Еми Куси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Еми Куси
Emi Koussi inner crater.jpg
Највисока точка
Надм. вис. 3445 м [1]
Истакнатост 2934 м [1]
103-то место
Координати 19°47′37″ СГШ 18°33′07″ ИГД / 
Географија
Место Чад
Матичен венец Тибести
Геологија
Старост на карпата Холоцен
Вид планина Пирокластичен штит
Последен избув непознато
Искачување
Прво освојување 1938
Најлесен пат Hike

Еми Куси — висок пирокластичен штитест вулкан кој се наоѓа на југоисточниот крај на планините Тибести во централната Сахара во северниот дел на Боркоу, во северниот дел на Чад. Еми Куси е највисокиот врв во Чад и во Сахара. Вулканот е еден од неколкуте на планините Тибести и достигнува 3,445 метри надморска височина, зголемувајќи се 2,3 км над околните песочни рамнини. Вулканот е широк 60 на 80 километри[2].

Вулканот има две купи, од кои надворешната е околу 12 на 15 километри во големина, додека на југоисточната страна се наоѓа помала купа, околу 2-3 километри широка и 350 метри длабока. Бројни лавински куполи, виолетови конуси и лава се наоѓаат и во купата и по надворешните страни на штитестиот вулкан Внатрешната купата содржи големи количества на натрит, и дел од неа се користи за домашна животинска сол од страна на локалното население.

Еми Куси е проучуван како аналошки на вулканот Елизиум кој се наоѓа на планетата Марс. Една од најважните морфолошки разлики помеѓу вулканите на Марс и Земјата е раширената бразда на површината поради течената вода на копнените вулкани[3].

Во септември 1938 година вулканот бил освоен од Вилфред Тесигер и Идрис Дауд, како што беше запишано во автобиографијата насловена како „Животот на мојот избор“[4] .

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Africa Ultra-Prominences“. Peaklist.org. http://peaklist.org/WWlists/ultras/africa.html. посет. 10 февруари 2013 г. 
  2. „Emi Koussi“. Смитсонова установа. https://volcano.si.edu/volcano.cfm?vn=225021. посет. 3 ноември 2013 г.  (англиски)
  3. „Emi Koussi Volcano, Chad, North Africa“. NASA Earth Observatory. 8 декември 2002. http://earthobservatory.nasa.gov/IOTD/view.php?id=3023. посет. 3 ноември 2013 г. 
  4. Thesiger, Wilfred (1988). A Life of My Choice. Glasgow: Fontana Paperbacks. стр. 285. ISBN 0-00-637267-8. 

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]