се наоѓаат најуспешните земјоделски региони во Африка. Во овие предели се наоѓа и највисоката точка во Кенија ( и втората највисока точка во Африка) планината Кенија која достигнува висина од 5 199 метри и на која се наоѓаат ледниците. Планината Килиманџаро (5895 м) може да се види од Кенија до јужната граница на Танзанија.

Климата во Кенија варира од тропска на бреговите на Индискиот Океан, умерена во внатрешноста до сува во северниот и североисточниот дел на државата. Кенија има многу сончеви денови во текот на целата година и постојано се носи летна облека. Климата е посвежа во текот на ноќта и во раните утрински часови во внатрешноста на државата и на повисоките места. Сезоната на „долги дождови“ започнува во март или април и трае до мај или јуни. Сезоната на „кратки дождови“ започнува во октомври и трае до ноември или декември. Дождовите понекогаш се интензивни и најчесто паѓаат во попладневните часови или навечер. Температурата останува висока и во текот на сезоната на тропски дождови. Најтопол период е во февруари и март, потоа следува периодот на долги дождови а најладно е во јули и август.

Кенија има значителна површина посветена на живеалиштата на растителниот и животинскиот свет, вклучувајќи го и националниот парк Масаи Мара каде што гнуто и другите рогати преживари учествуваат во големата годишна миграција. Околу 250 000 гнуа гинат секоја година во долгата и макотрпна миграција за да најдат сточна храна за време на сувата сезона. Животните од африканската „голема петка“ можат да се најдат во Кенија и во националниот парк Масаи Мара особено: лавот, леопардот, биволот, носорогот и слонот. Значителен број на други диви животни, влекачи и птици може да се најдат во националните паркови и резервати низ државата. Годишната миграција на животните, особено на гнуто, се јавува во периодот меѓу јуни и септември и во неа учествуваат милиони животни.

Големата миграција на гнуто во Кенија се смета за едно од природните светски чуда. 11,5 милиони од овие копитари мигрираат на растојание од 2897 километри од Серенгети во соседна Танзанија до Масаи Мара во Кенија, секогаш во правец на стрелките од часовникот во потрага по храна и вода.

Историја[уреди | уреди извор]

Праисторија[уреди | уреди извор]

Во Кенија се открија фосили од џиновски крокодили кои датираат од мезозоикот пред 200 милиони години. Фосилите ги пронајде тим од Универзитетот во Јута и Националниот Музеј на Кенија во јули и август 2004 година во клисурата Локитаунг во близина на езерото Туркана.

Фосилите пронајдени во Источна Африка укажуваат на тоа дека приматите талкале низ овие области пред повеќе од 20 милиони години. Неодамнешните пронајдоци во близина на езерото Туркана во Кенија покажуваат дека хоминидите како што се Homo habilis (од пред 1,8 до 2,5 милиони години) и Homo erectus (од пред 1,8 милиони до 350 000 години) се можни предци на модерниот Homo sapiens и живееле во Кенија во плеистоценот. Во 1984 година едно одредено откритие на езерото Туркана од познатиот палеоантрополог Ричард Лики и Камоја Кимеу е скелет на момче од Туркана кој припаѓа на видот Homo erectus од пред 1,6 милиони години. Претходните истражувања на раните хоминиди се поврзуваат со Мери Лики и Луис Лики кои беа одговорни за првичните археолошки истражувања на наоѓалиштата Олоргесаилие и ридот Хиракс. Понатамошната работа ја презема Глин Исак.

Кенија е населена од човекот уште од кога постои историјата за човекот.

Претколонијална историја[уреди | уреди извор]

Првите жители на територијата на денешната Кенија биле групи на ловци и собирачи сродни на модерните Косјанци. Овие луѓе подоцна биле заменети со агропасторалистичките Кушити од Африканскиот рог. За време на раната холоценска епоха регионалната клима се промени од сува во влажна клима која обезбеди можност за развој на културните традиции како што се земјоделството и сточарството во поповолна средина.

Во периодот околу 500 година п.н.е. нилосахарските сточари започнаа да мигрираат од териториите на денешен Јужен Судан во Кенија. Нилосахарските групи во Кенија ги вклучуваат народите Самбуру, Луо, Туркана и Масаи.

Во првиот милениум од нашата ера земјоделците од етничката група Банту се доселија во регионот. Тие потекнуваат од Западна Африка околу реката Бенуе во она што е сега Источна Нигерија и Западен Камерун. Миграцијата на групата Банту донесе развој во земјоделството и работата со железо во регионот. Банту групата во Кенија ги вклучува племињата Кикују, Луја, Камба, Кисии, Амеру и Миџикенда.

Арапските трговци започнаа често да го посетуваат брегот на Кенија во првиот век од нашата ера. Близината на Кенија до арапскиот полуостров привлекуваше колонизација и арапски и персиски населби се појавија на брегот на Кенија во 8 век.

Брегот на Кенија служеше како домаќин за заедниците на обработувачи на железо, заедниците на земјоделци за сопствени потреби, ловците и рибарите кои ја поддржуваа економијата со земјоделство, рибарство, производство на метал и трговија со други држави.

Султанатот Килва беше средновековен султанат кој се наоѓаше во Килва на територијата на денешна Танзанија. Во најразвиениот период власта на султанатот се протегаше низ целиот брег Свахили, вклучувајќи ја и Кенија. Султанатот беше основан во 10 век од страна на Али ибн ал-Хасан Ширази, персискиот принц од Шираз. Персиските владетели изградија богато украсени корални џамии и ги воведоа бакарните монети.

Во текот на овој период, арапите од јужна Арабија се населија на брегот на Кенија. Тие основаа многу нови автономни градови-држави вклучувајќи ги Момбаса, Малинди и Занзибар. Арапските мигранти исто така го воведоа исламот и оманскиот дијалект во областа. Оваа мешавина од култури остави значајно арапско влијание врз локалната банту свахили култура и јазик на брегот на Кенија. Арапите го развија градот Момбаса во голем пристаништен град и восспоставија трговски врски со други блиски градови-држави како и со трговски центри во Персија, Арабија па дури и Индија. До 15 век, португалскиот морепловец Дуарте Барбоса тврдеше дека „Момбаса е место со развиен сообраќај и има добро пристаниште на кое секогаш се закотвени различни мали бротчиња како и големи бродови од кои некои доаѓаат од Софала а други доаѓаат од Камбеј и Мелинде, а други пловат кон островот Занзибар“.

