Жирафа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жирафа
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Artiodactyla
Фамилија: Giraffidae
Род: Giraffa
Вид: G. camelopardalis
Биномен назив
Giraffa camelopardalis
Linnaeus, 1758
Range map

Жирафа е животно кое потекнува од Африка и е највисокото животно со најдолг врат.

Со просечна маса од 1190 кг., жирафата е најголемиот жив преживар.

Од сите цицачи, жирафата има најмалку потреба од сон - во просек помалку од 2 часа во деноноќие.

Должината на јазикот на просечна жирафа е околу 45 см. Со помош на јазикот, жирафата може потполно да го исчисти своето лице од инсекти како и да влече помали гранки од растенијата со кои се храни.

Срцето на просечна жирафа има проток од 60 литри во минута, тежи 12 кг., и создава притисок околу 3 пати повисок од крвниот притисок на човек, со цел крвта да може да достигне доволна циркулација во најоддалечените делови, посебно мозокот на жирафата. Крвните садови во вратот на жирафата имаат посебни залистоци кои спречуваат притисокот на крвта во главата да минува низ нагли промени кога животното нагло ја спушта или крева главата.

И машките и женските жирафи имаат рогови.



Наводи[уреди]

  1. Antelope Specialist Group (1996). Giraffa camelopardalis. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 г. МСЗП 2006. консултирано на 5 May 2006 (англиски)