Малави

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Малави
Chalo cha Malawi, Dziko la Malaŵi
Знаме Грб
ГеслоЕдинство и слобода
ХимнаMulungu dalitsa Malaŵi  (њанџа)
„Боже благослови ја земјата наша Малави“
[1]
Главен град
(и најголем)
Лилонгве
13°57′ ЈГШ 33°42′ ИГД / 
Службен јазик англиски
њанџа[2]
Народности (2008) Чева 32,6%
Ломве 17,6%
Јао 13,5%
Нгони 11,5%
Тумбука 8,8%
Њанџа 5.8%
Сена 3,6%
Тонга 2,1%
Нгонде 1%
останати 3,5%
Демоним Малавијци
Уредување Повеќепартиска демократија
 -  Претседател Џојс Банда
 -  Заменик-претседател непополнето
Независност
 -  од Велика Британија 6 јули 1964 
Површина
 -  Вкупна 118.484 км2 (99-та)
 -  Вода (%) 20.6%
Население
 -  проценка за 2010 14.901.000 [3] (64)
 -  Попис 1998 9.933.868 
 -  Густина 128.8 жит/км2 (86-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2010
 -  Вкупен $12,980 милијарди[4] 
 -  По жител $827[4] 
БДП (номинален) проценка за 2010
 -  Вкупно $5,053 милијарди[4] 
 -  По жител $322[4] 
Џини (2008) 38 
ИЧР (2008) 0,493[5] (низок) (160-та)
Валута квача (D) (MWK)
Часовен појас CAT (UTC+2)
 -  (ЛСВ) не се применува (UTC+2)
Се вози на left
НДД .mw[2]
Повик. бр. +265[2]

Малави, официјално Република Малави (МФА: malaβi, поранешен Њасаленд) е демократска, густо населена република во Јужна Африка. Се протега на 500 километри во правец север-југ и се граничи со Замбија на северозапад, Танзанија на север, и со Мозамбик на исток, југ и запад. Потеклото на името Малави сѐ уште е нејасно; се верува дека потекнува или од јужните племиња, или се однесува на "сјаењето на сонцето над езерото" (како на знамето).

Земјата нема излез на море, меѓутоа излегува на езерото Малави, или Њаса, трето по површина езеро во Африка, кое опфаќа околу петтина од површината на земјата и кое има 8 притоки и стотици водни текови. Ова езеро е дел од Долината на Големиот Гребен и се протега речиси на целата источна граница на државата.

Малави има површина од 118,484 км2. Се претпоставува дека има над 12 милиони жители. Главен град е Лилонгве, а други поголеми градови се Блантаир, Зомба итн. Најбројно население е Малави, но има и други племиња, како Макуа, Ломбе и др. Религијата е претставена со анимизам, тотемизам, христијанство и ислам. Службен јазик е англиски.

До 1964 година Малави бил британска колонија под името Њасаленд. Во првите триесет години со земјата владеел прозападниот и авторитарен Хејстингс Банда, а во 1994 се одржани првите повеќепартиски избори за претседател и парламент, на кој Банда бил симнат од власт.

Малави е сиромашна, воглавно земјоделска земја. Главен извозен производ е тутунот. БДП за 2004 е проценет на 600 американски долари по жител, мерено по индексот на куповна моќ.

Етимологија[уреди]

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Малави.

На територијата на денешен Малави, народот Банту започнал да се населува кон 10 век, за да кон 15 век на овие простори формире голема држава која ги опфаќала териториите на денешните земји: Замбија, Танзанија и Зимбабве. Таа држава се распаднала во 16 век, кога Португалците го откриле езерото Малави. Освен Португалците, во овој регион биле присутни и Арапите, а во 1835 година, јужните делови од денешната земја биле заземени од страна на народот Зулу. Англискиот истражувач Дејвид Ливингстон бил оној копј ги направил најголемите чекори за колонизацијата на земјата, по кое шкотската црква испратила свои мисии околу езерото. Група од шкотски трговци по потекло од Глазгов, во 1878 година основала “Компанија на африканското езеро“, за да се осигури снабдувањето на мисионерите. [6]

Во 1891 година Велика Британија го основала Протекторатот на Британска Централна Африка, кој во 1907 година се преименувал во Њасаланд. Следувало период во кој народот во Малави на повеќе пати не успеал да ги истера британците од својата територија, проследено преку конфликти. Афричката елита, која се школувала главно во Европа и Америка, во 1944 година основала Њасаланд африкански конгрес. Британија во 1953 година го споила Њасаланд со Северна и Јужна Родезија, создавајќи ја Јужноафриканската федерација. Во 1958 година лидер на Њасаланд Афрички Конгрес станал Хастингс Камузу Банда. Во 1959 година тој бил затворен поради своите политички активности, но веќе следната година бил пуштен од затвор, учествувајќи на конференцијата во Лондон. На 15 април 1961 година партијата ги освоила изборите во законодавниот совет, добивајќи на тој начин контрола врз извршниот совет на Њасаланд. На втората уставна конференција во Лондон, која се одржала во 1962 година, британската влада на Њасаланд дала право на самоуправување. Хастингс Камузу Банда станал премиер на 1 февруари 1963 година, додека пак британците сѐ уште ги контролирале финансиите, безбедноста и правниот систем во земјата. Федерацијата помеѓу Родезија и Њасаланд престанала да постои на 31 декември 1963 година, па така на 6 јули 1964 година била прогласена независноста на земјата, под името Малави.

По две години Малави освоил нов устав со кој бил воведен еднопартиски систем. Хастингс Камузу Банда станал првиот претседател во 1970 година. Во следната 1971 година тој бил прогласен за доживотен претседател на земјата. Но под притисок на меѓународната заедница, на 14 јуни 1993 година во земјата се одржал референдум според кој бил воведен повеќепартиски систем. На првите слободни избори на 17 мај 1994 година победил Бекили Мулузи, лидер на Обединетиот Демократски фронт, кој формирал влада заедно со Сојузот на Демократи. Коалицијата била распуштена во 1996 година, но нејзините членови останале во владата. На изборите во 2004 гофина победил кандидатот на ОДФ.

Географија и клима[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Малави.

Политички систем[уреди]

Административна поделба[уреди]

Карта на окрузите во Малави

Малави се дели на 28 окрузи во склоп на 3 региони. Тие се следниве:

Економија[уреди]

Население, јазик и религија[уреди]

Култура[уреди]

Музика[уреди]

Спорт[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Зборови на химната на Малави“. „Зборови на државни химни“. Lyrics on Demand. http://www.lyricsondemand.com/miscellaneouslyrics/nationalanthemslyrics/malawinationalanthemlyrics.html. конс. 14 август 2008.  (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 „Преофил на Малави“. „БиБиСи Вести“. БиБиСи. 13 март 2008. http://news.bbc.co.uk/1/hi/world/africa/country_profiles/1068913.stm. конс. 17 август2008.  (англиски)
  3. http://esa.un.org/UNPP Проценка на ООН за 2010 г.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Малави“. ММФ. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2011/01/weodata/weorept.aspx?sy=2008&ey=2011&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=676&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=52&pr.y=3. конс. 30 април 2011.  (англиски)
  5. „Статистичка пресметка за 2008: Малави“. УНДП. http://hdrstats.undp.org/2008/countries/country_fact_sheets/cty_fs_MWI.html. конс. 19 април 2009. 
  6. http://www.tanzaniaodyssey.com/www.africanet.com/africanet/country/malawi/history.htm
  7. Округот Нено не е прикажан на картата. Создаден е со отцепување од округот Мванза.