Во вековите пред колонизацијата, брегот Свахили во Кенија беше дел од источноафриканскиот регион кој тргуваше со арапскиот свет и Индија особено со слонова коска и робови (племето Амеру се смета дека потекнува од робови кои побегнале од арапските земји во периодот околу 17000 година). На почетокот овие трговци доаѓале од арапските држави, а подоцна многу трговци доаѓале и од Занзибар (како што е Типпу Тиб). Речиси 90% од населението на брегот на Кенија беше поробено.

Свахили, јазикот на племето Банту со арапски заемки, персиски заемки и други заемки од Блискиот Исток и Јужна Азија понатаму прерасна во language franca за трговијата меѓу различни народи.

Низ вековите, брегот на Кенија претставуваше домаќин за многу трговци и истражувачи. Меѓу градовите кои се наоѓаат на брегот на Кенија е и градот Малинди. Градот остана важна населба за народот Свахили од 14 век и претставуваше соперник на Момбаса за доминација на овој дел од Источна Африка. Малинди традиционално беше пријателски пристаништен град за странските сили. Во 1414 година, арапскиот султан на Малинди започна дипломатски односи со кинеската династија Минг за време на патувањата на истражувачот Женг Хе. Властите на Малинди го поздравија португалскиот истражувач Васко де Гама во 1498 година.

Колонијална историја[уреди | уреди извор]

Колонијалната историја на Кенија започнува од воспоставувањето на германскиот протекторат врз крајбрежните имоти на султанот од Занзибар во 1885 година, проследено со пристигнувањето на Империјалнате Британска Источноафриканска Компанија во 1888 година. очетното империјално соперништво се прекина кога Германија и ги предаде своите крајбрежни имоти на Британија во 1890 година. Ова беше проследено со изградбата на железничката линија Кенија-Уганда која поминува низ земјата. жНекои племиња пружаа отпор, особено племето Нанди кое го предводеше врховниот водач на племето Коиталел Арап Самоеи десет години, од 1895 до 1905 година,но на крајот Британија ја изгради железничката пруга. Племето Нанди е првото племе кое беше сместено во резерват за да се спречи од попречување на изградбата на железничката пруга. За време на периодот на изградбата на железничката пруга, имаше голем прилив на индиски народи кои ја обезбедуваа најголемата квалификувана работна сила која беше потребна за изградбата.

За време на изградбата на пругата низ регионот Цаво, два лава познати како човекојадците од Цаво нападнаа голем број индиски железнички работници и афикански локални работници. Тие и поголемиот дел од нивните потомци останаа во Кенија и формираа неколку различни индиски заедници како што се муслиманската заедница Исмаили и заедниците Сикх.

На почетокот на Првата светска војна во август 1914 година, гувернерите на британската Источна Африка (како што беше познат протекторатот) и германската Источна Африка се согласија на примирје во обид да ги задржат младите колонии од директни судири. Генералот Пол фон Летов-Форбек ја презема командата на германските воени сили решен да ограничи што е можно повеќе британски ресурси. Иако беше целосно отсечен од Германија, Фон Летов спроведе делотворен герилски воен поход и остана непоразен, живеејќи надвор од земјата и фаќајки британски добра. На крајот, се предаде во Замбија единаесет дена по потпишувањето на примирјето во 1918 година. За да го протераат Фон Летов британците ја разместија британско индиската армија од Индија, а потоа им беше потребен голем број на носачи за да можат пешки да ги надминат големите пречки за транспорт на материјалите длабоко во внатрешноста. Беше формиран превозниот корпус за кој беа мобилизирани над 400 000 Африканци што придонесе за нивната долгорочно политизирање.

Во почетокот на 20 век, британски и европски земјоделци ги населија централните висорамнини во внатрешноста, и станаа богати со одгледување на кафе и чај. (Еден опис на овој период на промени од перспективата на еден жител на колонијата се наоѓа во мемоарот „Надвор од Африка“ од данската писателка бароницата Карен фон Бликсен-Финецке, објавен во 1937 година). До 1930-тите години, околу 300 000 бели доселеници живееле во таа област и добиле политички глас поради нивниот придонес во пазарната економија. Оваа област веќе беше дом на повеќе од еден милион членови на народот Кикују од кои повеќето немаа сопствено земјиште и живееја како патувачки земјоделци. За да ги заштитат сопствените интереси доселениците забранија одгледување на кафе, воведоа данок за колибите а на безимотните им беше доделено помалку земјиште во замена за нивната работа. Следеше голем егзодус во градовите поради нивната намалената способност да се обезбеди живот. До 1950-тите години белото население броеше 80 000 жители.

Од октомври 1952 година до декември 1959 година Кенија се најде во вонредна состојба поради востанието Мау Мау против британската власт. Гувернерот побара и доби британски и африкански војници како и кралскиот баталјон. Британците ги започнаа противбунтовничките операции и во мај 1953 година генералот Сер Џорџ Ерскин го презеде раководството како врховен командант на вооружените сили на колонијата, со лична поддршка од Винстон Черчил.

Фаќањето на генералот Кина на 15 јануари 1954 година, и понатамошното испрашување доведоа до подобро разбирање на структурата на управување на Мау Мау. По неколкунеделно планирање од страна на армијата и со одобрение на Воениот Совет започна операцијата Анвил на 24 април 1954 година. Операцијата делотворно го постави Најроби под воена опсада, жителите се испитуваа, а поддржувачите на Мау Мау беа сместувани во логори. Домашната гарда ја формираше сржта на владината стратегија бидејќи беше составена од африкански лојалисти, а не од британската армија и од кралскиот баталјон. До крајот на вонредната состојба, Домашната гарда уби 4686 поддржувачи на Мау Мау што претставуваше 46% од вкупниот број на бунтовници. Заробувањето на Дедан Кимати на 21 октомври 1956 година во Њери претставуваше конечен пораз за Мау Мау и со тоа се стави крај на воената офанзива. Во текот на овој период, се појавија значителни промени за управување со земјиштето од кои најважен беше планот Свинертон кој служеше да ги награди лојалистите и да ги казни поддржувачите на Мау Мау.

