Прејди на содржината

Чад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Република Чад
République du Tchad  (француски)
جمهورية تشاد (арапски)
Знаме Грб
ГеслоUnité, Travail, Progrès  (француски)
„Единство, Работа, Прогрес“
ХимнаLa Tchadienne

Локација на Чад
Локација на Чад
Локација на Чад
Главен град
(и најголем)
Нџамена
12°06′N 15°02′E / 12.100° СГШ; 15.033° ИГД / 12.100; 15.033
Службен јазик француски, арапски
Демоним Чаѓанец
Уредување унитарна република под воена диктатура
 •  в.д. претседател Махамат Деби
 •  Премиер Салех Кебзабо
 •  Потпретседател Џимадум Тираина
Законодавство Преоден воен совет
Независност од Франција 
 •  Колонија 5 септември 1900 
 •  Автономија 28 ноември 1958 
 •  Суверенитет 11 август 1960 
Површина
 •  Вкупна 1.284.000 км2 (20.)
 •  Вода (%) 1.9
Население
 •  проценка за 2023 г. 18.523.165[1] (66.)
 •  Попис 2009 г. 11.039.873 
 •  Густина 14.4 жит/км2 
БДП (ПКМ) проценка за 2023 г.
 •  Вкупен $12.596 мил.[2] (147.)
 •  По жител $702[2] (179.)
БДП (номинален) проценка за 2023 г.
 •  Вкупно $12.596 мил.[2] (145.)
 •  По жител $702[2] (183.)
Џиниев коеф. (2018)37.5
среден
ИЧР (2021) 0.394[3]
низок · 190.
Валута CFA франк (XAF)
Часовен појас WAT (UTC+1)
Се вози на десно
НДД .td
Повик. бр. +235

Чад (француски: Tchad, арапски: تشاد Tshād) или службено Република Чад — држава во Северна Африка без излез на море. Државата граничи со Либија на север, Судан на исток, Централноафриканската Република на југ, Камерун и Нигерија на југозапад и Нигер на запад. Поради немањето на излез на море и со воглавно пустинска територија, Чад често се нарекува „мртвото срце на Африка“.

Чад е поделен на три големи географски региони: пустинска зона на север, Сехал во центарот и суданската савана на југ. Езерото Чад, според кое доаѓа и името на државата, е најголема водена површина во земјата и второ најголемо езеро во Африка. Највисок врв во Чад е Еми Куси во Сахара, додека најголем град е главниот град Нџамена. Во Чад живеат над 200 етнички заедници и јазични групи. Службени јазици се францускиот и арапскиот јазик.

На почетокот на 7 милениум п.н.е. големи групи луѓе се преселиле кон чадскиот басен. Во 1 милениум п.н.е. се појавиле и првите држави или организирани општествени групи. Во 1920 година Франција ја окупирала територијата и ја приклучила кон колонијата Француска Екваторска Африка.

Во 1960 година Чад се стекнал со независност под водство на Франсоа Томбалбаје. Набрзо избувнала граѓанската војна во Чад во 1965 година која траела долго.

Иако Чад има многу политички партии, моќта во земјата е во рацете на претседателот Идрис Деби и неговата Патриотско движење за спас.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Името на државата потекнува од името на најголемото езеро во државата и второт најголемо езеро во Африка - езеро Чад.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првите записи од човечкото живеење на територијата на денешен Чад датираат пред околу 10.000 години, кога овие делови од Сахара биле доста плодни за нормален живот на човекот. Главно поради тој факт, земјата денеска е исклучително богата преку своите археолошки објекти. Некои откриени наоѓалишта датираат од пред 4.000 години. Освен археологијата, познато е и дека во овој регион во антиката била развиена и трговијата.

Едни од првите народи кои успеале да создадат држава на овие простори биле племето Сао, за чија историја и култура во денешнината се знае многу малку. Ова племе најверојатно подоцна биле асимилирани од страна на Канемската империја, една од земјите кои најдолго се задржиле на овие простори. По прифаќањето на исламот од страна на империјата, самата религија била проширена и на овие делови од денешен Чад.

