Гвинеја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ова е статија за државата во Западна Африка. За останати значења на поимот видете ја страницата за појаснување.
Република Гвинеја
République de Guinée
Знаме Грб
Гесло"Travail, Justice, Solidarité"  (француски)
"Работа, Правда, Солидарност"
ХимнаLiberté  (француски)
"Слобода"

Главен град Конакри
9°31′ СГШ 13°42′ ЗГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик француски
Демоним Гвинеец
Уредување Воена хунта
 •  Претседател Муса Дадис Камара
 •  Премиер Кабине Комара
Независност
 •  од Франција¹ 2 октомври 1958 
Површина
 •  Вкупна 245.857 км2 (78-ма)
 •  Вода (%) незначително
Население
 •  проценка за јули 2005 г. 10,211,437[1] (85)
 •  Попис 1996 7,156,406 
 •  Густина 38 жит/км2 
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $10.308 милијарди[2] 
 •  По жител $1,002[2] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $4.542 милијарди[2] 
 •  По жител $442[2] 
Џиниев коеф. (1994) 40.3
среден
ИЧР (2013)  0.392[3]
низок · 179та
Валута Гвинејски франк (GNF)
Часовен појас GMT
Се вози на десно
НДД .gn
Повик. бр. 224

Гвинеја (француски: Guinée) или официјално Република Гвинеја (француски: République de Guinée) е држава во Западна Африка. Државата порано била позната како Француска Гвинеја (Guinée française), но денес е познато под своето официјално име но и под името Гвинеја-Конакри за да се разликува од соседната Гвинеја-Бисао.[4] Главен град на Гвинеја е Конакри, кој воедно е и најголем град и седиште на владата.

Вкупната површина на Гвинеја е 246.000 km2. Формата на државата е во вид на полумесечина која се протега од западниот дел кој излегува на Атлантскиот Океан кон источниот и јужниот дел кој се гранечи со соседните држави. На север државата граничи со Гвинеја-Бисао, Сенегал и Мали, на југ со Сиера Леоне, Либерија и Брегот на Слоновата Коска. На територијата на Гвинеја живеат дваесет и четири етнички групи, од кои најголеми се Фула, Мандинка и Сусу. Официјален јазик во државата е францускиот.

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Гвинеја.

За раната историја на земјата се знае многу малку. Она што е познато е дека кон 900 година, Гвинеја била вклулчена во составот на Ганската империја. Од 13 век до 16 век, Гвинеја била со составот на Царство Мали. Португалските трговци и истражувачи на нејзините брегови престигнале во периодот помеѓу 1460 и 1470 година. Нејзиното население главно било користено за трговија со робови, а земјата како подрачје за експлоатација на нејзините ресурси. Кон крајот на 18 век, Гвинеја била колонизирана од страна на Франција. Во 1904 година земјата била вклучена во составот на Француска Западна Африка. На реверендумот, којшто се одржал во 1958 година, Гвинеја прогласила независност. Таа била единствената француска колонија која гласала за независност и автономија со финансиска помош на Франција. Како формален ден за објавување на независноста бил избран 2 октомври 1958 година. Претседател на земјата станал Ахмед Секу Туре. Неговата политика не придонела за развојот на земјата, па така денеска земјата е една од најсиромашните во Африка. По неговата смрт во 1984 година власта била заземена од страна на воениот комитет за национална обнова, Лансан Конте, кој на истата позиција се задржал до 2008 година. Во последните неколку години, во Гвинеја дошле голем број на население од соседните земји Либерија и Сиера Леоне, главно поради граѓанските војни во тие земји.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Гвинеја.
Карта на Гвинеја.

Со своите 245.839 km2 Гвинеја е слична со големината на Велика Британија. Гвинеја има 322 километри брег на Атлантскиот Океан и граничи со државите: Брег на Слоновата Коска, Гвинеја-Бисао, Либерија, Мали, Сенегал и Сиера Леоне.

Државата е составена од четири географски региони:

  • низнски дел кој е населен со етничката група Сусу,
  • планински дел кој е населен со етничката група Пеул,
  • горна Гвинеја претежно населена со Мандинка и
  • шумски дел кој е населен со неколку етнички групи.

Планинскиот дел е извор на вода за реките Нигер, Гамбија и Сенегал и уште неколку поголеми реки. Највисок врв во државата е Мон Нимба 1.752 метри.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Гвинеја.

Политиките на Гвинеја се во рамките на претседателска република. Претседателот на Гвинеја е шеф на државата и шеф на владата на Гвинеја. Извршната власт е во рацете на собранието на Гвинеја, додека пак законодавната е во рацете на владата на Гвинеја и на собранието.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Региони на Гвинеја.

Гвинеја поделена на четири природни региони со различни човекови, географски и климатски карактеристики. Тие се:

Административно, земјата е поделена на 8 административни региони, кои пак се поделени на префектури. Главниот град е посебна административна единица. Регионите се:

Регион Админ. центар Население (2009)
Боке Боке 1.036.700
Канкан Канкан 1.467.000
Киндија Киндија 1.432.900
Конакри Конакри 2.782.630
Нзерекоре Нзерекоре 2.237.500
Лабе Лабе 797.800
Фаранах Фаранах 777.700
Маму Маму 797.800
  • Главниот град Конакри има статус на „специјална зона“.

Економија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Гвинеја.

Гвинеја има голем број на природни ресурси, и 25% од светските резерви на боксит се во Гвинеја. Покрај бокситот, во Гвинеја има и дијаманти, злато и други вредни минерали. Гвинеја има голем хидроенергетски потенцијал. Бокитот и алуминиумот се главните суровини за извоз. Други производи се сокови, пијалоци и тутун. Земјоделството вработува 80% од вкупното работоспособно население. За време на француската окупација, Гвинеја била главен извозникна банани, кикирики, кафе и палмово масло.

Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Гвинеја.

Гвинеја има население од 10.211.437 жители. Главен град и главен финансиски, општествен и образовен центар е Конакри.

Гвинејски деца.

Јазици[уреди | уреди извор]

Официјалниот јазик во Гвинеја е францускиот јазик. Други поголеми јазици кои се зборуваат на територијата на Гвинеја се манинка јазик, сусу јазик, фула јазик, киси јазик, кпеле јазик и лома јазик.


Етнички групи[уреди | уреди извор]

Населението на Гвинеја е составено од 24 етнички групи. Од вкупното население 40% се припадници на етничката група Фула, 30% се припадници на етничката група Мандинка, 20% се припадници на етничката група Сусу, додека остатокот се припадници на помали етнички групи како на пример Кпеле, Киси и други. [5]

Религија[уреди | уреди извор]

Џамија во Конакри.

Во Гвинеја најголема религија е Исламот. Околу 85% од населението се муслимани, 10% се христијани и 5% се припадници на локални религии.

Култура[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Гвинеја.

Како и останатите западноафрикански држави и Гвинеја има богат фолклор и музичка традиција. Покрај тој вид на музика, позната е и џез групата Бембеја Џез кои станале популарни во 1960-те.

Главен спорт во Гвинеја е фудбалот, иако истиот нема забележано некој позначаен успех на светско ниво, но има учествувано на осум финални натпревари на Купот на Африка. Исто така пливањето е популарно во главниот град. Покрај овие големи спортови, национален спорт во Гвинеја е пинг понг.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Влада
Општо
Вести
  • (француски) Guinéenews - вести за Гвинеја.
  • (француски) Aminata.com - вести за Гвинеја.
Друго