Поколонијална историја[уреди | уреди извор]

Првите директни избори за африкански членови во Законодавниот совет се случија во 1957 година. И покрај надежите на Британија да ја предадат моќта на „поумерени“ африкански соперници, Африканската национална унија на Кенија на Џомо Кенијата ја формираше владата непосредно пред независноста на Кенија на 12 декември 1963 година и формирањето на Уставот на Кенија на истиот ден. Во текот на истата година, кенијската армија се бореше во војната Шифта против етинчките сомалијци кои сакаа да ја приклучат Североисточната покраина на Кенија во Сомалија. Војната официјално заврши со потпишувањето на меморандумот Аруша во октомври 1969 година. За да ги спречи понатамошните инвазии, Кенија потпиша пакт за одбрана со Етиопија во 1969 година, кој сѐ уште е во сила.

На 12 декември 1964 беше прогласена Република Кенија, а Џомо Кенијата беше првиот претседател на републиката. По смртта на Кенијата во 1978 година, Даниел арап Мои стана претседател на Кенија. Даниел арап Мои ја задржа функцијата претседател и беше без конкурент на изборите во 1979 година, 1983 година (предвремени избори) и 1988 година од кои сите се одржаа со еднопартиско уредување. Изборите во 1983 година се одржаа една година порано и претставуваа директен резултат на неуспешниот обид за државен удар на 2 август 1982 година.

Неуспешниот државен удар го организираше ниско рангирано воздухопловно лице, вишиот војник Хезкија Очука и го изведоа главно членови од воздухопловните сили. Обидот брзо го потиснаа лојалистичките сили предводени од армијата, генералната службена единица (парламентарно крило на полицијата), а подоцна и регуларната полиција но без цивилни жртви. Овој настан доведе до распуштање на воздухопловните сили и многу од поранешните членови беа или отпуштени или испратени на воен суд.

На изборите кои се одржаа во 1988 година наместо тајно гласање се одржа гласање според системот mololongo (во редица) каде што гласачите застануваа во редица зад оној кандидат за кој гласаат. Ова се сметаше за кулминација на недемократскиот режим и доведе до распространето агитирање за уставни реформи. Неколку спорни одредби, меѓу кои и онаа која не дозволува постоење на повеќе од една политичка партија се променија во годините кои следуваа. Даниел арап Мои повторно победи на демократските повеќепартиски избори во 1992 и 1997 година. Во 2002 година на Мои му беше забрането со уставот да се кандидира, а победник на изборите беше Мвај Кибаки, член на опозициската коалиција „Национална коалиција виножито„. Андерсон (2003 година) изјави дека локалните и меѓународните набљудувачи ги оцениле изборите како фер и слободни и овој настан ја означи пресвртната точка на демократската еволуција на Кенија.

Политика[уреди | уреди извор]

Кенија е претседателска република со претставничка демократија со повеќе-партиски систем, во која претседателот е и шеф на државата и премиер. Извршната власт е во рацете на владата. Законодавната власт е во рацете и на владата и на Националното собрание. Судството е независно од извршната и законодавната власт. За време на мандатот на претседателот Даниел арап Мои постоеше зголемена загриженост дека извршната власт се меша во работата од областа на судството.

Кенија одржува извонредна стабилност и покрај промените на политичкиот систем и кризите во соседните земји. Иницијативата за повеќепартиската парламентарна реформа во есента 1997 година ревидираше и некои репресивни закони наследени од колонијалната епоха кои се користеа за да се ограничи слободата на изразување и здружување. Ова ги подобри јавните слободи и придонесе за веродостојните национални избори во декември 1997 година.

Во декември 2002 година, Кенија одржа демократски и отворени избори кои меѓународните набљудувачи ги оценија како фер и слободни. Изборите во 2002 година ја обележаа пресвртната точка на демократската еволуција со мирното префрлање на власта од Африканската унија на Кенија која владееше во Кенија уште од независноста на Националната коалиција виножито која претставуваше коалиција од повеќе политички партии.

За време на претседателството на Мвај Кибаки, владејачката коалиција вети дека своите напори ќе ги фокусира на поттикнување на економскиот развој, борба против корупцијата, подобрување на образованието и препишување на уставот. Тие исполнија некои од овие ветувања. Основното образование е бесплатно. Во 2007 година владата издаде соопштение во кое се наведува дека од 2008 година, средното образование ќе биде во голема мера субвенционирано и владата ќе ги плати сите школарини.

Изборите во 2007 година[уреди | уреди извор]

Последните општи избори се одржаа на 27 декември 2007 година. На изборите претседателот Кибаки од Партијата на национално единство повторно се кандидираше против најголемата опозициска партија Портокалово демократско движење. Меѓународните набљудувачи забележаа недостатоци на изборите и оценија дека се под меѓународните стандарди. По поделбата на Портокаловото демократско движење на Кенија, кандидатот Калонзо Мусејка ги изгуби клучните 8% од гласовите и во трката за претседател останаа Раила Одинга и Кибаки. Кога гласовите стигнаа до Изборната комисија на Кенија, на почетокот Одинга имаше мало водство кое потоа се зголеми. Како што изборната комисија продолжи да ги брои гласовите, Кибаки ја израмни разликата, а потоа го престигна својот противник со значителна разлика во гласовите. Ова доведе до протести и отворено дискредитирање на Изборната комисија на Кенија поради соучество и Одинга се прогласи себеси за „претседател на народот“ и повика на пребројување на гласовите.

Протестите прераснаа во етничко насилство и уништување на имот во кое околу 1000 луѓе загинаа, а околу 600 000 беа раселени. Спорот предизвика тензии во државата и раселувањето повторно избувна исто како и по изборите во 1992 и 1997 година. Стотици илјади луѓе беа присилени да ги напуштат своите имоти и да заминат кај своите роднини на други места во земјата, а некои тврдат дека било внесено оружје во државата веројатно во пресрет на изборите во 2012 година.

Група на истакнати личности во Африка предводена од поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Кофи Анан посредуваа во мирно решавање на политичкиот ќор-сокак.