Во 1900 година, Франција го создала Чад под нејзина контрола како протекторат. Како полноправна колонија земјата се нашла во 1920 година, како дел од Француска Екваторска Африка. Во текот на оваа владеење, земјата била во голема економска криза, населението главно се користело за трговија со робови, модернизацијата на инфраструктурата била на залудно ниво. Единствено кое Франција имала корист како суровина од земјата бил памукот.

Сепак, својата независност Чад ја добил на 11 август 1960 година. Првиот претседател на земјата станал Франсоа Томбалбае, избран од доста прогресивна партија. Тој по две години ги забранил сите опозициски партии и станал најголемиот авторитет во земјата. Во 1965 година во земјата избувнала граѓанска војна. По десет години, претседателот Томбалбае бил симнат од власт и убиен, но конфликтите во земјата продолжиле. Во 1979 година, бунтовниците ја зазеле престолнината Нџамена. Во тоа време, Либија испратила воени сили кон земјата, но претрпила пораз и кон 1987 година се повлекла. Новиот претседател Хисен Хабре, помогнат од Франција, вовел режим во кој голем број луѓе биле убиени или затворени. Во негово време загинале околу 40.000 души, а самиот диктатор го добил прекарот Африкански Пиноче. Во 1990 година тој бил симнат од власт со воен преврат од страна на Идрис Деби, кој е на таа функција до денес. Денеска, во земјата постои повеќепартиски систем.

Географија и клима

[уреди | уреди извор]
Реката Чари.

Со 1.284.000 км2, Чад е 21 најголема земја во светот.[4][5] Чад се наоѓа во Северна или Централна Африка и се граничи со Либија на север, Судан на исток, Нигер, Нигерија и Камерун на запад и со Централноафриканската Република на југ. Поради својата екстремно непогодна територија и пустински предели, Чад се нарекува и „мртвото срце на Африка“.[6]

Границите на Чад не соодветуваат со природни граници. На југ на земјата се наоѓа езерото Чад според кое и државата го добила името. Еми Куси е највисока точка во Чад со 3.414 метри.

Главни реки во Чад се Шари и Логоне со притоките.

Политички систем

[уреди | уреди извор]

Уставот на Чад овозможува голема власт на претседателот кој и доминира во политичкиот живот. Тој има овластување да назначи премиер, кабинет на министри и да назначи и распушти големи политички и општествени функции во државата. Претседателот се избира за мандат од пет години преку претседателски избори, но во 2005 овие временски ограничувања биле тргнати.[7] Така претседателот може да биде на власт и повеќе од двапати. Корупцијата е најголем проблем во Чад, додека судскиот систем се заснова на француските закони.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Карта на Чад.

Чад е поделен на 22 региони.[8][9] Оваа поделба се вовела во 2003 година кога се укинале 14 префектури. Регионите се поделени на 61 департман, департманите се поделени на 200 суп-префектури, а суп-префектурите се поделени на 446 кантони.[10][11]

Регионите на Чад се:

[9]

  1. Барх ел Газел
  2. Бата
  3. Борку
  4. Шари-Багуирми
  5. Енеди
  6. Гуера
  7. Аџер-Лами
  8. Канем
  9. Лак
  10. Логоне Оксидентал
  11. Логоне Ориентал
  1. Мандул
  2. Источен Мајо-Кеби
  3. Западен Мајо-Кеби
  4. Мојен-Шари
  5. Уадаи
  6. Саламат
  7. Сила
  8. Танџиле
  9. Тибести
  10. Вади Фира
  11. Нџамена

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Жени носат вода. Водата е проблем во Чад.

Според Индексот на човеков развој на ООН, Чад е рангирана како петта најсиромашна држава во светот, каде 80% од населението живее во сиромаштија. БНП по глава на жител на Чад во 2005 година изнесувал 1.500 американски долари. Официјална валута на Чад е Централноафрикански франк. Поради граѓанската војна, странските инвестиции не се присутни во Чад. Скоро започнале директни странски инвестиции во нафтениот сектор.

