Знаме на Чад
| Употреба | државно знаме |
|---|---|
| Сразмер | 2:3 |
| Усвоено | 11 јуни 1959 |
| Опис | Вертикални три ленти во сина, жолта и црвена боја. |
Знамето на Чад (француски: Drapeau du Tchad, арапски: علم تشاد) — официјалното и национално знаме на оваа африканска држава. Знамето е составено до три еднакви вертикални ленти во сина, жолта и црвена боја. Знамето на Чад е исто со знамето на Романија, а слично е со знамето на Андора и знамето на Молдавија.[1]
Сината боја ги симболизира надежта, небото и водата. Жолтата боја го симболизира сонцето и пустината во северниот дел од земјата. Црвената боја симболизира прогрес, обединетост и жртвување, но и се поврзува со крвта пролеана за независноста на државата.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Знаме на Чад“. Посетено на 2010-10-23.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Чад — „Знамиња на светот“
| ||||||||||||||||||