2008 година[уреди | уреди извор]

На 28 февруари 2008 година, Кибаки и Одинга потпишаа договор за формирање на коалициска влада во која Одинга ќе биде вториот премиер на Кенија. Според договорот, претседателот ќе назначува министри од двете партии во зависност од силата на партиите во парламентот. Договорот предвидува дека владата ќе вклучи заменик претседател и двајца заменици премиери. По дискусиите и усвојувањето од парламентот, коалицијата ќе трае крајот на мандатот на актуелниот парламент или доколку една од партиите се повлече од договорот пред истекувањето на мандатот.

Новата канцеларија на премиерот ќе има моќ и овластување да ја координира и надгледува работата на владата,а премиер ќе биде водачот на партијата или коалицијата со најголем број на пратеници. Преку националната телевизија целиот свет ги гледаше Кофи Анан и неговиот панел поддржан од ОН и претседателот на Африканската Унија, Џакаја Киквете како ги помируваат поранешните соперници на церемонијата за потпишување на договорот која се случи на скалите на куќата Харамбе во Најроби. На 29 февруари 2008 година, претставниците на Партијата на национано единство и Портокаловото демократско движење започнаа да се договоараат за деталите на договорот за поделба на власта. Пратениците на Кенија едногласно го одобрија договорот за поделба на власта на 18 март 2008 година, со цел да се спаси државата која важеше за една од најстабилните и просперитетни држави во Африка. Договорот ги зближи партиите и го навести формирањето на големата коалиција, во која двете политички партии еднакво ќе ја делат власта.

Големата коалиција[уреди | уреди извор]

На 13 април 2008 година, претседателот Кибаки го назначи кабинетот на големата коалиција составен од 41 министер вклучувајќи го и премиерот и неговите двајца заменици. Кабинетот кој вклучува и 50 помошници министри, даде заклетва во Државниот дом во Најроби во четврток 17 април 2008 година во присуство на Кофи Анан и други поканети високи функционери.

Се сметаше дека уставната промена ќе ја елиминира позицијата на премиерот и истовремено ќе ја намали моќта на претседателот. Референдумот за предложениот устав се одржа на 4 август 2010 година, и новиот устав беше изгласан со големо мнозинство. Меѓу другото, новиот устав им доделува поголема моќ на локалните власти и му дава на населението Закон за права. Уставот беше прогласен на 27 август 2010 година со еуфорична церемонија во паркот Ухуру во Најроби придружено со плотун од 21 оружје. Меѓународната заедница и многу африкански водачи го поздравија настанот. Оттогаш, новиот устав кој ја навестуваше Втората Република стапи во сила.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Области во Кенија
Карта на Кенија

Кенија е поделена на 47 полуавтономни окрузи со кои ќе управуваат гувернери кои ќе бидат избрани на првите општи избори според новиот устав во август 2012 година (се уште постои расправија околу тоа дали изборите да се одржат во август или во декември 2012 година). Според стариот устав, Кенија беше поделена на осум покраини на чие чело се наоѓаа покраински комесари (централно назначени од претседателот). Покраините (на свахили mkoa во еднина и mikoa во множина) понатаму се поделени на области (wilaya). Од пописот во 1999 година има 69 области. Областите уште се делат на 497 помали управни единици (taarafa). Тие потоа се делат на 2427 локации (mtaa) кои се делат на 6612 подлокации (mtaa mdogo). Градот најроби ужива статус на целосна административна покраина. Владата врши надзор врз управувањето со покраините и областите.

Покраините во Кенија се:

Според сегашниот устав на Кенија, локалните власти не се признаени. Сепак, во рамките на стариот устав, локалното владеење во Кенија се практикуваше преку локалните власти. Многу урбани центри имаат градски или општински совети. Локалните власти во руралните средини се нарекуваат окружни совети. Локалните советници се избираат на граѓански избори кои се одржуваат заедно со општите избори.

Изборните окрузи се изборни единици. Во 2010 година се формираше Времена комисија за да ги испита изборните единици и во својот извештај препорачаа формирање на 80 дополнителни изборни единици. Во моментов, постојат 210 изборни единици во Кенија.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Банкнота од 20 шилинзи од 1994 година

И покрај разочарувањето на западните дарители од владата, економијата на Кенија бележи голем раст што се гледа од големиот развој во туризмот, високото образование и телекомуникациите и прифатливите земјоделски резултати по сушниот период, особено во виталниот сектор за производство на чај. Економијата на Кенија порасна за 7% во 2007 година, а странските долгови значително се намалија.

Најголемата економија во источна и централна Африка објави огромен раст во услужниот сектор, зајакнат со брзото проширување на телекомуникациите и финансиската активност во последнава декада кој сега придонесува со 62% од БДП. За жал, дури 22% од БДП сѐ уште доаѓаат од несигурниот земјоделски сектор кој вработува 75% од работната сила (постојана каратеристика на неразвиените економии кои немаат обезбедено безбедност на храната што претставува важен катализатор за развој на економнијата) и значителен дел од населението постојано гладува и е силно зависна од помошта во храна. Индустријата и производството се најмали сектори кои придонесуваат само со 16% од БДП.

Кенија традиционално има слободен пазар со минимална вклученост на владата (контрола на цените) што може да се види во нафтената индустрија. Сепак, новото законодавство и дозволува на владата да ги утврди и да ги објави цените на основните добра како што се: брашното, пченката, керозинот и маслото за јадење.

Приватизирањето на државните претпријатија како што е веќе непостоечката пошта на Кенија и компанијата за телекомуникации доведе до создавање на најпрофитабилната компанија во Источна Азија, Сафариком, а тоа доведе до нивно оживување поради големите приватни инвестиции.

Што се однесува 2010 година, економските перспективи беа позитивни со очекувања за пораст на БДП за 4%-5%, во голема мера поради развојот на туризмот, телекомуникациите, транспортот, градежништвото и подобрувањето во земјоделството. Светската Банка предвиде раст од 4% во 2010 година и потенцијал за раст од 4,9% во 2011 година.

Во март 1996 година, претседателите на Кенија, Танзанија и Уганда повторно ја воспоставија Источноафриканската Заедница. Целта на заедницата вклучува усогласување на тарифите и царинските режими, слободно движење на луѓето и подобрување на регионалната инфраструктура. Во март 2004 година, трите источноафрикански држави го потпишаа Договорот за Царинска Унија.

Се поефикасниот и профитабилен сектор заснован на технологија, знаење и вештина – секторот за индустрија и производство кој вработува само 25% од работната сила и придонесува за останатите 75% од БДП.