Преку 80% од населението на Чад преживува работејќи во сточарството и полјоделството. Во јужниот дел од земјата, 10 % од почвата е плодна. Пред појавувањето на нафтениот бизнис, главна суровина за извоз бил памукот.[12] Дури и денес памукот е најизвозена суровина, иако нема точни податови за истиот.

Население, јазик и религија

[уреди | уреди извор]
Уадајско девојче.
Религија на Чад[1]
религија процент
Муслимани
  
54 %
Католици
  
20 %
Протестанти
  
14 %
Анимизам
  
10 %
Атеисти
  
3 %

Населението во 2005 година броело околу 10.146.000 од кои 25.8% живеат во урбаните средини, додека 74.8% живеат во руралните.[13] Населението на државата е младо, каде 47.3% се под 15 години. Наталитетот е со 42.35 раѓања на 1.000 луѓе, додека морталитетот е 16.69 и просечниот животек век е 47.2 години.

Околу половина од населението живее на југот од земјата, кој е најнаселен регион во земјата.[14] Урабниот живот може да се пронајде само во главниот град Нџамена, каде населението се занимава со трговија. Други градови се Сарх, Мунду, Абече и Доба.

Полигамијата е нормална појава во земјата каде 39% од жените се во таква ситуација. Полигамијата не е дозволена со закон. Истата ситуација е со насилството на жената, кое, иако е забрането, е честа појава.

Чад е составена од над 200 етнички групи кои ја создаваат шареноликоста на земјата. Главна етничка група се Сара народот, но живеат и Сахел, Арапи или Тубу. Службени јазици се арапски јазик и француски јазик, но се зборуваат и над 100 јазици.

Чад е со голема религиозна различност. Според пописот од 1993 година, 54% биле муслимани, 20% католици, 14% протестанти, 10% анимисти и 3% атеисти. Муслиманите се сконцентрирани во северниот и источниот дел, додека христијаните во јужниот.

Продавач на традиционална облека.
Празници
Датум Празник
1 јануари Нова Година
1 мај Ден на трудот
25 мај Ден на африканското ослободување
11 август Ден на независност на Чад
1 ноември Духовден
28 ноември Ден на републиката
1 декември Ден на слободата и демократијата
25 декември Божиќ

Поради големата разновидност на луѓе и култури, Чад има богато културно наследство. Владата на Чад се ангажирала за промовирање на чаѓанската култура со отворање на Националниот музеј на Чад и Културниот центар на Чад. Државата има неколку државни празници, дел се републички дел се религиски. Музичката традиција на Чад е богата и често застапени музички инструменти се кинде, какаки и ху ху. Исто така секоја етничка заедница има свои етнички музички инструменти по кои се препознатливи[15]

  1. 1,0 1,1 Central Intelligence Agency (2009). „Chad“. The World Factbook. Архивирано од изворникот на 2020-04-24. Посетено на 28 јануари 2010.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Chad“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-10-01.
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  4. "Chad", The World Factbook.
  5. "Rank Order – Area"
  6. D. Botha, "S.H. Frankel"
  7. „Chad votes to end two-term limit“. BBC News. 2005-06-22. Посетено на 2007-09-20.
  8. Ordonnance n° 002/PR/08 portant restructuration de certaines collectivités territoriales décentralisées]
  9. 9,0 9,1 ["Tableau des codes des circonscritions – Ministère de l'Intérieur"], April 2008.(француски)
  10. "Chad", Country Reports on Human Rights Practices, (2004)
  11. T. Ndang, "A qui Profitent les Dépenses Sociales au Tchad?"
  12. S. Decalo, 11
  13. World Population Prospects.
  14. "Chad Livelihood Profiles". U.S. Agency for International Development.
  15. "Chad: A Cultural Profile"

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Влада