Според Транспаренси Интернешнл, Кенија е ниско рангирана според индексот за перцепција на корупцијата.

Кенија претставува центар за финансиски услуги во Источна и Централна Африка. Берзата на Најроби се наоѓа на 4 место во Африка во однос на пазарната капитализација. Банкарскиот систем на Кенија е под надзор на Централната банка на Кенија. Од крајот на јули 2004 година системот се состои од 43 комерцијални банки (во 2001 година имаше 48), неколку небанкарски финансиски институции вклучувајќи хипотекарни компании, четри штедилници и здруженија за заеми и неколку менувачници.

Туризам[уреди | уреди извор]

Туризмот доминира во услужниот сектор на Кенија, кој придонесува за околу 63% од БДП. Туристичкиот сектор покажа сигурен раст во повеќето години по независноста и кој крајот на 1980-тите години стана главен извор на девизи во земјата. Туристите, главно од Германија и Велика Британија, главно ги посетуваат крајбрежните плажи и резерватите, особено националниот парк на југоистокот Цаво кој постојано се проширува (20 808 квадратни километри). Туризмот бележи значителна преродба во последните неколку години и придонесува многу за подобрувањето на економијата во земјата. Туризмот сега претставува најголемиот сектор кој заработува девизи, а потоа следуваат цвеќињата, чајот и кафето. Во 2006 година туризмот создаде 803.000.000 американски долари за разлика од претходната година кога заработи 699 милиони американски долари.

Земјоделство[уреди | уреди извор]

Земјоделството е вториот најголем придонесвач за бруто-домашниот производ на Кенија, по услужниот сектор. Во 2005 година, земјоделството заедно со шумарството и рибарството придонесоа за 24% од БДП, како и за 18% од платената работа и за 50% од приходите од извозот. Најпрофитабилни култури се чајот, градинарските производи и кафето, а најразвиени сектори се секторот за цвеќарство и чај кои се најважните извозни култури во Кенија. Производството на важните производи за исхрана, како што е пченката е тесно поврзано со временските промени. Поради производствените кризи понекогаш е потребна помош во храна, како што беше помошта во 2004 година за 1,8 милиони луѓе поради повремените сушни периоди во Кенија. Чајот, кафето, сисалот, пиретрумот, пченката и пченицата се одгледуваат на плодните висорамнини кои се најуспешен земјоделски регион во Африка. Сточарството преовладува во полусувите савани на север и исток. Кокосот, ананасот, индиските оревчиња, памукот, шекерната трска, сисалот и пченката се одгледуваат во пониските предели.

За жал, земјата нема постигнато ниво на инвестиции и ефикасност во земјоделството кое ќе гарантира безбедност на храната и поради тоа и поради големиот степен на сиромаштија ( 53% од населението живее под границата на сиромаштијата) голем дел од населението постојано гладува и зависи од помошта во храна. Лошите патишта, несоодветната железничка мрежа, неискористениот транспорт по вода и скапиот воздушен транспорт ги изолираше сувите и полусувите предели на државата и земјоделците од овиее области често ја оставаат храната да скапе бидејќи немаат пристап до пазарите. Ова последен пат се случи во август и септември 2011 година што го поттикна Црвениот Крст да ја покрене иницијативата „Кенијците за Кенија„.

Индустрија и производство[уреди | уреди извор]

Иако Кенија се смета за индустриски најразвиена земја во Источна Африка, производството придонесува со само 16% од БДП. Доминантната индустриската активност, концентрирана околу трите најголеми урбани центри Најроби, Момбаса и Кисуму е преработката на храна како што е мелење на жито, производство на пиво, дробење на шеќерна трска и изработка на стока за широка потрошувачка. Производството на цемент се развива сè повеќе и повеќе. Кенија има рафинерија за нафта која ја обработува увезената сурова нафта во нафтени производи, главно за домашниот пазар. Покрај тоа, значителен развој има и во неформалниот сектор кој често се нарекува Џуа Кали кој се занимава со производство на предмети за домаќинство, делови за моторни возила и земјоделски орудија.

Вклучувањето на Кенија меѓу корисниците на Договорот за развој и можности за Африка од владата на САД, го поттикна производството во последните години. Од 2000 година, од кога договорот стапи на сила продажбата на облека од Кенија во САД се искачи од 44 милиони американски долари на 270 милиони американски долари (во 2006 година). Други иницијативи за зајакнување на производството се поволните даночни мерки на новата влада вклучувајќи го и отстранувањето на царината за капитална опрема и други суровини.

Енергија[уреди | уреди извор]

Најголем дел од електричната енергија во Кенија доаѓа од хидроцентралите на горниот тек на реката Тана како и од браната на клисурата Турквел на запад. Останатиот дел од електричната енергија во Кенија го сочинуваат термоцентралата на нафта на брегот, геотермалните капацитети во Олкарија (во близина на Најроби) и увезената електрична енергија од Уганда. Капацитетот на електрична енергија во Кенија изнесуваше 1142 мегавати во периодот од 2001 до 2003 година. Државната компанија за електрична енергија (KenGen), основана во 1997 година под името Енергетска компанија на Кенија, управува со производството на електрична енергија, додека Компанијата за електрична енергија и осветлување, која треба да се приватизира, се занимава со пренос и дистрибуција. Повремено доаѓа до недостатоци од електрична енергија кога сушата го намалува протокот на вода. За да ги задоволи потребите од електрична енергија, Кенија има за цел да изгради атомска централа до 2017 година.

Сѐ уште не се откриени резерви на јаглеводород и покрај повремените истражувања во последните неколку децении. Кенија во моментов ја увезува целата потребна сурова нафта. Кенија, најголемата економија во Источна Африка, нема стратешки резерви и се потпира само на 21-дневната резерва на нафта според индустриските прописи за нафтени резерви. 20-25% од вкупните давачки за увоз отпаѓаат за увезување на нафта.

Иако Кенија сѐ уште нема формално најавено во кој правец ќе се движи програмата за истражување, која вклучува околу шест компании, во последните неколку недели извори од нафтената индустрија во Уганда упатуваат на тоа дека земјата наскоро ќе објави дека ќе ја зацврсти позицијата на Источна Африка како голем нафтен регион на континентот. Оптимизмот за програмата на Кенија потекнува од неодамнешните откритија на нафта во Уганда кои во комбинација со фактот дека карпите кои го формираат Источноафриканскиот расед потекнуваат од истиот период, укажуваат на висок потенцијал за нафта во Кенија. Откривањето на природен гас во Танзанија и значителните нафтени резерви на границата меѓу Уганда и ДР Конго го зголемија интересот за овој, недоволно истражен регион. Како реакција на можните наоѓалишта на нафта, геолози од Министерството за енергија на Уганда први започнаа со потрагата по нафта во земјата пред околу две децении и изјавија дека не постои причина за сомнеж за постоењето на нафта во Кенија и ги издвоија областите околу езерото Туркана и крајбрежниот појас како најветувачки.

Во средината на минатата година, Кинеската корпорација за нафта соработуваше со компаниите „Africa Oil“ и „Lion Energy Corp“ за да ископаат бунар за истражување во блокот 9 во северна Кенија. Тие имаа дозвола за работа и во блокот Л2, област во внатрешноста на заливот Ламу.

Визија 2030[уреди | уреди извор]

Во 2007 година, владата на Кенија го објави економскиот план Визија 2030 според кој земјата би можела да се најде на исто ниво со азиските економски тигри до 2030 година.

Економски преглед[уреди | уреди извор]

БДП 32,16 милијарди американски долари (во 2010 година) по пазарна цена. 66,03 милијарди (паритет на куповна моќ во 2010 година). Постои неформална економија која никогаш не се смета во цифрите на официјалниот БДП.
Годишна стапка на раст 5,8% (во 2005 година): 2006 = 6,1% . Проценката за 2007 година изнесуваше 7,2%.
Приходи по глава на жител 1600 американски долари.
Природни богатства Растителен и животински свет, 5% обработливо земјиште, титан, јаглен.
Земјоделско производство Чај, кафе, шеќерна трска, градинарски производи, пченка, пченица, ориз, сисал, ананас, пиретрум, млечни производи, месо и месни производи, кожа и крзно.
Индустрија Нафтени производи, мелење на жито и шеќер, цемент, пиво, безалкохолни пијалаци, текстил, склопување на возила, хартија, лесна индустрија, туризам.

Трговија во 2010 година[уреди | уреди извор]

Извоз 5,22 милијарди долари; чај, кафе, градинарски производи, нафтени производи, пиретрум, натриум карбонат, сисал, кожа и крзно, флуорит.
Главни пазари (2010 година) Уганда 10,1%, Танзанија 9,8%, Обединетото Кралство 8,8%, Холандија 8,2%, САД 5,8%, Египет 4,7%, ДР Конго 4,3%.
Увоз 11,2 милијарди долари; опрема за транспорт и машини, нафтени производи, моторни возила, железо и челик, смоли и пластика.
Главни снабдувачи (2010 година) Кина 13,6%, Индија 13,4%, Обединети Арапски Емирати 9,7%, Јужна Африка 8,4%, Саудиска Арабија 6,8%, Јапонија 4,7%.

Барање нафта[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 2006 година, кинескиот претседател Ху Џинтао потпиша договор со Кенија за барање нафта, кој е последен од низата договори кои имаа цел да ги искористуваат природните ресурси на Африка во корист на кинеската економија која постојано расте.

Договорот и овозможи на кинеската државна компанија за нафта и гас да бара нафта во Кенија и неодамна компанијата го започна првото ископување на истражувачки бунари кај границата со Судан и Сомалија и во крајбрежните води. Сѐ уште не е откриена нафта и не постои формална проценка за можните резерви.

Демографија[уреди | уреди извор]

Кенија има младо население, 73% од жителите се помлади од 30 години, поради брзиот пораст на населението од 2,9 милиони на 40 милиони во последниов век.

Многубројното урбаното население во Кенија е со различно етничко потекло и речиси сите народи течно ги зборуваат своите мајчини јазици и службените јазици - англискиот и свахили. Жителите од предградијата и од селата зборуваат еден од службените јазици, а жителите од пооддалечените села зборуваат само на својот мајчин јазик.

Етнички групи[уреди | уреди извор]

Кикују 22%, Луја 14%, Луо 13%, Каленџин 12%, Камба 11%, Кисии 6%, Меру 6%, други африкански народи 15%, неафрикански народи ( Азијци, Европејци и Арапи) 1%.

Број на жители во поголемите градови[уреди | уреди извор]

Поголеми градови во Кенија се: Најроби (3 375 000 жители), Момбаса (966 000 жители), Накуру (337 200 жители), Кисуму (273 400 жители), Меру (273 000 жители), Њери (179 500 жители), Махакос (140 900 жители) и Елдорет (100 000 жители).

Покрај тоа, во главниот град на Кенија, Најроби, се наоѓа Кибера, најголемото гето во светот. Се верува дека во гетото се сместени меѓу 170 000 и 1 000 000 жители. Во базата на УНХЦР во Дадааб во моментов живеат околу 500 000 жители.

Религија[уреди | уреди извор]

Мнозинството Кенијци се христијани (83%) од кои 47% се протестанти, 23,5% се римокатолици. Постојат и други поголеми малцинства ( муслимани 11,2%, домородни верувања 1,7%). Шеесет проценти од муслиманското население живее во Крајбрежната покраина и го сочинува 50% од вкупното население во покраината. Западните делови на Крајбрежната покраина се главно христијански. Во горниот дел на Источната покраина живеат 10% од вкупното муслиманско население, каде што претставуваат мнозинска религиозна група. Исто така, има голем број на хиндуси на територијата на Кенија (околу 50 000 жители), кои имаат клучна улога во локалната економија. Има и мал број на жители припадници на религијата Бахаи.

Верници во Кенија
Христијани
  
84,80 %
Муслимани
  
9,70 %
Без Религија
  
2,50 %
Хиндуисти
  
0,10 %
Народна Религија
  
0,03 %
Други
  
1,20 %

Здравство[уреди | уреди извор]

И покрај големите достигнувања во здравствениот сектор, има уште многу работи кои треба да се променат. Сѐ уште многу жени умираат при пораѓањето, а децата умираат во првата година од животот. Многу умираат и до петтата година.

Маларија, ХИВ/СИДА, дијареа, пневмонија и неисхранетост се главните убијци на децата и се одговорни за лошото здравје.

Главни виновници за тоа се слабите политики, несоодветните здравствени работници и лошото управување со јавните здравствени установи.

Во просек, секоја жена раѓа 3-5 деца. Животниот век е меѓу 47 и 55 години. Има голем број на ХИВ позитивни луѓе во Кенија. Смртноста за време на мајчинството е висока поради осактување на гениталиите.

Образование[уреди | уреди извор]

Образовниот систем во Кенија се состои од предучилишно, основно, средно и високо образование. Нивото на писменост во Кенија изнесува 85% од вкупното население. Раното предучилишно образование трае најмалку три години, основното образование трае осум години, средното четири, а високото образование трае четири или шест години во зависност од областа на изучување. Предучилишното образование е наменето за деца на возраст од 3-5 години и е предуслов за прием во прво одделение. На крајот на основното образование децата се стекнуваат со Уверение за завршено основно образование на Кенија кое одредува кој ќе продолжи со средно образование или со стручна обука. Возраста за основно образование е од 6 или 7 години до 13 или 14 години. По завршувањето на четирите години средно образование учениците полагаат испит за да добијат Уверение за завршено средно образование со кое се одредува кој ќе продолжи со високо образование, друга професионална обука или вработување. Заедничкиот одбор за прием е одговорен за изборот на студенти во јавните универзитети. Освен државните училишта, постојат и многу приватни училишта во земјата, главно во урбаните средини. Слично на тоа, постојат и голем број на меѓународни училишта кои обезбедуваат различни странски меѓународни ситеми.

Историјат[уреди | уреди извор]

Првиот систем на образование на независна Кенија го воведоа британските колонисти. По осамостојувањето на Кенија на 12 декември 1963 година, се формираше орган наречен Оминде комисија која имаше цел да воведе промени кои ќе се одразат на суверенитетот на државата. Комисијата се фокусираше на идентитетот и единството кои беа критични прашања во тоа време. Се направија промени во содржината на предметот историја со цел да се одрази националното единство. Во периодот меѓу 1964 и 1985 беше усвоен системот 7-4-2-3 – седум години основно образование, четири години средно образование, две години вишо образование и три години високо образование. Сите училишта имаа иста програма.

Во 1981 година, Претседателската работничка партија на Вториот Универзитет доби овластување да ги разгледа можностите за отворање на втор универзитет и за реформирање на целокупниот образовен систем. Одборот предложи да се воведе системот 8-4-4 (осум години основно, четири години средно и четири години високо образование). Иако системот 7-4-2-3 теоретски заврши во 1985 година со воведувањето на системот 8-4-4, последната група на студенти според старата програма дипломираше на универзитетите во Кенија во 1992 година.

Образованието денес[уреди | уреди извор]

Денешниот систем 8-4-4 се воведе во 1985 година. Овој систем стави поголем акцент на стручните предмети по претпоставка дека новата структура ќе им даде можност на учениците кои ќе се откажат од понатамошното образование да се самовработат или да се вработат во неформалниот сектор.

Во јануари 2003 година, владата на Кенија го најави воведувањето на бесплатно основно образование. Како резултат на тоа, уписите во основните училишта се зголемија за 70%. Немаше пропорционално зголемување на уписите во средното и високото образование бидејќи сѐ уште се плаќаше школарината.

Во осмо одделение се полага испитот за Уверение за завршено основно образование на Кенија (KCPE). Резултатот од овој испит е потребен за упис во средно училиште. Во четврта година средно се полага испит за Уверение за завршено средно образование (KCSE). Учениците полагаат испити по осум предмети по нивен избор. Сепак англиски, свахили и математика се задолжителни предмети.

Во Кенија постојат и приватни училишта.

Во 2007 година, владата издаде соопштение во кое се наведува дека во 2008 година средното образование ќе биде во голема мера субвенционирано и владата ќе ги плаќа сите школарини.

Култура[уреди | уреди извор]

Кенија е разновидна земја. Значајни народи се народот Свахили кој живее во крајбрежниот дел на Кенија, сточарските заедници на северот и неколкуте различни заедници во централните и западните региони. Културата Масаи е позната поради туризмот иако претставува мал дел од населението во Кенија. Тие се познати по сложените украси и накитот на горниот дел од телото.

Кенија има развиена музичка, телевизиска и театарска сцена.

Литература[уреди | уреди извор]

Нгуги ва Тионго е најпознатиот писател во Кенија. Неговата книга „Не плачи, дете“ го претставува животот во Кенија за време на британското владеење. Ова е приказна за влијанието на Мау Мау врз животите на Кенијците. Комбинацијата на темите колонијализам, образование и љубов помогна да се направи еден од најпознатите романи во Африка.

Романот „Меѓусветот на Викрам Лал“ на М.Г. Васанџи ја доби Гилеровата награда во 2003 година. Тоа е белетристички мемоар за едно кениско семејство со индиско потекло кое се прилагодува на променливата политичка клима во колонијална и поколонијална Кенија.

Во 2003 година започна да се објавува литературното списание „Квани?“ кое објавува кениска современа литература.

Музика[уреди | уреди извор]

Кенија има различни форми на популарна музика која произлегува од различните видови на народна музика заснована на над 40 различни регионални јазици.

Најдоминантен инструмент во популарната музика на Кенија е гитарата. Гитарските ритми се многу сложени и вклучуваат и домашни и странски ритми, особено конгоанскиот кавача ритам. Музиката обично вклучува взаемно дејствување на повеќе делови, а од неодамна и ефектни гитарски сола.

Стиховите на песните се најчесто на свахили или англиски јазик. Нов аспект е вметнувањето на елементи од јазикот лингала што е позајмено од конгоанските музичари. Се пишуваат текстови и на домородните јазици, но урбаните радија обично не пуштаат песни напишани на „племенските“ јазици. Овие песни се пуштаат на локалните радија кои емитуваат песни на јазиците на локалните народи.

Бенга музиката е позната уште од 1960-тите години, особено околу езерото Викторија. Зборот „бенга“ повремено се користи за секаков вид поп-музика. Вообичаени инструменти се гитарата, басот и ударните инструменти.

Занзибарската таараб музика исто така стана многу позната како и стиловите хип-хоп, реге, соул, сукус, зук, рок, рокенрол, фанк и европоп.

Спорт[уреди | уреди извор]

Кенија е активна во повеќе спортови меѓу кои се крикет, рели, фудбал, рагби и бокс. Но земјата е најпозната по атлетичарите на долги и средни патеки. Кенија постојано произведува шампиони на Олимписките игри и Игрите на Комонвелтот во трки на различни далечини, а особено на 800 метри, 1500 метри, 3000 метри со пречки, 5000 метри, 10000 метри и маратон. Кениските спортисти (особено Каленџин) продолжуваат да доминираат во областа на трчање на далечина, иако конкуренцијата од Мароко и Етиопија ја намали нивната надмоќ. Најпознати спортисти во Кенија се Кетрин Ндереба која е четирикратен шампион на Бостонскиот маратон за жени и двапати светски шампион, поранешниот светски маратонец и рекордер Пол Тергат и Џон Нгуги.

Кенија освои неколку медали на Олимписките игри во Пекинг, пет златни, пет сребрени и четири бронзени медали што ја прави најуспешната нација во Африка на Олимписките игри во 2008 година. Нови спортисти го привлекоа вниманието, како што е Памела Џелимо која освои златен медал на трки од 800 метри за жени и го освои џекпотот на Златната Лига ИААФ и Семјуел Ванџиру кој победи на маратонот за мажи. Пензионираниот шампион на Олимписките игри и Игрите на Комонвелтот ја започна низата на победи на трките на далечина во 1970-тите која продолжи со низата на светски рекорди на Хенри Роно на Игрите на Комонвелтот. Во последно време, постои контроверзност во атлетските кругови на Кенија бидејќи многу кениски атлетичари се одлучуваат да претставуваат други држави како што се Бахрејн и Катар. Министерството за спорт на Кенија се обиде да ги спречи овие преминувања на спортистите, но тие сепак продолжија, со одлуката на Бернард Лагар да ги претставува САД. Ваквите преминувања се случуваат поради економски или финансиски фактори. Некои од елите кениски трачи се одлучуваат да претставуваат други држави поради тоа што неможат да се квалификуваат во силниот кениска репрезентација.Во последната деценија, Кенија е доминантна сила и во одбојка за жени во Африка со победи во различни првенства и со клубовите и со репрезентацијата. Женскиот тим се натпреваруваше и на Олимписките игри и на Светското првенство, но без забележителен успех. Крикетот е уште еден познат и најуспешен тимски спорт. Кенија учествуваше на Светското првенство во крикет во 1996 година. Тие претставуваа закана за најдобрите светски тимови и стигнаа до полуфинале на првенството во 2003 година. Тие победија на Светската лига во крикет во првата лига во Најроби и учествуваа во Светските Т20. Нивниот сегашен капитен е Колинс Обуја. Тие учествуваа во Светското првенство во крикет во 2011 година. Лукас Онијанго ја претставува Кенија како професионален рагби играч во англискиот тим „Oldham Roughyeds“. Освен во професионалната рагби лига тој играше и за „Widnes Vikings“ и „Sale Sharks“. Популарноста на рагбито е сè повеќе се зголемува. Рагбито е особено популарно за време на турнирот „Safari Sevens“ (варијанта на рагбито со 7 играчи наместо 15). Тимот на Кенија се рангираше на 9 место на светскиот турнир во 2006 година. Кенија претставуваше регионална сила во фудбал, но поради расправиите во кениската Фудбалска Федерација нивната доминација се уништи. Ова доведе до суспензија од страна на ФИФА која се укина во 2007 година. Во Кенија се наоѓа патеката Рели Сафари за која се смета дека е една од најтешкте во светот и беше дел од Светското првенство во рели до 2002 година кога беше исклучена поради финансиски проблеми. Некои од најпознатите рели возачи учествуваа и победуваа на оваа патека, како што се Бјорн Валдегорд, Ханну Миккола, Томи Макинен, Шекхар Мехта, Карлос Саинз и Колин Мекреј. Иако патеката е сѐ уште работи за рели првенството во Африка, организаторите се надеваат дека таа повторно ќе биде вклучена на Светскиот рели првенство во наредните години.

Кенија освои неколку медали на Олимписките игри во Пекинг, пет златни, пет сребрени и четири бронзени медали што ја прави најуспешната нација во Африка на Олимписките игри во 2008 година. Нови спортисти го привлекоа вниманието, како што е Памела Џелимо која освои златен медал на трки од 800 метри за жени и го освои џекпотот на Златната Лига ИААФ и Семјуел Ванџиру кој победи на маратонот за мажи. Пензионираниот шампион на Олимписките игри и Игрите на Комонвелтот ја започна низата на победи на трките на далечина во 1970-тите која продолжи со низата на светски рекорди на Хенри Роно на Игрите на Комонвелтот. Во последно време, постои контроверзност во атлетските кругови на Кенија бидејќи многу кениски атлетичари се одлучуваат да претставуваат други држави како што се Бахрејн и Катар. Министерството за спорт на Кенија се обиде да ги спречи овие преминувања на спортистите, но тие сепак продолжија, со одлуката на Бернард Лагар да ги претставува САД. Ваквите преминувања се случуваат поради економски или финансиски фактори. Некои од елите кениски трачи се одлучуваат да претставуваат други држави поради тоа што неможат да се квалификуваат во силниот кениска репрезентација.Во последната деценија, Кенија е доминантна сила и во одбојка за жени во Африка со победи во различни првенства и со клубовите и со репрезентацијата. Женскиот тим се натпреваруваше и на Олимписките игри и на Светското првенство, но без забележителен успех. Крикетот е уште еден познат и најуспешен тимски спорт. Кенија учествуваше на Светското првенство во крикет во 1996 година. Тие претставуваа закана за најдобрите светски тимови и стигнаа до полуфинале на првенството во 2003 година. Тие победија на Светската лига во крикет во првата лига во Најроби и учествуваа во Светските Т20. Нивниот сегашен капитен е Колинс Обуја. Тие учествуваа во Светското првенство во крикет во 2011 година. Лукас Онијанго ја претставувал Кенија Во 1986 на светското првенство во Велика Британија,натпреварувач на Кенија го освои првото место на трката на 100 м.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Кенија“. ММФ. Посетено на 22 април 2009. (англиски)
  2. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.